Зголемувањето на трговските тензии и размената на царински бариери може да предизвикаат „значителни економски трошоци“ за глобалната економија, изјави портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд, Гери Рајс, додавајќи:
„Ако ескалацијата продолжи, како што посочивте, економските трошоци за двете земји и ширум светот брзо ќе се зголемат“, вели тој.
Меѓународниот фонд се уште го проценува влијанието на обврските што се наметнати досега, но, како што додаде Рајс, многу економии и потрошувачи ширум светот ќе страдаат од трговските бариери.
Соединетите Држави, без оглед на огромното меѓународно и домашно противење, објавија дека од 24 септеври ќе наметнат дополнителни 10 отсто царини за кинески производи во вредност од 200 милијарди долари.
Кина, пак, најави одмазда со царини за американски стоки од 110 милијарди долари.
Сето ова ги ескалира трговските тензии меѓу двете економии и доведе до несигурност во светот.
Стјуарт Бек, претседател и извршен директор на Азиско-пацифичката фондација на Канада, вели дека едностраните протекционистички мерки ги збунуваат бизнисмените.
„Мислам дека има многу работи што загрижуваат сега. Има многу несигурност во светот, а мислам дека за луѓето кои прават бизнис, неизвесноста е најголем предизвик“, вели тој.
Според Бек, Соединетите Држави, а не Кина, треба да бидат позагрижени од сегашните трговски тензии.
„Во реалноста, внатре-регионалната трговија во Азија е огромна, така што Кина има и други опции. Имате големи пазари во други делови од Азија, каде што можете да работите“, вели тој.
Кина во моментов, како што соопшти официјален Пекинг, работи на мерките за да им помогне на кинеските и странските претпријатија во Кина да се справат со царинските предизвици.
Одлуките на американскиот претседател Доналд Трамп за наметнување царини за кинескиот извоз предизвикаа интензивна критика но и страхување во светот.
Економистите се загрижени дека и земјите во Европската унија, исто така ќе бидат жртви на најновото ограничување на САД во прекуграничната трговија.