Пелагониското село Горна Чарлија е оддалечено на неколку километри од РЕК „Битола“ а до него и во 21 век не стигнала електрична енергија. Пограничното село Добровени, пак, се простира во близина на новиот јагленокоп Брод Гнеотино од каде се обезбедива руда за РЕК, но струјното напојување е толку слабо што освен една сијалица друг куќен апарат не може да се приклучи. Двете села ги избравме за пример од Битолскиот регион зашто имаат повратници од градот и покрај тешките услови за живот. Тоа се стечајци кои во транзицијата ги загубиле работните места, па сега се вратија на старите огништа и на парчето обработлива земја што им ја оставиле предците, да заработат за леб. Една од заложбите на владата беше заживување на селата. Според жителите од Горна Чарлија на терен слабо се работи зашто немаат ни вода, ни струја, ни пат.
,,Проблеми имаме со патиштата. Не можеме да излеземе ни лето, ни есен ни зима. Треба и на лето со чизми да излегуваме.“
,,Ме истераа од работа и морав да се вратам тука да работам. Тука седиме цело лето и цела зима, тутунот ќе го пегламе тука. Да седиме Битола што ќе правиме кога нема работа. Сред Пелагонија ова е срамота, струја да нема. Сега малку и градоначалникот ќе го нападнам. Тој вели не сте жители, не гласате за партијата. За партијата гласаме ако не овде тогаш во Битола за нив гласаме. Кога ќе падне дожд со кола не се иди тука, нема пат. Колата ја оставам во другото Чарлија и со трактор идам. Ако падне снег ни со трактор не се врви.“
,,Топлиш на шпорет во тенџер и ќе се периш. Во корито со потурвање ќе си се искапиш.“
,,Градоначалникот три мандати има добиено со патот, патот може секој да го види. Роба треба да ми дојде за продавницата, ми велат направете си го патот ние имаме комбиња по 40 илјади евра не можеме да влезиме во селото.“
велат чарлиевци. Градоначалникот на општина Могила, Славко Велевски, одговара „во населеното место Горна Чарлија немаме евидентирано постојани жители. Тоа се повратници, повремени жители што можеби е еден од одлучувачките фактори дали тоа село ќе се електрифизира или не. Во општината имаме 80 километри улици низ населените места. За краток период тешко е дека сите ќе се асфалтираат. Добровени е на чекор до грчка граница, што би се реколо до Европа, но како да останало во средниот век.
,,Најголем проблем е водата. Имаме 34 лица кои стално го посетуваат, се занимаваат со пчеларство, преку 30 години дење-ноќе се таму. Макотрпно работат. Испотени се враќаат дома, еден туш да направат, утре пак. Какви трошоци прават. Струја немаме, само една сијалица користиме, едно решо ако уклучиме, таа се исклучува. Се повратија 20 сточари, си зедоа машина за молзење, но не работи. Мораат на раце да молзат.“
вели претседателот на месната заедница Љубе Најденовски. Додека во Македонија поради лошите услови за живот голем број села изумираат, во Словенија со која до пред 18 години живеевме во иста заедница, 60 проценти од населението живее во селските населби.
Проблеми имаме со патиштата. Не можеме да излеземе ни лето, ни есен ни зима
,,Проблеми имаме со патиштата. Не можеме да излеземе ни лето, ни есен ни зима. Треба и на лето со чизми да излегуваме.“
,,Ме истераа од работа и морав да се вратам тука да работам. Тука седиме цело лето и цела зима, тутунот ќе го пегламе тука. Да седиме Битола што ќе правиме кога нема работа. Сред Пелагонија ова е срамота, струја да нема. Сега малку и градоначалникот ќе го нападнам. Тој вели не сте жители, не гласате за партијата. За партијата гласаме ако не овде тогаш во Битола за нив гласаме. Кога ќе падне дожд со кола не се иди тука, нема пат. Колата ја оставам во другото Чарлија и со трактор идам. Ако падне снег ни со трактор не се врви.“
,,Топлиш на шпорет во тенџер и ќе се периш. Во корито со потурвање ќе си се искапиш.“
Ме истераа од работа и морав да се вратам тука да работам. Тука седиме цело лето и цела зима, тутунот ќе го пегламе тука. Да седиме Битола што ќе правиме кога нема работа. Сред Пелагонија ова е срамота, струја да нема