Достапни линкови

Пензиите и медиумите најкоментирани теми


Архивска фотографија: Протест на пензионери во Велес за носење на буџетот за 2013 година.
Архивска фотографија: Протест на пензионери во Велес за носење на буџетот за 2013 година.

Манипулациите со пензионерите и преговорите меѓу партиите за реформи во медиумите се најкоментирани теми на нашата интернет страница.

Дали пензионерите се најизманипулираните граѓани во државава или не, полемизирате вие, почитувани, на нашата веб-страница по нашиот текст токму за пензионерските работи. Интересен е коментарот на Снежана Периќ, вработена во Министерството за труд и социјална политика, која напишала дека сите социјални трансфери од тоа министерство, вклучително и пензиите, согласно постоен закон, се усогласуваат еднаш годишно со порастот на трошоците за живот. „Тоа не е никакво покачување, а уште помалку дека тоа го прави Грујо!!!“ - напишала Снежана Периќ, која ги повикува граѓаните да не молчат.

Тоа не е никакво покачување, а уште помалку дека тоа го прави Грујо!
коментар од читател.

Ситизен се восхитува на нејзината одважност да зборува отворено со име и презиме, па себеси се нарекува кукавица зашто ја нема таа храброст, а Снешка од Скопје напишала дека јавноста и дел од пензионерите ги интересира од кои средства се надоместува бесплатниот градски превоз во главниот град, престојот во бања, бесплатните билети за жичарниците и други погодности за пензионерите. Трајко ги проширува сознанијата со информации за администрацијата, па коментира дека платите на административците воопшто не се покачени, иако Груевски тоа го најавил.

Особено се интересни вашите мислења, почитувани, за нас новинарите и за нашата работа. Незабеган напишал дека, цитирам, „на овој слободен сајт читаме дека во Таџикистан е усвоен закон за блокада на интернет“ и допишал дека тоа е сон, како што вели, и на „нашиве ВМ(о)РО-ни“. Активниот Ситизен забележува дека новинарските здруженија не биле никаде повикувани, па не е ни чудно што ги нема и на преговорите на работните групи за медиумите, а како дополнително размислување: зошто СДСМ не соработува со невладините граѓански здруженија, како на митингот на 17 мај, туку сега држат трибини по сајмишта, како што напишал.

Неделното интервју на новата министерка за труд и социјала, Фросина Ременски го предизвикало Ситизен да напише дека тоа министерство треба многу да се чешла, како што вели, зашто е „дувло на криминал и уценувани гласачи“, а Цацко да обелодени дека има информации дека уште пред да дојде Ременски на функцијата, веќе биле испечатени списоци со приматели на социјална помош кои се доставени до штабовите на ВМРО-ДПМНЕ за да им се врши притисок за време на избори.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG