Екстерното оценување кај нас е упропастено, ова што сега го практикуваат тоа не е екстерно тестирање, оценува поранешниот министер за образование Ненад Новковски. Тој вели дека екстерното тестирање секаде се поврзува со континуираното оценување и тоа треба да му помогне на наставникот да дознае за постигнувањата на ученикот, а не да и помага на државата да го контролира системот.
Но власта наголемо го пласира тестирањето во јавноста, а тоа не треба на таков начин да се третира, вели Новковски. Друга работа е колективното казнување, додава тој.
„Некој ќе прави колективно казнување врз основа на информатичка база на податоци, тоа е многу лош преседан за општеството, некој вовед во тоталитаризам, дека некој ќе ви направи пресметка на компјутер, кој треба да биде казнет, а кој не, масовно и врз основа на едно тестирање да донесе пресуди за казнување на огромен број на луѓе.“
Професор Исмаил Љатифи кој работи во средното училиште во Тетово го критикува овој инструмент, затоа што не секогаш дава реални резултати. Љатифи наведува примери кога одлични ученици поради емоции или други причини постигнале послаби резултати, а послаби ученици кои на среќа добиле добри оценки. Тој вели дека Министерството за образование треба да ги консултира сите чинители во образовниот систем и да се види дали овој проект има ефекти или е само губење на време.
„И кај професорите има една тишина, молчат, не реагираат, а тоа значи дека не би требало да се реализира овој проект, меѓутоа Владата мисли дека ова како реформа во образованието е добра. Наставниците секогаш ги прифаќаат тие реформи, меѓутоа ова не дава резултати.“
Љатифи вели дека екстерното тестирање на матурантите пред неколку месеци, покажало многу проблеми.
„Имаше прашања од материјал што ние како професори не сме го реализирале, на учениците им остануваа уште неколку месеци за да заврши годината, а имаше прашања од целиот материјал.“
Тој вели дека Министерството треба да им помогне на друг начин да се спроведат реформи во образованието.
Новковски вели дека ваквиот начин на спроведување на екстерното оценување, во голема мерка ќе влијае на подривање на вреднувањата на постигнатото. Континуираното оценување, секојдневното оценување, сето тоа паѓа во вода, вели Новковски.
„Се добива некое супер оценување, државата станува главен учител, таа оценува сè,се губи смислата на образованието, го подрива системот во темели и ќе биде многу тешко во иднина тоа да се поправи.“
Учесниците веќе ги имаат прашањата за претстојното екстерно тестирање. Екстерното во основните и средните училишта ќе се одржи од 2 до 10 јуни. Учениците ќе имаат можност да ги видат прашањата, но по кои предмети ќе полагаат ќе им биде кажано 3 дена пред екстерното тестирање. Од МОН очекуваат претстојното екстерно тестирање да помине во најдобар ред. Од таму велат дека новиот модел на спроведување на тестирањето веќе ги даде очекуваните позитивни ефекти, па затоа очекуваат и овој пат, процесот да биде успешно реализиран.
И Младинскиот образовен форум во публикацијата Анализа и препораки на екстерното тестирање нотира дека екстерното во земјава за приоритет има вршење контрола на наставниот кадар. Во анализата тие велат дека тестирањето треба да претрпи промени доколку целта на екстерното е да се подобри квалитетот на образованието. Во анализата се наведува дека професорот плашејќи се од казна, може да става средни оценки, но дали наставник кој има само двојки и тројки заслужува награда, прашуваат во анализата. Тие наведуваат дека објективноста на резултатите не е во директна врска со подобрување на квалитетот на образованието, па затоа сметаат дека објективноста при оценувањето не треба да биде цел сама по себе, затоа што тоа резултира со исплашени ученици, наставници и родители. МОФ останува на ставот дека екстерното треба да биде пилот проект се додека не стане сигурно дека начинот на спроведување ќе ги оствари целите.
Технички пропусти, тестирање без најава, пад на компјутерскиот систем во повеќе училишта, цели паралелки добиваа негативни оцени по одреден предмет, имаше прашања во тестови за кои учениците не учеле, лошо формулирани прашања и многу други нерегуларности беа обележје на минатите тестирања.
Некој ќе прави колективно казнување врз основа на информатичка база на податоци, тоа е многу лош преседан за општеството, некој вовед во тоталитаризам, дека некој ќе ви направи пресметка на компјутер, кој треба да биде казнет, а кој не.Ненад Новковски, поранешен министер за образование.
Но власта наголемо го пласира тестирањето во јавноста, а тоа не треба на таков начин да се третира, вели Новковски. Друга работа е колективното казнување, додава тој.
„Некој ќе прави колективно казнување врз основа на информатичка база на податоци, тоа е многу лош преседан за општеството, некој вовед во тоталитаризам, дека некој ќе ви направи пресметка на компјутер, кој треба да биде казнет, а кој не, масовно и врз основа на едно тестирање да донесе пресуди за казнување на огромен број на луѓе.“
Професор Исмаил Љатифи кој работи во средното училиште во Тетово го критикува овој инструмент, затоа што не секогаш дава реални резултати. Љатифи наведува примери кога одлични ученици поради емоции или други причини постигнале послаби резултати, а послаби ученици кои на среќа добиле добри оценки. Тој вели дека Министерството за образование треба да ги консултира сите чинители во образовниот систем и да се види дали овој проект има ефекти или е само губење на време.
Владата мисли дека ова како реформа во образованието е добра. Наставниците секогаш ги прифаќаат тие реформи, меѓутоа ова не дава резултати.Исмаил Љатифи, професор во средното училиште во Тетово.