„Таа партија и таа енергична, бескомпромисна политичка личност беа, како што веднаш се покажа, пресудниот фактор да успее заветниот македонски проект, макар само во вардарскиот дел на Македонија. Затоа токму нивниот влог има света вредност за македонската историја и современост – остварувањето на вековниот македонски сон: самостојна и суверена македонска држава“.
Ако тогаш, знаејќи какви времиња биле, сепак младите успевале да го кренат гласот, зошто пак денес се толку тивки, односно зошто денес владее стравот наместо револуционерниот младешки дух.
Со овој извадок од една култна книга која го опишува стремежот за независна и суверена држава сакам да ја започнам постпразничната колумна.
На почетокот Би сакал да го известам претседателот на еден политички подмладок, а притоа потсетувајќи го на Разловечкото востание и славната „Пијанечка Република“, дека стремежот за национално ослободување и независна држава доаѓа до израз дури седумнаесет години пред формирањето на МРО, а потоа ВМРО како што вели самиот. Не му го земам за зло, бидејќи нормално е човек да не е до крај запознаен со својата историја, а бидејќи сме луѓе, секој ден учиме по нешто ново, така и за историјата која од ден на ден, за жал, се повеќе се извртува.
Поминуваа години на разни премрежја, падови и воздигнувања, златни години за македонските младински движења, глас креваа студенти, средношколци, се бранеше татковината, младите го живееја сонот наречен - Република Македонија, држава која се стреми да биде достоен дел од европското семејство, стремеж кој произлегува токму од самата историјата.
Почнувајќи од почетоците на идејата за македонската држава, па се до денес, доста голем удел и одговорност преземаат токму младите, во времињата на борбата за национално ослободување токму младите го креваат револуционерниот глас и борбениот дух кој години подоцна ќе го верификуваат иницирајќи слободна, суверена и независна држава.
На неколкумина им требаше само осум години да од слободна држава ја вратат Македонија 60 години наназад во состојба од која допрва народот ќе ги чувствува последиците на таа осумгодишна авантура која се уште трае.
Кога зборувам со помладите генерации со неверување пристапуваат кон овие информации и прашуваат каде лежи проблемот, ако тогаш, знаејќи какви времиња биле, сепак младите успевале да го кренат гласот, зошто пак денес се толку тивки, односно зошто денес владее стравот наместо револуционерниот младешки дух.
Ако на македонскиот народ му беа потребни сто и петнаесет години (односно четириесет и три, од претпоследното ослободување) да извојуваат културно-историска победа и покрај сите притисоци и неправди нанесени од блиското минато и да формираат независна држава, на неколкумина им требаше само осум години да од слободна држава ја вратат Македонија 60 години наназад во состојба од која допрва народот ќе ги чувствува последиците на таа осумгодишна авантура која се уште трае.
Можам со сигурност да кажам и докажам дека младите во Македонија никогаш не се откажаа од својата татковина, како тогаш и сега новите генерации млади мора да бидат порешителни во своите намери да изградат попросперитетна млада сила и да го оправдаат она добро познатото „младите – иднина на државата“.
Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија како доста млад, но коренест и искусен подмладок , секогаш цели кон просперитет, не вртејќи се наназад, учејќи од некои грешки, но и унапредувајќи ги идеите и начелата за кои македонската младина се бори.
Нека сето тоа што денес го чувствуваме како млади не инспирира и мотивира да се избориме за нашите права и одговорности како луѓе кои ја пишуваат, а не згаснуваат историјата на Македонија.
Нека Ни е честита и вековита независноста на Македонија!