Достапни линкови

Сарианидис: Грците немаат доверба во политичарите


Сарианидис - името го дефинира идентитетот
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:09 0:00

Сарианидис - името го дефинира идентитетот

За грчките граѓани прашањето на идентитетот и на името се споени, вели Милитиадис Сарианидис, кој е професор на одделот за меѓународни студии на Правниот факултет на Универзитетот Аристотел во Солун во интервју за Радио Слободна Европа.

Господине Сарианидис, сметате ли дека владите во Скопје и во Атина сега се поблиску до решевање на спорот за разликите за името?

Верувам дека имаме подобри можности за да се излезе со добро решение за двете страни споредено со ситуацијата која беше пред две години или пет години или нешто така. Пред се би кажал дека има подобри ставови од двете влади, не само од Грција, туку целосно од Европската унија НАТО или САД. Изгледа како да има отворена можност со владата на Заев, можност која не треба да се гледа само во однос на проблемот меѓу Атина и Скопје, туку и со улогата на нашите соседи во југоисточна Европа, западниот Балкан, но исто така целосно во однос на Европската унија и на НАТО. Сметам дека на ова треба да се гледа како на нова почетна точка и добра можност за решавање на прашањата меѓу Скопје и Атина и прашањата меѓу Скопје и другите соседи во југоисточна Европа.

Кое според Вас би можело да биде решението на проблемот?

Можно решение? Ги избравте зборовите многу внимателно. Можно решение може да биде решение кое ќе биде компромис за прашањето за името и истовремено ќе обезбеди гаранции дека нема иредентистички барања или барања кон историските случувања. Верувам дека грчката страна ќе биде задоволна со договор со кој ќе се дефинира потеклото на луѓето во Поранешната југословенска република Македонија и на пример ќе обезбеди осигурување како да кажам, дека нема поврзување со грчката историја.

Можно ли е решение без навлегување во прашањата кои Скопје ги смета за идентитетски?

Верувам дека што се однесува до Грција и до чувствата на грчките граѓани прашањата на идентитетот и на народот се прашања што се поврзани. Она што го велам е дека вашиот идентитет го дефинира вашето име и вашето име е поврзано со вашиот идентитет, па или ќе имате име во сооднос со идентитетот или обратно. Ако прашањето за идентитетот биде решено задоволително верувам дека нема да има проблеми или несогласувања меѓу двете земји. Севкупно мислам дека двете земји треба да соработуваат и тоа е мое силно убедување, дека двете земји имаат заеднички интерес, повеќе зеднички интреси споредено со некакви интереси на вашата земја со Албанија, Бугарија или Србија. Може да замислам некакви интереси кои можат да и обезбедат пристап на Грција во Централна Европа, јас верувам дека вашата земја може да игра важна улога како мост за Грција кон Централна Европа.

Спремно ли е грчкото општество да прифати компромис?

Тоа е едно важно, критично прашање. За жал во многу земји, не само во Грција, прашањата што се однесуваат на надворешната политика се прашања што се користат и во домашната политика за да манипулираат со јавното мислење. Тоа е проблем исто така во Грција и верувам дека луѓето од една страна не се добро информирани и од друга се многу сомничави кон политичарите. Тие веруваат дека политичарите не ја вршат добро својата работа, па таквиот тип на преговори како што ги води преговарачот на Обединетите нации Метју Нимиц нема да бидат тип на процес кој ќе обезбеди правда и да кажам решение кое ќе биде одржливо. Според моето мислење треба да се грижиме повеќе и во двете земји, во мојата и во вашата, да ги информираме луѓето за вистинските причини за спорот и плус за вистинските можности за граѓаните на двете земји од постигнувањето добро решение кое ќе гледа во иднината, не во минатото. Јас верувам дека луѓето на Грција треба да бидат повеќе добро информирани не само за името, бидејќи знаете името е само на врвот на сантата мраз, под површината на морето вие може да видите цела санта мраз каде што се прашањата важни за грчките граѓани, прашањата за идентитетот, прашањата за механизмот кој ќе го спречи развојот на иредентистичките барања итн.

До каде, според Вас е подготвена владата на Ципрас да оди во решавањето на спорот?

Имаме две влади кои не се во многу моќна позиција во домашната политика. Тие се формирани со коалиција, има коалиција во Атина, има коалиција во Скопје. Прашањето е дали овие коалиции ќе може тоа да поднесат договор. Според мене двете имаат проблем и двете играат „кокошкина игра“ (да попуштат или да дозволат другиот да победи) го користат референдумот или протестите на луѓето како претекст за да ги зацврстат или олеснат своите позиции во преговорите. Верувам дека тој тип на дипломатија е тип на лоша дипломатија кој ја открива силата и слабоста на двете влади, на двете коалиции. Јас верувам дека има волја и убеден сум дека исто како што и владата на Заев и владата на Ципрас сакаат да забележат национален успех преставувајќи решение кое ќе биде одржливо, добро и ќе ги задоволува главните точки кои се важни за Грците. Но истовремено има голем пат да се помине од тоа што го сакам до тоа што го можам. Верувам дека ова е главно прашање и дека ние можеме и требаме да формираме, креираме некаков вид на заедничка позиција, некаков вид на заедничка основа на грчките политичари, на грчките политички партии од една страна и од друга страна во вашата земја треба исто така да се создаде некаков вид на минимум договор на политичките партии во Скопје бидејќи порано или подоцна ќе се соочите со проблемите во однос на какво било решение, добро или лошо бидејќи како во Грција, или Турција или Албанија, Бугарија исто така парламентот во Скопје треба да помине низ таквиот тип на дебата меѓу партиите. Тогаш ќе имаме тип на игра каква што тие ја играат, игра на обвинување, твоја е грешката не е моја, тоа е добар договор, не не е добар договор, па прашањето е кој ќе изгуби, а кој ќе ја преземе играта дека изглегол со добро решение.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG