Дебатата за предлог-измените во Законот за високо образование од хотелот Александар Палас се префрли во Собранието, откако премиерот Никола Груевски за време на прес-конференцијата на Професорскиот пленум ги покани да земат учество на дебатата.
„Ако навистина имате добра желба да го слушнете гласот на оние коишто се засегнати и компетентни во однос на овој, сега веќе, општествен проблем, тогаш повлечете го законот од собраниска процедура, ние ќе дојдеме и ќе дебатираме.Маја Стефановиќ, Професорски пленум.
„Ова е место кадешто и вашите колеги, декани, ректори, професори најчесто одржуваат средби. Сакавме да биде на неутрален терен, да не речете во Влада или во Собрание итн, и затоа го одбравме ова, но ако сакате можеме каде сакате. Сакате во Собрание да отидеме?, рече премиерот Груевски. На што професор Билјана Ванковска, која во моментот даваше изјава за медиумите одговори:
„Сакаме во Собрание.“
Груевски:„Може сега да одиме таму?“
Ванковска:„Апсолутно.“
Груевски: „Ајде во 13 и 30 сме таму, ве чекам.“
Морам да го изнесам ставот на Универзитетот дека е добро ако се најде можност да се даде еден поголем простор, за една поголема дебата.Велимир Стојковски, ректор на УКИМ
Но професорите само дојдоа пред Собранието за на Груевски да му порачаат дека нема да учествуваат во дебатата и признаа дека се збуниле поради дрскоста на премиерот да им упадне на прес-конференцијата.
„Ако навистина имате добра желба да го слушнете гласот на оние коишто се засегнати и компетентни во однос на овој, сега веќе, општествен проблем, тогаш повлечете го законот од собраниска процедура, ние ќе дојдеме и ќе дебатираме“, изјави Маја Стефановиќ од Професорскиот пленум.
Професорката Гордана Сиљановска вели дека поканата на премиерот се коси со собраниската процедура.
„Како што не можам да учествувам во дебата, така наречена дебата, која не е правно втемелена, и кога се одвива во Алаксандар Палас, не можам ни денеска. Тоа е надвор од процедурата, а процедурата е гаранција за деократијата.“
Ние ве поканивме денеска да разговараме со аргументи, а не да се договориме да одложиме.Никола Груевски, премиер.
За време на дебатата во Собранието ректорот на УКИМ Велимир Стојковски порача дека е потребно да се донесе нов закон, но со подолг период за дебата.
„Се надевам дека овие 130 страни забелешки ќе влезат во оној дел што е прифатлив, но мислам дека во овој момент морам да го изнесам ставот на Универзитетот дека е добро ако се најде можност да се даде еден поголем простор, за една поголема дебата.“
На што премиерот одговори дека долго траела дебатата и дека ги запишале сите аргументи.
„Ние ве поканивме денеска да разговараме со аргументи, а не да се договориме да одложиме, денеска е 5 јануари, работен ден, од октомври е тргната дебатата., Интеруниверзитетска конференција, плус десетина други професори за аргументи, а не да дојдете да ни кажете - ај да одложиме малку, тоа не е сериозно после толку месеци на дебата, толку многу професори да дојдете и да кажете ние дојдовме да одложиме, не е сериозно.
Од професорскиот пленум порача дека ќе го повикаат претседателот да стави вето на законот, а доколку тоа не се случи ќе излезат повторно на протести.