Достапни линкови

Вртелешката стигна, се чека Панорамското тркало


Новиот карусел според Бирото за јавни набавки чини 162 илјади евра. Туристите и пензионерите кои ги сретнавме покрај каруселот велат дека им се допаѓа, а Младите луѓе кои минуваа покрај него изненадени од брзото поставување иронично велат дека новата вртелешка се совпаѓа со изгледот на целиот плоштад за да личи на циркус.

Пони коњчиња со ангелчиња на задниот дел, кочии и ротирачки чаши се дел од плоштадот во Скопје. Меѓу спомениците на плоштадот во неделата навечер никна новата вретелешка. Новиот карусел според Бирото за јавни набавки чини 162 илјади евра. Добитник на тендерот со преговарање без објавување на оглас е Технометал Вардар. Како објаснување за таквата тендерска постапка во документот објавен на интеренет страната на Бирото за јавни набавки е наведено дека не постоело доволно конкуренција за поинаква набавка.
Многу е убаво, што им фали? За нашите деца е, кога доаѓаат со родителите да си се вртат. Нашиот плоштад е најубав во светот.
Анкетиран граѓанин.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во изминативе две години распиша вкупно 6 тендери за набавка на каруселот кои завршија неуспешно. Договорот е склучен во септември 2012 година. Иницијатор за поставување на вртелешката е Градот Скопје, кој за реализирање на проектот го
субвенционираше „Паркови и зеленило“ со 10 милиони денари.

Туристите и пензионерите кои ги сретнавме покрај каруселот велат дека им се допаѓа.
Од една страна убаво е што е ретро, а од друга страна прашањето е дали местото и е тука на ваква пластика во однос на бронзени и мермерни градби, тоа ми е дилемата.
Анкетиран граѓанин.

„Многу е убаво, што им фали? За нашите деца е, кога доаѓаат со родителите да си се вртат. Нашиот плоштад е најубав во светот.“

„Убаво е, ќе биде интересно за децата“, вели туристка од Србија.

Младите луѓе кои минуваа покрај него изненадени од брзото поставување иронично велат дека новата вртелешка се совпаѓа со изгледот на целиот плоштад за да личи на циркус.

„Ова сега е ставено? Па вчера не беше тука. Таман се да биде циркус.“

„Сите бои убаво ни стојат.“

„Не би рекол дека местото и е тука.“

„Од една страна убаво е што е ретро, а од друга страна прашањето е дали местото и е тука на ваква пластика во однос на бронзени и мермерни градби, тоа ми е дилемата.“

Во програмата на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски како проект е наведено и поставување на Паноранско тркало во централното градско подрачје на реката Вардар. Рокот за исполнување на ова ветување е до 2017 година, но не е наведено колку пари се очекува да чини.

Само во изминатава недела откако завршија локалните избори во општина Центар преку ноќ никнаа околу 40 помали споменици. Тогаш новиот градоначалник Андреј Жерновски кој сè уште не ја презел функцијата изјави дека тоа е последното нагрдување на општината и дека нема да дозволи ниту еден сантиметар од општината да се моделира без да се прашаат граѓаните.

Во меѓувреме невладината организација „Плоштад Слобода“ со писмена рекација побара од Жерновски да го отстрани рингишпилот тврдејќи дека е дивоградба.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG