За една година повеќе од двојно е зголемена референтната каматна стапка. Инфлацијата по ланските рекорди од речиси 20 отсто, во септември изнесува 6,6 проценти. Може ли да се очекува стабилизирање на каматите?
Каматните стапки се генерално поврзани со движењето на повеќе параметри, пред се во нашата економија. Ако земете в предвид каматните стапки не се единствениот инструмент кој го презема монетарната политика со цел да ја заузда инфлацијата. Генерално имате мала и отворена економија, имаме фиксен девизен курс и нашите каматни стапки зависат од неколку фактори. Првиот фактор е инфлацијата, во таа насока треба да споменеме дека инфлацијата успорува, се стабилизира, но ризиците постојат.
Гледате нови геополитички судири се случуваат, во Израел имаме нов конфликт кој е поврзан со дестабилизација на Блискиот исток, кој е поврзан со енергенсите, пред се со нафтата. Конфликтот во Украина се уште трае. Има определени најави дека има определени инфлациони притисоци има во дел од нашите трговски партнери, оние со кои имаме комуникација, и тоа е некој тип на ризик. Имаме во нашата економија инфлациони очекувања поврзани со однесувањето на нашите бизнис субјекти.
Гледаме дека базичната инфлација се уште не е намалена односно ценовниот шок е пренесен од храната и енергијата на останатите производи. Така да, се уште постојат ризици и треба да се биде исклучително внимателен.
Централната банка со каматните стапки треба да биде исклучително внимателна. Треба да ги следи и финансискиот сектор и економските случувања со цел да не го оптовари, односно да не го инхибира, да не го успори економскиот раст, и треба да се грижи за финансиската стабилност на банките. Тој дел е исклучително стабилен, кредитирањето се успорува постепено, депозитите постепено растат.
Така што во ситуацијата во моментов е стабилна, а реакцијата која ќе ја преземе Централната банка ќе зависи од тековните случувања. Кога ризиците ќе се намалат, кога ќе се стабилизира се она што го спомнав, тогаш може да зборуваме за директно и отворено за намалување на рестриктивноста на монетарната политика.
Сè дотогаш Централната банка треба да остане силна на својата заложба, да ја одржи ценовната стабилност, затоа што инфлацијата ги оданочува сите економски субјекти, креира финансиска и економска нестабилност, ги дестабилизира пазарите, не можете да носите инвестициони одлуки, и сите нас не оданочува негативно. Така што во тој контекст мора да бидеме особено внимателни.
Во тој контекст, инфлацијата се намалува, ама трошоците на живот растат. За две години храната поскапела за 40 отсто. Владата изминатиов месец воведе две мерки од ед страна воведе „гарантирани цени“, од друга го покачи ДДВ-то за дел од прехранбени продукти. Дали ова е начинот со кој може да се стави крај на „ценовното лудило“?
Најпрвин наједноставно е да се посветите на штедење и она продуктивно трошење, и да ја зголемите ефикасноста на своите расходи. На тој начин може да предизвикате во овој случај да се намали притисокот врз цените и да се намали притисокот врз буџетот. Втора работа е треба да се преземат конечно структурните реформи за кои долго време дискутираме. Силен домашен бизнис сектор, добра бизнис околина да се создаде, да се правата промени, подобра имплементација на легислативата, и така натаму.
Пред се, особено е важно во оваа ситуација што доминантно ќе влијае за намалување на цените е вложувањето и инвестициите односно капиталните инвестиции. Капиталните инвестиции и вложувањето во определени сектори преку зголемувањето на продуктивноста исто така може да влијае на намалување на инфлацијата. И да не заборавиме, последното со кое допираме до зголемување на даноците, затоа што зголемувањето на даноците треба да биде особено одмерено затоа што нееднаквоста генерално потекнува од нееднаквост во имоти и богатство, а не само во потрошувачката. И тука е еден голем резервоар кој го поседува нашата економија а тоа е неформалната економија.
Видете замрзнувањето на цените понекогаш како што видовме има одложен ефект и цените во иднина ќе пораснат дополнително, тоа ни го покажа претходното искуство кога ги замрзнуваме цените. Сега немаме увозни притисоци и видовме дека голем дел од инфлационите очекувања се домашни, односно се префрлија покрај храната и енергијата и на други цени почнаа да растат. И во тој случај вие имате инфлациони очекувања кои можат да се зауздаат. Во таков случај краткорочно, ако се направи како што треба дури и начинот на замрзнување и ограничување на цените може да влијае врз оние базични основни производи на определен краток период. На долг рок и тоа би било контрапродуктивно.
За да можете вие и да замрзнувате и да зголемувате ДДВ во исто време треба исклучително добро да го познавате пазарот. Зборувам од причина што мора да знаете и кои фирми како ќе бидат погодени, затоа што големите трговски ланци се различни од малите. Нашите мали трговски компании и најголем дел од малите компании работат со негативна профитна маржа веќе подолг период. Што ќе се случи со нив?
За лебот на пример имате голема и мала пекара, една работи на електрична енергија другата користи дрва како енергенс. Многу е тешко тоа да се извага. И од тие причини се гледа најчесто да се стават рамките и да оставите пазарот да делува и конкуренцијата сама по себе. Уште еден проблем имаме тука, зборуваме за основни производи. Кога имаме основни производи побарувачката не може да се намали.
Има еден ефект во економијата по Втората светска војна, колку што се зголемувале цените на лебот и на основните производи, толку растела побарувачката за нив, затоа што народот се плашел дека тие уште повеќе ќе пораснат и дека ќе останат без основни производи. Од тие причини мора да се заштити ранливиот слој на населението, тие цени да се ограничат, но тоа да се направи на одржлив начин.
Владата се реши за релокација на пари, наместо за ребаланс, а парите планирани за капитални инвестиции отидоа за повисоки плати, пензии, социјални трансфери. Како во ваква ситуација да се очекува една земја да има економски развој?
Ова е прашање и болка која ја имаме подолг период, доколку беше само сега и само во услови на криза ние пренасочиме некој дел од нашите капитални инвестиции за плати и пензии, поддршка на ранливите категории, тоа би било на некој начин прифатливо, оправдано, се случува и дури во најразвиените земји. Но, ова е наша практика која трае со години, односно со децении.
Капиталните инвестиции во услови кога ќе дојдат да се прераспределат, да се променат. Тоа се гледа од причина што гледаме дека 80 до 85 проценти од нашиот буџет веќе се фиксни средства, односно дискрецијата и делот кој може да го вложиме за капитални расходи или кој може да го модифицираме согласно потребите е прилично ограничен. Се друго се плати, пензии, стоки и услуги. Тоа е фиксен дел со кој се намалува нашиот маневарски простор за да ги поттикнеме капиталните инвестиции и моторите на развој.
Тоа е едната работа, но ако погледнете во изминативе десетина години колку се зголемиле номинално трансферите социјални и а колку се зголемиле капиталните инвестиции вие ќе видите дека за 75 проценти се зголемени социјалните трансфери а само за 15 проценти капиталните инвестиции што покажува каде е во суштина оној развој, дали дискутираме сега за развојна компонента во буџетот.
Има определени причини зошто е тоа така но капиталните инвестиции се основата на тоа. Како да ги зголемите? Тие се многу специфична категорија на расходи, од причина што тестираат сите капацитети на државата.
Како да приоретизирате проект, како да направите јавна набавка, како да го имплементирате, како да направите контрола. Јас често го користам терминот „крвна слика на економијата“. Ако тука тече беспрекорно, значи вашите системи течат беспрекорно, од судските до економските, до социјалните системи. Меѓутоа ние тука имаме определена задршка, имаме проблеми во секој од тие чекори и ни треба определено подобрување.
Во таа насока некои држави користат и фиксни буџети кои се баш за капитални инвестиции и кои не можат да се променат, освен во исклучителни ситуации. Тоа е златното правило што го зборува министерот за финансии „ дефицитот да е еднаков на капитални инвестиции“. Но, и тоа некогаш не помага. Така што можеби определени фондови кои ќе бидат насочени само за капитални инвестиции или определени приходи кои ќе бидат поврзани со тие приходи, како што е на пример приходи по основ на животна средина, тоа се давачки кои треба да одат само за капитални инвестиции за животна средина, а не да се користат за плати и пензии.
Значи тој дел мора да се искристализира и да биде точен. И системот на контрола на тие, како се носи, во кој момент, зошто се доцни со определена инвестиција. Ние имавме бројни извештаи на државниот завод за ревизија кои покажуваат бројни проневери за непродуктивни расходи. Тоа не може да се случи, тоа е недозволиво да имате очигледна загуба на средства, да имате загуба на средства за тоа што не е навремено повлечена траншата, плаќате пенали, а зборуваме за пенали од 10 до 18 милиони евра.
Замислете тоа ако го претворите е колку 30-тина градинки да изградите, и за тоа сè уште немаме одговорност. Сè уште за тој дел се дискутира, па дури и во Парламентот ретко и се дискутираат овие ревизорски извештаи. Сега последниот за онкологија беше актуелен, ама ние имаме ревизорски извештаи за секој сектор. Тоа е недозволиво и во најразвиените земји, штом ќе се објави ревизорски извештај, нема потреба ни медиумите да го преземат веднаш има реакции од сите институции. Непродуктивните трошоци мора да бидат намалени колку што е можно повеќе.
По покачувањето на платите на функционерите за 78 отсто, пензионерите и група на работници побараа повисоки плати и пензии. Како гледате вие на овој економски предизвик?
Во најголем дел и од развиените земји во моментов има притисок да се зголемат платите и пензиите. Ова е основната лекција која ја учиме по економија, ја предаваме на нашите студенти, а тоа е дека во услови кога има инфлација притисокот за раст на плати и пензии да ја стигнат таа инфлација е секогаш голем. Меѓутоа на долг рок никогаш не може платите и пензиите да ги победат цените. Секогаш ќе завршиме со повисоко ниво на цени и со ист животен стандард. Тоа е она економско правило кое го дискутираме во прва година.
Меѓутоа во ваквата ситуација во која се наоѓаме и затоа имаме и притисоци, мора да го видиме контекстот и промените кои ние ги направиме. Знаете дека имаше притисоци да се зголемат платите и пензиите и пред да ги зголемат функционерите своите плати за 78 проценти. Ситуацијата вриеше, имаше определени сектори кои бараа парцијално зголемување. Зголемувањето од 78 проценти само дополнително ја зовре атмосферата и предизвика голем револт кај граѓаните, и тоа не можеме да го оспориме.
Доколку ги споредите платите на функционерите, на претседателите, на гувернерите, на министрите со платите од регионот беа помали. Меѓутоа во момент на криза кога имате притисок за зголемување на плати, кога очајно ви требаат дополнителни фискални средства, кога треба да дадете пример за околината, вие значајно ги зголемувате своите надоместоци.
Тоа предизвика уште поголем револт, и предизвика она што го нарековме психолошки ефект кај дополнителните слоеви да бараат дополнително зголемување на платите.
Иако не беа голем број на луѓе, на кои им се зголемија платите, ова предизвика лавина на реакции и видовте дека сè уште не стивнува. Ако се фатиме само за платите по определени сектори и тие парцијално се зголемија. Сега бараат судските вработени, претходно бараа од образование. Доколку немате системско решение во оваа насока секогаш ќе има вакви проблеми.
Што е подобро според вас, линеарно покачување на пензиите или она што владата го наметнува во проценти ?
Линеарното зголемување на пензиите дозволува раст и на најниските и наголемите. И тоа е еден начин кој што се практикуваше во минатото, дури и премногу пати би рекол, па се случи да се појави голема дупка во пензискиот фонд. Имаше определени промени и се санираше тоа. Меѓутоа кризата наметна нови решенија.
Доколку мене ме прашате јас би размислувал за некоја обратна прогресија на зголемување на пензиите, односно постепено да се детектира кои се тие најранливи категории и да се види колкав е тој износ што ни е на располагање за зголемување на пензии и да се направи некоја прогресија со која оние од најниските слоеви би добиле малку поголемо зголемување отколку другите, со тоа што како се движиме погоре зголемувањето да се намалува.
Интервјуто со професор Борче Треновски може да го погледнете во видеото погоре.