Достапни линкови

Мигрантите со камења против македонската полиција


Војници поставуваат метални столбови и жица на границата со Грција на местото каде мигрантите се обидуваат да влезат на македонска територија. Од Владата потенцираат дека границата ќе остане отворена за сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти.

Mигрантите од невоени подрачја кои со денови не можат да влезат од Грција во Македонија со камења ја нападнаа македонската полиција, која се брани со штитови околу дивиот граничен премин кај котата 59 покрај пругата.

Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму.
Влада на РМ.

МВР соопшти дека се повредени 18 полициски службеници од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата, еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.

Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и полициски штитови. Ситуацијата сега е под контрола.

Ваквата реакција на граничниот премин со Грција доаѓа откако македонската армија утрово почна со поставувањето на метална ограда на јужната граница на земјата со Грција, на местото каде што мигрантите се обидуваат да преминат на македонска територија на пат кон Западна Европа. Војници поставуваат метални столбови и жица.

Претходно Унгарија постави жичана ограда на своите граници со Србија и со Хрватска да го спречи напливот на мигранти, а потоа Хрватска, Србија и Македонија почнаа селектирано да пропуштаат само беглаци од воени подрачја, односно само Сиријци, Авганистанци и Ирачани.Но, мигранти од други националности останаа на македонско-грчката граница, на грчка територија со денови. Дел од нив два дена се обиделе насилно да ја минат границата.

Подигањето на заштитна ограда на границата со Грција е една од мерките за да се обезбеди канализирање на протокот на беглаци, велат од Владата за МИА. Вчера институциите што се вклучени во менаџирање и следење на состојбата со беглаците донеле одлука да се операционализираат заклучоците од Националниот совет за безбедност и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.

Од Владата потенцираат дека границата ќе остане отворена.

„Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, велат од Владата.

На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница. АРМ веќе почна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување.

„Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици“, истакнуваат од Владата.

Во управувачкиот комитет членуваат министерот за здравство Никола Тодоров, кој е и претседател, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Зоран Јолевски, Оливер Спасовски и Владо Мисајловски, заменик министерот за внатрешни Митко Чавков, како и претставници од Владата, кабинетот на премиерот, АРМ и други институции.

XS
SM
MD
LG