Достапни линкови

Парите се фактор за импакт фактор


Заседание на студентски и професорски пленум пред Собрание
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:42 0:00

Ако веќе се оценува научната работа на професорите, тогаш нека се обезбедат и минималнии услови и финасии за работа, велат професорите. Премиерот ги нападна професорите дека немаат научни трудови во светски реномирани списанија. Тие велат дека немаат елемнтарни услови за работа.

Основните потреби за нормално функционирање на факултетите не се обезбедени и во такви услови е тешко да се оценува научната работа на наставниот кадар, велат професорите. Деновиве, откако тие по примерот на Студентскиот пленум, формираа Професорски пленум, премиерот Никола Груевски рече дека нивните мотиви биле законските измени со кои се предвидува обврска за професорите да објавуваат научни трудови во светски реномирани списанија.

Елементарните потреби за нормална работа не се задоволени, тргнувајќи од таму дека ние до пред некој ден функциониравме во ладни амфитеатри, значи Министерството доцни со плаќање на парно греење, а факултетите треба да ги надополнат трошоците за камати кон компаниите кои обезбедуваат топлинска енергија.
Гордана Попсимонова, универзитетски професор.

„Елементарните потреби за нормална работа не се задоволени, тргнувајќи од таму дека ние до пред некој ден функциониравме во ладни амфитеатри, значи Министерството доцни со плаќање на парно греење, а факултетите треба да ги надополнат трошоците за камати кон компаниите кои обезбедуваат топлинска енергија. Втора работа е канцеларискиот материјал којшто сите си го носиме од дома, од печатари, хартии, CD за студентите“, вели професорката од земјоделскиот факултет Гордана Попсимонова.

Таа додава дека се лоши условите и за научна работа, па како пример го споменува факултетот каде што работи, додавајќи дека им требаат опитни полиња, лаборатории и пред се млад научен кадар.

Професорите и студентите на отворена дебата пред Собранието.
Професорите и студентите на отворена дебата пред Собранието.

„Еве пример од моето работење, имав аплицирано во 2010 за меѓународен проект со Република Кина, вредноста на меѓународниот проект е 5.000 евра. Одобрен е оваа година, четири години потоа и префрлени се средствата во висина од 20 проценти, па сега вие пресметајте колку може да се реализира каква било научна активност во рамките на тие средства“, вели Попсимонова.

Друга работа е што имаме премногу студенти, имаме преголем број на часови, зафатени се и асистентите, имаат по 10-15 часа неделно, само настава, а за тоа треба припреми. Професорите имаат од шест па нагоре број на часови со предавања, треба да се споредат и тие бројки.
Игор Трајковски, универзитетски професор.

Игор Трајковски од Факултетот за информатички технологии и компјутерски инженерство, пак, направи и споредба со буџетот кој се одвојува за наука во Словенија, земја со чии професори претходно компарации правеше премиерот. Според таа споредба направена врз основа на податоците од Светска банка, Македонија одвојува 58 пати помалку пари, а сепак македонските професори успеваат да продуцираат 16 пати помалку трудови со импакт фактор од нивните словенечки колеги.

„Јас можам да ви кажам од лично искуство тешко е да се прави истражување на факултет, затоа што нашиот факултет се уште нема инфраструктура, се направи факултетот, а немаме зграда и простори, голем дел од вработените немаат свои канцеларии, кабинети на факултет, а дел од нив се уште се на ПМФ во Гази Баба, а доаѓаат на работа во Карпош кадешто се држат предавањата, кадешто имаме изрентани простории од другите факултети“, вели Трајковски и додава и дека фондовите кои ги дава државата за истражувања се мали.

„Друга работа е што имаме премногу студенти, имаме преголем број на часови, зафатени се и асистентите, имаат по 10-15 часа неделно, само настава, а за тоа треба припреми. Професорите имаат од шест па нагоре број на часови со предавања, треба да се споредат и тие бројки, колку од времето професорите кај нас го трошат за едукација на студенти, да се види односот колку студенти се на еден професор и да се спореди тоа со друго место“, вели Трајковски.

Инаку премиерот Груевски викендов рече дека тие направиле истражувања во списанијата што се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс и во последните пет години имало 4.000 труда од македонски професори, а за истиот период имало 50.000 труда од нивните словенечки колеги. Според податоците од Светската банка пак, Словенија одвојува 2.8 отсто од бруто националниот приход за истражувања и наука, а Македонија само 0.22 отсто.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG