Достапни линкови

САД и ЕУ пред трговска војна


Заострена трговска реторика меѓу САД и ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Заострена трговска реторика меѓу САД и ЕУ

Соединетите држави и Европската унија ја заострија реторика во врска со меѓусебните трговски односи, откако претседателот Доналд Трамп најави царини за еврпските производи. Брисел вели дека е подготвен на нови преговори, но не во услови на закани од Трамп.

„Гледајќи ги најновите одлуки на претседателот Трамп некој може дури и да помисли „со такви пријатели, на кој му се потребни непријатели“ Но, искрено кажано, Европа треба да биде благодарна на претседателот Трамп, бидејќи благодарение на него се ослободивме од сите илузии“.

По оваа изјава на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера следуваше одговор на претседателот Трамп.

Тој на состанокот во Вашингтон со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг наведе дека можат да го нарекуваат со секакви имиња, но оти Унијата „ужасно“ се однесувала во трговските односи со САД.

Според него, Соединетите држави само лани загубиле над 150 милијарди долари во размената со Унијата:

„На нашите земјоделци не им е дозволено да ги продаваат своите производи во ЕУ. Тешко ни е да ги продадеме нашите автомобили во ЕУ, но Европската унија ги има своите Мерцедес и БМВ автомобили кои влегуваат во САД без бариери“.

Евролидерите во Софија на маргините на самитот Европска унија, Западен Балкан пак, побараа од Вашингтон Унијата да биде ослободена од царините за челик и алуминиум, додавајќи дека се подготвени на преговори за нови трговски олеснувања.

Трамп во март објави дека наметнува царини од 25 насто за увоз на челик и 10 насто за алуминиум за да ја заштити американската индустријата.

Меѓутоа, тој привремено ја иззема оваа одлука за 28 членки на Унијата до 28 јуни. Брисел како контра мерка исто така најави дополнителни давачки за американските производи.

„ЕУ дури е подготвена да зборува за либерализација на трговијата со нашите американски пријатели, но само ако САД се решат за неограничено ослободување од тарифите за челик и алуминиум“.

Сепак, тоа како што Доналд Туск беше надополнет од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер нема да биде во услови на закани.

„Дозволете ми да повторам, нема да преговараме со Дамокловиот меч што виси над нашите глави. Тоа е прашање на достоинство и станува збор за ефикасност“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG