Достапни линкови

Локалните медиуми се здружуваат за да опстојат


Состанок на претставници на локалните медиуми во Македонија.
Состанок на претставници на локалните медиуми во Македонија.

Локалните медиуми се комплетно изоставени и од последните политички преговори околу регулирање на радиодифузната сфера. Тие планираат во иднина да се здружат и заеднички да се борат за своите интереси.

Честите измени во законската регулатива и разните финансиски оптоварувања поради голем број дозволи се причините локалните медиумите во иднина да се здружат и заеднички да се борат за своите интереси. Претставниците на медиумите веќе одржуваат состаноци на кои се догoвораат нивните активности насочени кон подобрување на состојбата на радијата и телевизиите на локално и регионално ниво. Локалните медиуми немаат соработка со националните кои имаат неколку здруженија, па оттаму интересите пред државните институции никој не ги застапува велат сопствениците.

Најголем проблем со кој се соочуваат телевизиите од локален и регионален карактер пред се е законската норма, која предвидува емитување програма во овој период од 2015 година, 50 отсто сопствена програма која што треба да ја создаваат самите телевизии. Со оглед на тоа што не располагаат со технички и кадровски капацитети, навистина е тешко да ја исполнат оваа обврска.
Гордана Андревска од скопската регионална телевизија МТМ.

„Најголем проблем со кој се соочуваат телевизиите од локален и регионален карактер пред се е законската норма, која предвидува емитување програма во овој период од 2015 година, 50 отсто сопствена програма која што треба да ја создаваат самите телевизии. Со оглед на тоа што не располагаат со технички и кадровски капацитети, навистина е тешко да ја исполнат оваа обврска“, вели Гордана Андревска од скопската регионална телевизија МТМ.

Се проценува дека поради ваквата состојба, локалните радија и телевизии тешко ќе опстојат.

„Се зголемени трошоците, дозволата за работење. Таа оваа година е зголемена за 120-130 илјади денари зависно во кој регион сте заради зголемување на БДП којшто влегува во формулата за пресметка на концесијата. Потоа големи давачки кон операторот кој што ги емитува терестијално телевизиите на регионално ниво“, смета Андреевска

Локалните медиуми се комплетно изоставени и од последните политички преговори околу регулирање на радиодифузната сфера.

„Во последно време, фокусот е премногу префрлен на најголемите телевизии во државата, така што колку и да се значајни локални и регионалните телевизии се речиси безгласни во општеството. А од друга страна значењето на локалните и регионалните телевизии е огромно, затоа што останаа единствени медиуми кои што се бават со средините во кои што постојат и се главни гласила преку кои што граѓаните се информираат“, изјави претставникот на ТВ Кисс од Тетово, Тоше Јанев.

Работата на новоформираното здружение ќе се насочи кон застапување на интересите на локалните и регионални медиуми.

„Ставот е да има здружение кое ќе работи професионално со канцеларија. Од канцеларијата во Скопје ќе се реагира навремено и ако треба некогаш ќе се покренат судски процеси, ќе се покренат иницијативи пред Уставниот суд , истакна Меваип Абдиу, сопственик на ТВ Коха од Тетово.

Во Македонија постојат вкупно 120 локални и регионални медиуми. Има 52 локални и 17 регионални радија. Телевизии на локално ниво има 23, а на регионално 28.

XS
SM
MD
LG