Достапни линкови

Панорамското тркало ги разгоре страстите


Убедливо најкоментирана тема од нашите читатели изминатата недела е потреба за изградба на Панорамско тркало во Скопје за над 18 милиони евра.

Сте се растуриле, почитувани, кажано жаргонски, на нашата Фејсбук страница кажувајќи го вашето мислење дали на Скопје му треба панорамско тркало или нешто попродуктивно. Тони Јоцески смета дека морало да се изгради зашто само така се переле пари, а Благојчо Ѓорѓески седнал па пресметал дека со над 18 милиони евра, колку што ќе чини тркалото, можат да се изградат 350 станови од 55м2 за исто толку семејства кои би биле среќни во нив.

Народот леб нема, а тој градит тркало, магариња, коњи, го направил Скопје како зоолошка градина, само тркалото фали за да се тркаат мајмуните.
Коментар од читател.

Стевче Огненовски му препорачува на Благојчо да пресмета колку станови би се изградиле и со спомениците во главниот град. Баже Лумбар го потсетува Благојчота дека во Скопје веќе се изградени многу станови и дека на градот не му требаат нови за готовани кои бараат кров над глава, за да уживаат ама да не работат... Зикри Демку, пак, како да е најлут: „Да даде бог да се обесат во она тркало, народот леб нема, а тој градит тркало, магариња, коњи, го направил Скопје како зоолошка градина, само тркалото фали за да се тркаат мајмуните“.

Маја Лаубшер ги кара овие пишувачи на пораки и вели дека сите сме се удирале в гради дека сме знаеле дека е 21 век, а не сме дозволувале да се смени имиџот на државната урбана структура. Снежана Антиќ напишала: „Во јакава држава инсулин нема... на инвалидите им кратат за туѓа нега и сега уште само тркало фали...“ Патишта, болници, проекти за вработување, а не странци да идат, а ние робови да бидеме... - напишал Рубин Рујаноски. Иван Цинцо Такев кратко и јасно порачува: „Не“.

Кое е вашето мислење за изградбата на Панорамско тркало во Скопје? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Хајд Парк: За и против панорамското тркало
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

На веб-страницата, за истото прашање од Хајд паркот, Незабеган напишал дека т.н. проект за перење пари Скопје 2014 што го изведува еден архитект, една фирма, БЕТОН-Штип и една фирма за правење и дотур на бетон, МАКБЕТОН од Скопје чиј газда е зет за сестра на Коце Коцка, продолжува со уште позасилено темпо, а служи за перење на мозоците на зомбираните Македонци во РМ...

Колумната на претседателот на УМС на ВМРО-Народна партија, Дино Блажевски, во нашата младинска он-лајн колумна за историјата на борбата за независност на Македонија не им се бендисала на повеќемина наши посетители што ја прочитале. Главно му забележуваат дека треба да ја остави историјата и да понуди нешто ново за нас младите, како што напишал Другар од Скопје. А Реален напишал дека ако „политичаров“ имаше нешто да понуди, досега ќе понудел, а не да продавал ветер и магла како во сите колумни.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG