Најавените советодавни обуки за наставниците кои имаат отстапување во оценувањето на екстерното тестирање се дискутабилни и на површина ќе ги исфрлат слабостите на проектот, реагираат дел од наставниците. Со оглед на сериозните слабости на моделот на екстерното тестирање, предложените обуки не се можност образованието да се здобие со квалитет смета професор Горица Илиоска од едно средно училиште во Скопје.
Апсолутно не е потребно, тоа е само едно понижување на наставниот кадар, кое доведува само до намалување на квалитетот во образованието.Горица Илиоска, професор во средно училиште во Скопје.
„Апсолутно не е потребно, тоа е само едно понижување на наставниот кадар, кое доведува само до намалување на квалитетот во образованието, затоа што се изгуби мотивацијата, се изгуби желбата за успех, за самодокажување. Ова е нешто сосема спротивно од сето тоа. Само негативни последици може да има“, вели професор Илиоска.
Таа не гледа основаност наставниците да бидат вреднувани преку екстерното оценување. Оценката е резултат на севкупната работа во текот на годината, вели Илиоска.
Затоа што некој ќе се замисли и ќе рече можеби треба да бидам малку пообјективен при оценувањето, да не попуштам многу, затоа што еве ученикот не знае.Јулија Петровска, професор во основно училиште во Скопје.
Има наставници кои не гледаат ништо лошо да се провери, зошто има толкаво отстапување во оценувањето, меѓутоа тие нагласуваат дека има повеќе типови оценување и можно е случајно да има толкав дисбаланс.
„Секогаш може да се добијат и позитивните страни на секоја работа, затоа што некој ќе се замисли и ќе рече можеби треба да бидам малку пообјективен при оценувањето, да не попуштам многу, затоа што еве ученикот не знае. Сега дека наставникот е вреднува на овој начин, малку тоа е сомнителна работа, затоа што не можеме да кажеме дека тоа е целиот труд на наставникот, коментира професор Јулија Петровска од основно училиште во Скопје.
Професорите завршиле факултет, ги положиле сите потребни испити и сега некој советодавен орган да ги советува како да оценуваат, тоа не е во ред.Љатиф Исмаил, професор во средно училиште во Тетово.
По објавувањето на Ранг листата на наставниците од основните и средните училишта, направена според резултатите од екстерното оценување, меѓу наставниците има многу нејаснотии за советодавните обуки.
Како ќе се организираат останува на Бирото за развој, но тие не се прифатливи за Љатиф Исмаил професор во средно економско училиште во Тетово. Тој нагласува дека не е важно учениците да се борат за оценка, туку да стекнуваат знаење.
„Не е прифатливо. Професорите завршиле факултет, ги положиле сите потребни испити и сега некој советодавен орган да ги советува како да оценуваат, тоа не е во ред.“
Според извештаите околу 4.000 наставници направиле отстапувања во оценувањата на ланското екстерно тестирање со кое беа опфатени речиси 20 илјади наставници, а за годинешното тестирање нема резултати.
Моделот на екстерно тестирање е една од причините за незадоволство на Синдикатот за образование и наука кои на последниот протест бараа од надлежните да го ревидираат концептот на спроведување на екстерното оценување.