Најпрвин на сите православни христијани им го честитам утрешниот празник Восресение Христово – Велигден. Со оглед колку се тешки последните денови од седмицава, до утре, решив со оваа колумна да укажам на неколку важни претстојни моменти.
Иако некои партии своите кампањи ги почнаа со опасна реторика која може да остави далеку полоши последици, ќе ги повикам моите колеги од политичките подмладоци врз основа на неодамна потпишаната декларација за „слободни и фер избори“ да се придржуваат кон пропишаните начела. Време е да покажеме и докажеме зрелост како политичари кои ќе ја кројат иднината на Македонија.
Исто така сакам на сите млади да им порачам своето елементарно право на глас да го искористат онака како што доликува, по свое убедување, а не на сметка на некои туѓи интереси, бидејќи токму од нас зависи иднината на државата, а и иднината на нас младите како нејзин нераскинлив дел.
Врз основа на последните инциденти кои се случија деновиве упатувам остра реакција. Доста се искористуваат младите како параван и жив штит за некој кој одзади си трие раце. Си играте со оган и вие тоа многу добро го знаете. Дозволете државата да просперира, младите да добијат квалитетно образование и да им се почитуваат основните права и слободи запечатени со соодветен Закон за млади, а на пензионерите да им се овозможи достоинствено да со го живеат животот.
Ете, само толку за почеток ѝ е потребно, а камоли кога Македонија би влегла во ЕУ и НАТО. Кога би ги решиле дузината економски и социо-општествени проблеми. Затоа сакам уште еднаш да кажам и повикам. Покажете зрело размислување и со здрав разум дадете глас за подобро утре токму за нас младите, глас за повисоки економски стандарди, глас за слобода и демократија, глас за ослободување од стегите во кои се наоѓаат младите и нивно претставување како достоен дел од државата. Глас за Македонија во Европа, сега!
Сакам на сите млади да им порачам своето елементарно право на глас да го искористат онака како што доликува, по свое убедување, а не на сметка на некои туѓи интереси.