Достапни линкови

Доктор по прележаниот коронавирус - Симптомите страшни, почитувајте ги мерките


Доктор Исуфи во директен судир со Ковид 19
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:53 0:00

Доктор Исуфи во директен судир со Ковид 19

Илбер Исуфи, доктор по интерна медицина во Куманово зборува за своето искуство со коронавирусот. Вирусот го добил на работа, но среќен е што не заразил никого од семејството и од колегите. Додека се справувал со болеста добил поддршка од најблиските и од пријателите, а потоа и многу прашања поврзани со коронавирусот. Еве што тој им порачува на граѓаните.

Доктор Исуфи како се заразивте со коронавирус?

Не може точно да кажам од кого и на кој начин точно се заразив, затоа што ние како медицински лица бевме во директен судир со вирусот, со заразените од вирусот. Го користам овој момент да ги поздравам сите мои пријатели колеги доктори, медицински сестри, техничари, хигиеничари, и да им честитам за придонесот што го дадоа во ова време.

Имавте ли заштитна опрема, како бевте подготвени? Знаевте ли со што всушност се соочувате?

Да, од почеток имавме, но нашата работа е таква, мора да имаме директен контакт со пациентот, а така и со вирусот и не може да кажам од кој сум се заразил.

Какви ви беа симптомите? Каде се лекувавте?

Првите симптоми, два-три дена пред да го направам тестот чувствував малаксаност, голем малаксаност, анорексија, немав апсолутно никаква потреба за јадење, после почнаа јаки болки на долните екстремитети и исто така болки во грб, како да те болат бубрезите, па два-три дена пролив, и потоа најтешката фаза – кашлица и треска. Веднаш почнав со антибиотска терапија во консултација со колегите инфектолози, а потоа и витаминска терапија.

Дома се лекувавте?

Да, цело време бев изолиран во мојата соба и се лекував дома.

Дали некој од вашето семејство или вашите колеги се зарази од вас?

За среќа никој од моето семејство, ниту од моите колеги не се зарази, со оглед на тоа што уште од почетокот на пандемијата ги презедовме сите заштитни мерки, а и контактите со нив ми беа сведени на минимум.

Како реагираа другите луѓе на вас –соседи, пријатели, пациенти? Имавте ли поддршка?

Да, јас навистина им благодарам. Цело време ми даваа поддршка, ми ѕвонеа на телефон да прашаат дали нешто ми треба, цело време имав поддршка.

По социјалните мрежи може да се прочита дека се стигматизираат заразените луѓе. Дали вие имавте такво искуство?

Не, мене ме прашуваа, ако некој имал треска или болка во нозете, дали сум го имал тој и тој симптом, цело време ме прашуваа, цело време бев под прашања.

Се вративте ли на работа?

Уште не, уште сум на боледување, уште некој ден, па потоа почнувам со работа,

Што би им порачале на граѓаните, како да се штитат?

На граѓаните им препорачувам строго да ги почитуваат препораките – често миење и дезинфицирање на рацете, одржување на најмалку два метра растојание, носење заштитна опрема - маски, марами, шал, тоа уште одредено време да ни биде дел од рутината. Само ако сме сите свесни и одговорни ќе успееме ситуацијата да ја држиме под контрола.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG