Достапни линкови

МЦЕО - Сите слушнале за „бомбите“


Над 96 отсто од испитаниците слушнале за аферата „Прислушување“, а повеќе од 88 отсто лично слушале некоја од снимките, покажува истражувањето на Македонскиот центар за европско образование.

Јавноста останува поделена по однос дилемите поврзани со актуелната политичката криза, но наративот на власта не е повеќе доминантен и проаѓа само кај дел од нејзините поддржувачи. Ова е еден од заклучоците од анкетното истражување Еврометар 2015 на Македонскиот центар за европско образование.

Изненадување е моментот дека информациите се допрени до сите во државата и дека подеднаков број на граѓани од урбаните и од руралните средини ги имаат слушнато „бомбите“.
Андреа Стојковски, учесник во истражувањето.

Во анкетата спроведена телефонски од 4 мај до 13 јуни на 1201 испитаници, над 96 отсто од нив слушнале за аферата „Прислушување“, во која лидерот на СДСМ Зоран Заев објавува прислушувани разговори на претставниците на власта, а повеќе од 88 отсто лично слушале некоја од снимките.

Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

„Изненадување е моментот дека информациите се допрени до сите во државата и дека подеднаков број на граѓани од урбаните и од руралните средини ги имаат слушнато „бомбите“, односно знаат за аферата, што укажува на фактот дека и покрај ограничениот медиумски простор и покрај фактот дека има многу малку медиуми коишто ги пренесуваат, ништо не може да ги спречи граѓаните да се информираат“, вели Андреа Стојковски учесник во истражувањето.

Третиот заклучок е дека се уште има атмосфера на страв и дека нема услови во овој момент да имаме брзи, фер и демократски избори и доколку ги има тие никако не би биле ниту фер, ниту слободни, ниту демократски.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

Понатаму податоците од анкетата покажале дека мнозинството од испитаните граѓани, односно 40 проценти, веруваат оти снимките се направени од македонската тајна полиција, наспроти 23 отсто кои сметаат дека тоа го направиле странски служби. Над 50 проценти веруваат дека многу е поважна содржината на снимките, отколку како се тие добиени, додека 52 отсто сметаат дека содржина е автентична, наспроти околу 20 проценти кои велат дека содржината е монтирана, сечена и прелепувана.

Следен заклучок изведен од анкетата, што според Бојан Маричиќ кој исто така работел на истражувањето, не е изненадувачки е дека се уште во земја постои висока атмосфера на страв. Половина од анкетираните граѓани веруваат во т.н. теории на заговор односно дека власта има начин да дознае како тие гласале.

„Третиот заклучок е дека се уште има атмосфера на страв и дека нема услови во овој момент да имаме брзи, фер и демократски избори и доколку ги има тие никако не би биле ниту фер, ниту слободни, ниту демократски бидејќи се уште владее голема атмосфера на страв меѓу граѓаните, која што би требало во тој преоден период да биде совладана“, вели Маричиќ.

Голема бројка од населението, околу 62 проценти сметаат дека ЕУ е кредибилен актер и треба да игра сериозна улога во решавањето на моменталната политичка криза. Мнозинство од граѓаните очекуваат кризата да биде решена со меѓународно учество и притисок врз политичките елити, а не да се потпре на домашните институции.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG