Достапни линкови

Владата нема лесно да се откаже од контролата врз медиумите


Владата соопшти дека ќе се откаже од рекламирањето во медиумите преку кое, според ЗНМ, ги корумпира сопствениците, но познавачите сметаат дека државата ќе се обиде да најде начини да ја задржи контролата врз телевизиите.

Недоверба во искрената волја на власта да се откаже од рекламирањето во медиумите и со тоа и од своето влијание врз нив, гледаат дел од познавачите на медиумските состојби во земјава, откако минатата недела Владата одлучи да постави мораториум на сите комерцијални промоции во медиумите. Тие велат дека рекламирањето на Владата во досегашната форма и обем тешко дека ќе може да се повтори, но не ја исклучуваат можноста таа да најде нов начин на огласување.

На пример можат да запрат со рекламирање, но може да се зголемат средствата за домашната продукција на телевизиите. Владата веќе две години доделува финансиска поддршка за телевизиите и никој не знае колку пари се дадена за таа намена. .
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, вели дека еден од начините да се заобиколи оваа мерка е преку финансирањето на домашната продукција.

„На пример можат да запрат со рекламирање, но може да се зголемат средствата за домашната продукција на телевизиите. Владата веќе две години доделува финансиска поддршка за телевизиите и никој не знае колку пари се дадена за таа намена. Во демократски земји Владата може да субвенционира медиуми, но тоа најчесто се однесува на печатените медиуми и локални медиуми кои се соочуваат со големи проблеми да опстојат на пазарот. Но, никаде нема субвенционирање на национални телевизии коишто се најмоќни медиуми и треба самостојно да опстојат“, вели Селмани.

Форми за заобиколување има: ги споменав огласите, јавните набавки и конкурсите коишто треба да се објавуваат во медиумите. Ќе видиме дали ќе се смени барем начинот на којшто ќе се дистрибуираат оние средства кои се неопходни за други работи. Секако кога има конкурс, мора тој да се објави.
Петрит Сарачини, МИМ.

Тој одлуката на Владата за мораториум за објавување на кампањите смета дека е позитивна, но вели оти мерката нема да даде резултати ако Владата не упати јасна порака до медиумите дека нема повеќе да има ваков вид на државно огласување. Медиумите треба иднината да ја бараат во медиумскиот пазар преку огласите на приватните огласувачи, а јавните пари треба да се повлечат за се добие реален медиумски пазар и сè додека не се случи тоа, нема да има слободни и професионални медиуми, вели Селмани.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми во однос на мораториумот е скептичен дека власта ќе се откаже од своето влијание врз мејнстрим медиумите. Тој коментира дека доколку Владата имала волја, досега во овие девет години ќе се однесувала поинаку, а не преку рекламите на брутален и суптилен начин успешно да влијае врз нивната уредувачка политика.

„Дали ова е навистина поради дијалогот што е во тек и поради будното око на меѓународната заедница ќе се ефектуира во практика, навистина не би можел да кажам и сепак треба да видиме како ќе се однесува тоа. Форми за заобиколување има: ги споменав огласите, јавните набавки и конкурсите коишто треба да се објавуваат во медиумите. Ќе видиме дали ќе се смени барем начинот на којшто ќе се дистрибуираат оние средства кои се неопходни за други работи. Секако кога има конкурс, мора тој да се објави“, вели Сарачини.

Тој истакнува оти владината одлука е нешто што конструктивно треба да придонесе во целата медиумска ситуација, бидејќи парите кои Владата ги користи за рекламирање го нарушуваат медиумскиот пазар и според него тоа е од суштинска важност да профункционира пазарот на медиуми на реален и вистински начин.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG