Со здружени сили ВМРО-Народна партија, ЛДП, Достоинство и Обединети за Македонија ќе се обидат да и се спротистават на владејачката коалиција. Но, дали граѓаните се подготвени да заборават на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои во изминатите годни ја окупираа политичката сцена и да го дадат својот на глас на трета партија.
Експертите се скептични и тие сметаат дека колку и да е подготвена третата опција нема да успее да ја освои довербата кај граѓаните. Професор Здравко Савески вели дека кај македонскиот грѓанин има еден чуден феномен. Иако тие покажуваат незадоволство од политиките кои ги водат ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, сепак не би се осмелиле да го дадат нивниот глас на некој друг.
„Главниот проблем со третите опции во Македонија е перцепцијата на граѓаните дека им пропаѓа гласот ако гласаат за трета опција, иако тоа не е фактографски точно, согласно нашиот пропорционален изборен систем.“
Политичкиот аналитичар Артан Садику вели дека години наназад помалите партии, особено пред изборите, играат на картата на преструктуирање во обид да се претстават како алтернатива. Но според него, тие имаат шанса да се наметнат, ако во иднина се зголеми незадоволството кај граѓаните и ако понудат нешто ново.
„Особено ако веќе постои мобилизирање на нови луѓе со нова политичка аргументација, нова политичка реторика и може да дадат нешто навистина ново во смисла редикално, суштинско, различно политичко гледање на државата и особено на социјалните состојби во државата.“
Според Савески, фактичката ситуацијата на терен покажува дека третата опција би можела добро да помине на избори.
„Оваа коалиција, според последните резултати од парламентарните избори, може да влезе во парламентот. Комбинираниот збир на нивните гласови тоа им го гарантира и тука може да се гледа причината зашто тие се обединиле.“
Садику смета дека најголемиот предизвик на некоја нова политичка опција би и било излегувањето од поставените рамки на досегашните партии и особено да се бори против партизирање на граѓаните.
„Со еден таков процес на политизирање на граѓаните, кој не е еднаков на партизацијата на граѓаните и на општеството, сметам дека може да се мобилизира доста критична маса за поддршка на една таква реална нова политичка алтернатива во Македонија.“
Според експерите, третата политичка опција би требало да претставува и врзивно ткиво на сите етнички заедници во земјата.
Главниот проблем со третите опции во Македонија е перцепцијата на граѓаните дека им пропаѓа гласот ако гласаат за трета опција, иако тоа не е фактографски точно, согласно нашиот пропорционален изборен систем.Здравко Савески, универзитетски професор.
Експертите се скептични и тие сметаат дека колку и да е подготвена третата опција нема да успее да ја освои довербата кај граѓаните. Професор Здравко Савески вели дека кај македонскиот грѓанин има еден чуден феномен. Иако тие покажуваат незадоволство од политиките кои ги водат ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, сепак не би се осмелиле да го дадат нивниот глас на некој друг.
„Главниот проблем со третите опции во Македонија е перцепцијата на граѓаните дека им пропаѓа гласот ако гласаат за трета опција, иако тоа не е фактографски точно, согласно нашиот пропорционален изборен систем.“
Со еден таков процес на политизирање на граѓаните, кој не е еднаков на партизацијата на граѓаните и на општеството, сметам дека може да се мобилизира доста критична маса за поддршка на една таква реална нова политичка алтернатива во Македонија.Артан Садику, политички аналитичар.