Достапни линкови

Зошто ЕУ ја затвора вратата за Турција?


ЕУ ја затвора вратата за Турција?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

ЕУ ја затвора вратата за Турција?

Дел од аналитичарите во Турција оценуваат дека, како што велат, „слепото критикување“ од страна на Европската унија за антитерористичките мерки во таа земјата не е фер. Според нив, тоа дополнително ги затегнува односите меѓу двете страни и ја оддалечува Турција од Европската унија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Европскиот парламент за предлогот ЕУ да воведе санкции против Турција за апсењата во таа земја во рамките на борба против тероризмот, по неуспешниот државен удар во јули.

Претседателот Ердоган најави дека во земјата може да се одржи референдум во наредната година за тоа дали да ги продолжи напорите за членство во ЕУ.

турскиот претседател Реџепт Таип ердоган, Истанбул 23.11.2016.
турскиот претседател Реџепт Таип ердоган, Истанбул 23.11.2016.

Егемен Багиш, поранешен министер за европски прашања на Турција, изјави дека не е фер ЕУ да ја критикува Турција за мерките на безбедност.

„Значи, станува збор за голем напор за да се заштитат нашата демократија, човековите права и нашата држава. Европската унија, наместо да и помогне на Турција, потенцијална членка, избра да ја критикува за чекорите што се преземени за заштита на стабилноста на оваа земја, а тоа не е фер“, рече тој.

Аналитичарите велат дека незаинтересираноста на ЕУ за Турција е и поради зголемувањето на антимуслиманското расположение, како и поради нејзината неволност да се справи со бегалците во земјата.

На такво мислење е Неил Алкан, експерт за меѓународни односи.

„Турција тешко може да биде прифатена како членка на ЕУ поради постоење исламофобија во Европа. ЕУ се обидува да избегне да биде сосед со Иран, Ирак и Сирија, земји кои се граничат со Турција. Дополнително три милиони сириски бегалци во Турција, исто така, ќе станат товар за ЕУ, доколку ЕУ го прифати членството на Турција“, вели тој.

Некои експерти, пак, сметаат дека напнатоста меѓу двете страни веројатно би можела да се промени во следната година, кога во рамките на ЕУ ќе бидат избрани нови политички лидери. Хусеин Багчи, експерт за меѓународни односи вели:

„Како ќе продолжи овој процес, ќе видиме. Во идната година во Европа ќе има неколку избори, во Германија, во Франција и во некои други земји. Каков тип на политичко лидерство ќе дојде и како тоа раководство ќе ги продолжи односите со Турција на билатерално, но исто така и на институционално ниво, останува да се види“, вели тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата изјави дека гласањето во Европскиот парламент за евентуален прекин на пристапните преговори меѓу ЕУ и Анкара ништо не и значи на неговата земја и повторно ја обвини Европа дека стои зад терористичките организации.

„Иако гласањето не е обврзувачко, не постои начин јас да ја толерирам пораката дадена со ова гласање. Фактот дека Европскиот парламент се реши на одржување на вакво гласање покажува дека тие се на страната на терористичките групи“, рече тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG