Достапни линкови

Милионска владина тераса за сиромашна раса


Барокна фасада на зградата на македонската влада.
Барокна фасада на зградата на македонската влада.

Милионска владина тераса, уште поскапо панорамско тркало, но што е со поприоритетните потреби на граѓаните?

Дека зградата на владата ќе стане барокна, граѓаните знаеја поодамна, но дека со новиот изглед ќе добие и тераса, се дозна деновиве откога се објави дека дополнителни 1,1 милион евра ќе се потрошат на „изработка на тераса со посебна заштита и кровна проодна тераса за објектот на Владата“, како што конкретно објави Службата за општи и заеднички работи. Меѓу последните вести поврзани со новите градби стигна и информацијата дека со 15,5 милиони евра буџетски пари ќе се финансира панорaмското тркало во Центарот на Скопје.

Зависи за што ќе служи таа тераса, на пример ако има потреба да слета хеликоптер или да се одржуваат приеми на странски делегации, тоа е добро, а и изгледа убаво за градот и ќе биде и посетено и ќе бидеме претставителни за во странство.
Анкетиран граѓанин.

Дел граѓани сметаат дека ваквиот тип на проекти не се неопходни.

„Зависи за што ќе служи таа тераса, на пример ако има потреба да слета хеликоптер или да се одржуваат приеми на странски делегации, тоа е добро, а и изгледа убаво за градот и ќе биде и посетено и ќе бидеме претставителни за во странство.“

Панорамско тркало.
Панорамско тркало.

„Не треба ништо да прават на плоштад, го оградиле, па не може човек да пројде.“

„Некој нека направи статистика на овие два нови моста кои се направени колку пешаци поминуваат сега, а уште и трет мост.“

Убаво е тоа да се прави, но би било убаво првин да се прашаат сиромашните кои немаат да јадат и да пијат, нема што да облечат. Има фамилии по 4-5 челна, а никој не работи.
Анкетиран граѓанин.

Речиси сите со кои разговаравме велат дека има поприоритетни работи на кои би можеле да се потрошат тие пари. Зависно од кој каква мака има тоа и го смета за првенствено за инвестиција.

„Јас затоа што работам во Македонски Железници, треба повеќе да се вложува таму, пругите да се направат, возилата, да се патува побрзо.“

„Убаво е тоа да се прави, но би било убаво првин да се прашаат сиромашните кои немаат да јадат и да пијат, нема што да облечат. Има фамилии по 4-5 челна, а никој не работи.“

„Сето тоа е добро, само ова со здравството не е добро.“

„Можеше во други сфери да се потрошат, тоа многу пари се, јас не запомнив точно колку се, но мислам дека една локомотива со комплет превозни средства за железница е многу поевтино.“

„Треба платите да ги покажат на луѓето, тоа е.“

Граѓаните својата поддршка или несогласување со проектот Скопје 2014 година најверојтно ќе можат да го кажат и на референдум. Имено, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски најави дека наесен ќе направи анкета и ако има расположение директно граѓаните ќе ги прашал што да се случува со владиниот проект. Тој беше дециден дека ако центарци одлучат ќе следи и преместување на дел споменици.



  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG