Достапни линкови

Ваши коментари - Груевски прочита како владееше


Фановите на РСЕ на социјалните мрежи даваат оценки за тоа како поминал вториот изборен круг, потсетуваат и прават споредби со други избори, коментираат кој и зошто ги казнил ВМРО-ДПМНЕ и го анализираат говорот на Груевски.

Ете, помина и вториот круг на вонредните локални избори, „СДСМ слави, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборните резултати“, за некои наши фанови „Ова е голем пораз за СДС и за Македонија“ како што постирал Тони Германоски, некои потсетуваат на зборовите на Јанкулоска слушнати во „бомбите“ - „Циганите за уши ќе ги вадиме и ќе ги носиме на гласање“, како што направил Жарко Тодоровски, а Јетој Ветем Пер Ти коментира: „Кога некој прави лошо секако дека нема да го признае... крај за ВМРО, напред СДСМ, цела Македонија е со вас“.

„И Села не ги признава изборните резултати“, е насловена информацијата на РСЕ, што го предизвикало Нуки Сулејмани да напише: „Ако си маж, кажи честитки до ДУИ навреме“, но Џон Јохан има друго мислење: „Честитки до Заев, СДСМ победи, не ДУИ. Албанците не гласаа за ДУИ, гласаа за Алијансата“.

Божица Јакимоска „Вакви избори секогаш има кога се тие на власт, само народот заборавил, време е да се потсети“, а Блага Миткова ѝ реплицира: „Да, токму такви беа изборите кога ги организираше и спроведуваше Гвујо и неговите разбојници. Доста беше, народот сака убав и мирен живот“. Калина Петровска потсетува дека и на изборите во 2004-та имало „жртви како на овие, а да не зборувам за бугарски воз, уцени и закани“. Тука се вмешува Наталија Кипријанова – Саздова: „Калина, страшно грешиш, тие работи што ги набројуваш ги употребуваше вашиот фирер, доколку би наместиле, тоа би било во неколку општини, не може на цела територија, доста го гледавме 11 години, едноставно никој не сака да гласа за него, т.е. за ДПМНЕ!“

Дарко Стојчевски како да прави увод за коментарите по изјавата на Груевски дека изборите биле недемократски и нефер и дека неговата партија не ги признава резултатите: „Вмровци, вас ве казни ВМРО, не СДСМ!“ „Врати нè сега сите што нè избрка од нашето огниште. Јас сум Македонец и цел живот ќе останам вмровец, а ти ќе ја смениш екипата...“ – искрен е Јофче Ивановски. За Гоце Николоски Груевски е „предавник“, но за Коки Легија Пајковски „Груевски ја оправи Македонија, само што вие не сте задоволни“. Стојанче Станоевски, коментирајќи го долгото обраќање на Груевски напишал: „Си прочита како владееле 11 години“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG