Следејќи ги изјавите на старо-новиот претседател и еден старо-нов министер се запрашав чуму ни се прослави по повод Денот на Европа, кога со своите погрешни политики кои ги нижат од ден на ден сè повеќе и повеќе не оддалечуваат од патот кој го заоди Македонија на деветти ноември 2005 година добивајќи кандидатски статус?
Посебно ме загрижи настапот на погоре наведениот „претседател“ кој отворено кажа дека Европската унија води погрешна политика и дека Македонија била разочарана од некои нејзини одлуки. Зарем претседателот со своите бисерни четири години владеење може да донесе заклучок дека Македонија за 23 години независност била разочарана од постапките на Европската унија?!
Господине старо-нов претседател, што тоа Вие направивте за просперитетот и побрзиот влез во ЕУ па да смогнете сили и искритикувате сè живо и диво во Европската унија? Дали можеби прераскажаните приказни за Хунзите и Калашите, намигнувањето со Обама или, пак, извезените млади умови последниве осум години по европските држави?!
Со што Македонија може да се пофали дека работи на случајот наречен „влез во НАТО и ЕУ“, демократските избори за кои и Венецуела може да ни позавиди или, пак, (не)успешниот попис кој полека полека го зема својот данок или подиректно кажано, го покажува своето вистинско лице во вид на црна статистика токму поради сè поизразеното иселување на Македонскиот народ. Дали некој од власта се прашува и може да одговори на прашањето, дали Македонија се движи по вистинскиот пат? Верувам, прашање кое го мачи секој Македонецм особено младите во моментов.
Од друга страна, не ме изненади изразениот идеолошки пристап на значењето на вчерашниот ден од страна на еден старо-нов лик, министер од редовите на ДПМНЕ. Ме чуди што е тоа што толку ги оддалечува од принципите на вистинската идеологија врз која се роди токму партијата преку која министерствува. Се прашувам зошто власта не се потруди истиот пристап да го прикаже и на прославите на стогодишнината од Охридското востание или, пак, Тиквешкото кои се по дифолт важни за македонската историја, а за кои македонската јавност малку знае поради забраната на минатиот систем идеолошки близок со сегашната партија на власт која важеше за најмакедонската партија, некогаш.
На крајот сакам да споделам еден детаљ кој го забележав сосема случајно во текот на еден прилог за посетата на старо-новиот министер кој во екот на празничната еуфорија учениците од едно основно училиште во Општина Кисела Вода му го пренесоа во вид на порака која гласеше:
„Ние (младите) мора да сме онаа промена која сакаме да ја видиме во светот.“
Е сега, колку младите во Македонија се почитуваат како „промената“ која сакаме да ја видиме во светот нека кажат самите млади, оние што преостанаа, па потоа сите останати во Македонија.
Дали некој од власта се прашува и може да одговори на прашањето, дали Македонија се движи по вистинскиот пат? Верувам, прашање кое го мачи секој Македонецм особено младите во моментов.
Посебно ме загрижи настапот на погоре наведениот „претседател“ кој отворено кажа дека Европската унија води погрешна политика и дека Македонија била разочарана од некои нејзини одлуки. Зарем претседателот со своите бисерни четири години владеење може да донесе заклучок дека Македонија за 23 години независност била разочарана од постапките на Европската унија?!
Господине старо-нов претседател, што тоа Вие направивте за просперитетот и побрзиот влез во ЕУ па да смогнете сили и искритикувате сè живо и диво во Европската унија? Дали можеби прераскажаните приказни за Хунзите и Калашите, намигнувањето со Обама или, пак, извезените млади умови последниве осум години по европските држави?!
Со што Македонија може да се пофали дека работи на случајот наречен „влез во НАТО и ЕУ“, демократските избори за кои и Венецуела може да ни позавиди или, пак, (не)успешниот попис кој полека полека го зема својот данок или подиректно кажано, го покажува своето вистинско лице во вид на црна статистика токму поради сè поизразеното иселување на Македонскиот народ. Дали некој од власта се прашува и може да одговори на прашањето, дали Македонија се движи по вистинскиот пат? Верувам, прашање кое го мачи секој Македонецм особено младите во моментов.
Од друга страна, не ме изненади изразениот идеолошки пристап на значењето на вчерашниот ден од страна на еден старо-нов лик, министер од редовите на ДПМНЕ. Ме чуди што е тоа што толку ги оддалечува од принципите на вистинската идеологија врз која се роди токму партијата преку која министерствува. Се прашувам зошто власта не се потруди истиот пристап да го прикаже и на прославите на стогодишнината од Охридското востание или, пак, Тиквешкото кои се по дифолт важни за македонската историја, а за кои македонската јавност малку знае поради забраната на минатиот систем идеолошки близок со сегашната партија на власт која важеше за најмакедонската партија, некогаш.
Со што Македонија може да се пофали дека работи на случајот наречен „влез во НАТО и ЕУ“?