Повиците кои можат да се слушнат од предизборните настапи на партиите од власта од налик на фарса на почетокот преминуваат во опасна реторика на етнички поделби, предупредуваат дел од експертите посочувајќи и на инцидентите кои се случија деновиве. На речиси сите митинзи ВМРО-ДПМНЕ ја нагласува потребата да се добијат 62 пратеници за да не трпи уцени од ДУИ, а ДУИ да се гласа за 25 пратеници за партијата да има поголемо влијание во Владата, што на почетокот делуваше како договор меѓу двете партии, на терен се покажува дека народот не ја чита на таков начин оваа порака, туку ја слуша како реалност, вели политикологот Кире Василев.
„Има дел од народот кои се приврзаници на таа националистичка кауза и за нив прашање на зелено светло дали да одат и да прават етнички чистења или да се тепаат со Албанци и ова веројатно го толкуваат како зелено светло. Не можат да ја контролираат масата, затоа што ВМРО-ДПМНЕ има премногу активности сега со митинзите и сите некои такви поединечни инциденти им се ми се чини пресметани и ќе се обидат да ги спинуваат преку Министерството за внатрешни работи, како што во основа и се случува, инцидентот во Радишани на пример итн.“, вели Василев.
Тука веројатно се заборава, вели аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот за слободна мисла НИСМА, дека премиерот се кандидира за премиер на сите граѓани, како и претседателот на државата за претседател на сите.
„Кога таа реторика ќе се комбинира со аздисаноста на сите страни, почнувајќи од психолошкиот терор кој го вршеше ДУИ да не се гласа во првиот круг на претседателските избори, комбинирано со случувањата во Радишани, во Лисиче, може да предизвикаат дополнителни етнички и интраетнички моменти кои нема да може да се контролираат“, вели Рамадани.
Сето ова е последица на недоволната аргументираност за потребата од овие предвремени парламентарни избори, но и на немањето понуда и одговор за суштествените проблеми со кои се соочува државата, додава Рамадани.
Откако не беше прифатена идејата за излегување на претседателските избори со консензуален кандидат за претседател, ДУИ повика на бојкот на изборите, но рече и дека идниот претседател нема да ја има поддршката на Албанците и таа институција кај оваа етничка заедница нема да има легитимитет. На овој начин не се почитува мултиетничноста на државата, порачаа од ДУИ.
Има дел од народот кои се приврзаници на таа националистичка кауза и за нив прашање на зелено светло дали да одат и да прават етнички чистења или да се тепаат со Албанци и ова веројатно го толкуваат како зелено светло.Кире Василев, политиколог.
„Има дел од народот кои се приврзаници на таа националистичка кауза и за нив прашање на зелено светло дали да одат и да прават етнички чистења или да се тепаат со Албанци и ова веројатно го толкуваат како зелено светло. Не можат да ја контролираат масата, затоа што ВМРО-ДПМНЕ има премногу активности сега со митинзите и сите некои такви поединечни инциденти им се ми се чини пресметани и ќе се обидат да ги спинуваат преку Министерството за внатрешни работи, како што во основа и се случува, инцидентот во Радишани на пример итн.“, вели Василев.
Тука веројатно се заборава, вели аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот за слободна мисла НИСМА, дека премиерот се кандидира за премиер на сите граѓани, како и претседателот на државата за претседател на сите.
Mоже да предизвикаат дополнителни етнички и интраетнички моменти кои нема да може да се контролираат.Рамадан Рамадани, аналитичар.