Достапни линкови

Политичарите сакаат послушни ректори


Дел од професорската фела е скептична дека изборот на ректор на УКИМ ќе биде во интерес на академската заедница и надвор од интересите на политичката елита и олигарсите. Изборот доаѓа во време на политичка криза, проблеми во образованието и полициска акција во која се апсеа професори.

Кога државата се наоѓа во момент на голема политичка криза доведувајќи ги во прашање круцијалните елементи од севкупниот живот се доведува во прашање и легитимитетот на изборот на новиот ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, велат од професорската фела. Тие укажуваат дека кандидатите за ректор треба да имаат став за развој на Универзитетот и високото образование, но и за други прашања кои ја брануваат јавноста и имаат потреба од научна елаборација како Скопје 2014, СЈО, автономијата на Универзитетот и полициската акција на Економскиот факултет.

И ова власт е нелигитимна власт слушнавме како е избрана на изборите. Во рамките на сето ова каде што се глуми некоја автономија на Универзитетот или избор на ректори повторно доаѓаме во ситуација каде ќе се прашуваме дали тој ректор е легитимно избран во овие комплетно нелигитимни состојби.
Синоличка Трпкова, универзитетски професор.

Професор Синоличка Трпкова вели оти не треба да се заборави дека Студентскиот пленум уште пред еден месец излезе со објава за нелигитимноста на студентските претставници од Студентскиот парламент и со тоа се доведува во прашање легитимноса на изборот на ректор. Таа забележува дека тоа е еден од повеќето проблеми поврзани со легитимноста во изборот на ректор.

„И ова власт е нелигитимна власт слушнавме како е избрана на изборите. Во рамките на сето ова каде што се глуми некоја автономија на Универзитетот или избор на ректори повторно доаѓаме во ситуација каде ќе се прашуваме дали тој ректор е легитимно избран во овие комплетно нелигитимни состојби.“

Таа потенцира дека во погрешен тајминг токму кога се бираат ректори беше и последната полициска акција на Економскиот факултет во Скопје против професори кои земале пари што може да се протолкува како заплашување и пренагласено покажување сила врз прогресивната интелектуална сила.

„Можеби тие професори и направиле криминал, но ако согледате пак од друга перспектива власта исто така има направено криминал. Значи во овој случај имаме тешки криминалци што апсат некои други криминалци и тоа го прават театрално на независен простор, професорите си имаат своја дома и не мора сето тоа толку јавно и на таков начин да се прави“, вели професор Синоличка Трпкова.

Осомничени професори за поткуп
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Еден од кандидатите за ректор е поранешниот министер за образование Ненад Новковски кој е скептичен дека изборот ќе биде во интерес на академската заедница и надвор од интересите на политичката елита и олигарсите. Новковски вели дека на УКИМ во континуитет се вршат надворешни влијанија и целосно изборот е во интерес на некои надворешни фактори за да се добијат ректори кои ќе спроведуваат политички агенди.

„Затоа подолго време УКИМ пропаѓа оди надолу наместо да биде Универзитет од прва категорија. Такви беа и претходно ситуациите, претходниот пат имаше и директни притисоци од врвот на власта кај деканите кои беа повикувани на разговори за избор на соодветни лица. И цело време постојана беа такви влијанија“, вели Новковски.

Тој вели дека загрижува фактот што во сегашниот избор на ректор учествуваат кандидати кои веќе биле на раководни функции во претходниот мандат како проректори или декани и учествуваат во сите работи кои доведоа до познатите студентски протести кога студентите истапија против неправилностите што се јавуваат на УКИМ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG