Достапни линкови

Свои на своето


Дино Блажевски, претседател на УМС на ВМРО-НП.
Дино Блажевски, претседател на УМС на ВМРО-НП.

Ние младите, пак, пред избори се изнапотпишавме декларации, договори и меморандуми, но како да подзаборавивме на нешто далеку посуштинско за нас младите во државава, Законот за млади, пишува претседателот на УМС на ВМРО-НП, Дино Блажевски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Изборите завршија, сагата со пратеничките мандати на опозицијата продолжува налик шпанска серија, а и кому не му се драги пратеничките платички и дополнителни приходи од некакви комисии?! Ние младите, пак, пред избори се изнапотпишавме декларации, договори и меморандуми, но како да подзаборавивме на нешто далеку посуштинско за нас младите во државава, Законот за млади.
Ние младите, пак, пред избори се изнапотпишавме декларации, договори и меморандуми, но како да подзаборавивме на нешто далеку посуштинско за нас младите во државава, Законот за млади.

Дали сè уште тежнееме кон тоа Македонија да има цврста и просперитетна младина каква што и заслужува, според она што го гледам, а верувам и сите Вие државата во ниеден случај не се дрзна да го отвори ова прашање кое можеби е клучот за решение на проблемите со кои се соочуваат младите, или она што остана од младите во Македонија.

Континуитетот на молчењето околу ревидирањето или реформирањето на тогаш постоечкиот Закон за млади на државата траеше од 2006 до 2011 година кога невладиниот сектор, младинските организации, организациите за млади и политичките подмладоци за прв пат после долго време кренаа глас и побараа нов Закон за млади, кој би се подготвил со заедничка работа помеѓу сите организации кои ги засега токму законот за млади.

Тој, да речеме прв чекор го направија скоро 45 младински и граѓански организации меѓу кои и политичките подмладоци со поднесување на предлог-закон за млади изработен со консултации и меѓусебна соработка помеѓу организациите кои ги застапуваат младите во државата. Со самиот тој чин, организациите, односно младите покажаа зрелост и спремност во подготовката на предлог-законот за млади, парче хартија која требаше да биде признаена од парламентот и денеска наместо после првиот неуспех на некој млад човек во неговата борба за подобро утре да бегаат од државата, да се повикуваа токму на тој Закон за млади.

Молчеливо работејќи настрана од целата таа бука околу Законот, власта реши врз основа на истиот тој пречистен предлог-закон за млади на невладиниот сектор и политичките подмладоци да направи измени врз истиот и да го одобри. Со што, според некоја нивна логика ќе беа задоволени барањата на едната страна, а од друга страна ќе се зголемеше во голема мера контролата на Владата врз законот и пропратните елементи кои би следеле со неговото донесување.
Дали власта планира да излезе еднаш во пресрет на барањата на младите во државава или и понатаму ќе ги маргинализира нивните барања и понатаму ќе ги искористува за реализирање на нечии лични или партиски интереси.

Од тогаш до денеска дебата за Законот за млади скоро и да нема, благодарение на некои организации седнавме на иста маса сите политички подмладоци, докажавме дека можеме преку дијалог да манифестираме единство во поглед на прашања со кои директно се засегнати младите, формиравме Национален младински совет (кој по некоја случајност власта не го признава) преку кој младинските организации, организациите за млади и политичките подмладоци би решавале за клучните прашања од суштинско значење за младите во Македонија, меѓу кој е и токму Законот за млади.

Но што од сето ова? Дали воопшто некој се запрашал или помислил на ова прашање, кој е заклучокот од сите овие моменти? Дали власта планира да излезе еднаш во пресрет на барањата на младите во државава или и понатаму ќе ги маргинализира нивните барања и понатаму ќе ги искористува за реализирање на нечии лични или партиски интереси.

Кога младите еднаш ќе се почувствуваат како вистински нераскинлив дел од државата, со тоа што ќе ги уживаат своите основни права и со тоа што ќе добијат шанса да си ја кројат самите иднината во која тие најдобро би се чувствувале, свои на своето?

Ние сме спремни, Вие сте на потег.
XS
SM
MD
LG