Достапни линкови

Младинска транзиција


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Вака ли државата се „грижи“ за младите?! Вака ли утре да создаваме многудетни семејства, вака ли утре да формираме бизниси од кои ќе вадиме парче леб, вака ли ќе ги школуваме нашите деца, идни генерации млади?!, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Бидејќи во државава сè се менува, а остануваат и се таложат само проблемите, се стекнува впечаток дека во државава владее некој вид младинска транзиција. Иако нон-стоп слушаме како нови млади луѓе се вработиле, многу од тие што заминале по белиот свет да учат се враќале назад, но како да го занемаруваме фактот то ест реалната слика за тоа што всушност се случува во Македонија на ова поле.

Реално гледано кој досега ги есапел младите, па да се пофалиме дека гласот им се слушал без разлика дали станува збор за некаква идеја или некаков проблем.

Кога станува збор за младите, секогаш сите идеи, се носат со некаков вид консензус, никогаш властите не се одлучни иако младата популација која од ден на ден се намалува барајќи подобри услови за живот надвор од државава, треба да биде најзадоволната општествена група, поттикната и мотивирана да гради и го надоградува моменталниот простор за живот кој, за жал, е мизерен.

Искрено, зарем нели Ви е досадно секоја година истите муабети, истите проблеми да се вртат во круг, студентски домови, вработувања, неуспешни образовни „проекти“, младински стандард, зарем немате ли трошка совест да запнете и удрите по овие клучни проблеми еднаш засекогаш, а со тоа да покажете барем малку достоинство кон идната интелигенција па и работна сила, моторот на државата?!.

Која е мотивацијата на еден млад човек да создаде нешто ново, некаква идеја и истата да ја сподели со „некој“ кој може да ја реализира, бидејќи реално гледано кој досега ги есапел младите, па да се пофалиме дека гласот им се слушал без разлика дали станува збор за некаква идеја или некаков проблем.

Некои велат дека не бараме конкретни предлози и идеи што е доста неиздржан коментар. Предлагавме формирање на „младински пазар на труд“, укажавме на тоа дека Агенцијата за млади и спорт повеќе наликува на Агенција за спорт, отколку за млади, па кога веќе до таму стигнала работата зошто од таа Агенција да не се направат две посебни и секоја да има поголем и послободен простор за решавање на проблемите со младите, а и со спортот. Предлагавме давање попуст при вадење слободни карти во ЈСП, поддржавме идеја за бесплатен превоз на студентите, кое и те како е од големо значење и за државата, а и за самите студенти.

Наместо цела недела на студентите им дадоа слободен превоз само во четвртоците, чиниш на факултет се оди само во четврток, но за панорамски тркала кои од сумата за градба и одржување памет се врти, за споменици и барокни фасади средства секогаш мора да има

Од сето набројано и ред други работи изминативе години побарани на овој или оној начин „одговорните“ ниту најдоа време, ниту пак се обидоа да излезат во пресрет невбројувајќи го срамниот консензус во поглед на слободниот превоз па наместо цела недела на студентите им дадоа слободен превоз само во четвртоците, чиниш на факултет се оди само во четврток, но за панорамски тркала кои од сумата за градба и одржување памет се врти, за споменици и барокни фасади средства секогаш мора да има.

Вака ли државата се „грижи“ за младите?! Вака ли утре да создаваме многудетни семејства, вака ли утре да формираме бизниси од кои ќе вадиме парче леб, вака ли ќе ги школуваме нашите деца, идни генерации млади?!

Македонија една транзиција со многу перипетии, преброди, ниту има време, ниту пак и оди во прилог да се занимава со уште една, попроблематична и далеку посложена од првата.

Со „слободен четврток“ ниту младите стануваат поуспешни, ниту студентите се поттикнати за учење и мотивирани за понатамошно надоградување како успешни деловни господа од кои само државата и самите тие ќе имаат најголема добивка.

Овојпат не на младите, туку на Власта е да се освести и преземе одлучен удар против младинските проблеми, бидејќи сепак на крајот токму младите одлучуваат за Вашето опстојување на власт.

XS
SM
MD
LG