Достапни линкови

Тетовската гимназија - едно од најголемите училишта во земјата


Тетово.
Тетово.

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми вели дека од догодина тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ ќе се подели на две различни училишта.

Трите илјади ученици во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ и оваа учебна година настава ќе посетуваат во дури пет различни објекти. И овој пат нема реализација на најавите за поделба на гимназијата на два правни субјекти, односно две училишта, поради огромниот број ученици.

Општина Тетово веќе покрена постапка за формирање на нов субјект, односно поделба на гимназијата на два субјекта.
Абдулаќим Адеми, министер за образование.

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, тврди дека оваа учебна година е последната во која наставата се одвива според досегашните услови.

Теута Арифи.
Теута Арифи.

„Гимназијата во Тетово е едно од најголемите училишта во Македонија. Општина Тетово веќе покрена постапка за формирање на нов субјект, односно поделба на гимназијата на два субјекта. Така што, постапката продолжува понатаму, Владата треба да даде согласност и се надеваме дека до крајот на годината ќе се формира таков субјект“, изјави Адеми.

Секако дека за другиот субјект ќе бараме друг простор, значи друг објект имајќи го предвид фактот дека сега користиме објект на основно училиште.
Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Освен одвивањето на формалната процедура, општината не го решила и прашањето каде ќе се сместат учениците од условно речено новото училиште. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, најавува дека ќе се гради и нов објект.

„Секако дека за другиот субјект ќе бараме друг простор, значи друг објект имајќи го предвид фактот дека сега користиме објект на основно училиште. Сметаме дека со уште еден објект на средно училиште за Тетово и за околината дефинитивно би го затвориле процесот и проблемот викан средно образование“, изјави Арифи.

Од друга страна, објектите каде сега се учи се стари, па министерството и општината трошат значителни средства за реновирање. Летово се искористија 250 илјади евра за подобрување на инфраструктурата.

„Се работи за средно училиште кое оваа година ќе полни 70 години од своето постоење. Апсолутно дека беше ургентно и потребно да се инвестира и мислам дека тоа ќе биде во полза и на учениците и на наставниците и на самите граѓани“, вели градоначалничката Теута Арифи.

Општинските власти се пофалија дека во прилог на состојбата им оди тоа што годинава наместо за гимназија се бележи зголемување на интересот за стручните средни училишта за 30 проценти.

XS
SM
MD
LG