Достапни линкови

Незадоволство има, но „третиот“ не успева


Граѓаните велат дека сакаат трета опција, дека се незадоволни од политиките на двете водечки партии, но преферираат да не гласаат, отколку да го дадат гласот за некој трет. Во земјава традиционално „третиот“ не успева.

Граѓаните пред секои избори велат дека не се задоволни од партиите кои се главни играчи на политичката сцена. Ќе речат дека досега се видело дека и од едните и од другите ништо не бива, дека е време за нешто ново, за некоја трета опција, но денот на гласањето покажува дека помалите партии претенденти за некаква трета опција не наидуваат на добар прием кај гласачите.
Нивните лидери и раководствата на тие партии како да даваат знаци дека се подготвени да се припојат кон една или кон друга партија, така што некако не успеваат да ја активираат таа трета опција.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.


Пред овие избори се појавија неколку новоформирани политички партии, но сепак битката ќе остане да се води меѓу најголемите партии, велат познавачите. Партиите не нудат нова идеја, гласачите не гледаат алтернатива и повторно си гласаат за едните или за другите, или против едните или другите, а оние кои се незадоволни од политиките на водечките партии, повеќе претендираат да не гласаат, отколку да го дадат својот глас туку- така.


Последните неколку изборни процеси покажаа дека голем дел од граѓаните не гласаат, со што се создава простор за трета опција, но искуството досега вели дека ниту една помала партија не се наметна сериозно, а камоли да прерасне во трета опција. Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека малите партии уште на стартот не се подготвени за подолги стази,
Кај нас нема сиво, сето е бело или црно, чини или не чини. Во историјата на македонскиот народ луѓето се или супер или издајници.
Александар Цветкоски, АГТИС.
​.

„Не успеваат да се консолидираат како партија со јасна визија, со јасен концепт и тука не издржуваат. Обично нивните лидери и раководствата на тие партии како да даваат знаци дека се подготвени да се припојат кон една или кон друга партија, така што некако не успеваат да ја активираат таа трета опција.“

Александар Цветкоси од невладината АГТИС вели во земјава секогаш се гласа „за“ или „против“, и традиционално „третиот“ не успева.

„Кај нас нема сиво, сето е бело или црно, чини или не чини. Ова не е само политиколошки феномен, туку е малку и етно -психолошки, затоа што и во историјата на македонскиот народ луѓето се или супер или издајници, а во последно време тоа е мошне експлоатирани и од политиката, во последните 10 години.“

Друг проблем е што луѓето не се многу аналитички настероени кон програмите на партиите, додава Цветкоски.

„Луѓето не гледаат дале е нешто можно или не, дали е потребно, дали е тоа нешто што и треба на македонија или е нешто само како да се добијат гласови, на луѓето со тоа не ја оптоваруваат главата и секогаш гласаат по симпатии.“

Рамадани додава дека помалите „човек- партија“ во земјава развиле еден модел кој се покажал доста успешен за нив, односно тие се приклонат кон некоја поголема опција и на тој начин се надеваат на пратеничко место или место во влада, или пак одат да ја зајакнуваат опозијата или придонесуваат кон нејзино цепкање, а ретко се одлучуваат да одат сами.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG