Достапни линкови

МОФ бара екстерното да не важи годинава


Екстерно тестирање.
Екстерно тестирање.

Младинскиот образовен форум бара од надлежните институции да го прогласат тестирањето за пилот и да се отвори јавна дебата со цел да се се подобри тестирањето. Од министерство за образование велат дека ќе ги разгледаат забелешките, но оценките од екстерното тестирање ќе влезат во сведителствата.

Прашања на српски јазик или јазик кој што не им е мајчин на учениците, прашања коишто се однесуваат на материјал што не е предаден и неколку законски недоследности, се дел од забелешките на Младинскиот образовен форум за екстерното тестирање кое годинава за прв пат се спроведува. Нивната анализата укажува на технички пропусти, законски недоследности и укажува на сет мерки со кои системот може да се подобри.
Да се направат прилагодувања за следната година да се подобрува динамично квалитетот на образованието, нешто што кај нас не е експлицитно наведено, но треба да биде направено. Доколку целта на нашето тестирање беше да се подобри квалитетот, тогаш концептот мора да се промени.
Дона Костуранова, претседателката на МОФ.

Претседателката на МОФ Дона Костуранова бара од институциите годинава тестирањето да го прогласат за пилот односно оценките да не бидат заведени во нивниот краен просек, но да се искористат за да се направи квалитетна еваулација за да се подобри системот.

„Да се направат прилагодувања за следната година да се подобрува динамично квалитетот на образованието, нешто што кај нас не е експлицитно наведено, но треба да биде направено. Доколку целта на нашето тестирање беше да се подобри квалитетот, тогаш концептот мора да се промени.“
Дона Костуранова, претседателка на МОФ.
Дона Костуранова, претседателка на МОФ.

Ваквото тестирање може да цели само да ги уплаши професорите и учениците наспроти зацртаната цел да ја утврди објективноста на оценувањето и унапредување на образовниот систем, сметаат од МОФ.

Од ресорното министерство, пак, велат дека ќе ги разгледаат забелешките, но упатуваат и на можната одговорност на дел од професорите, кои очигледно прескокнувале делови од наставната програма. Сепак, оценките од екстерното тестирање ќе влезат во свидетелствата.
Како на пример во тестот за ликовно на некои од прашањата имало слики кои не им се отварале на учениците, а одговорот на прашањето е важен за оценката на ученикот, бидејќи поради тоа тие би требало да изгубат бодови не по своја вина, пота имало прашања кои не се на македонски јазик.
Антониот Даниловски, координатор на МОФ.

Од МОФ објаснуваат дека се појавиле серизни пропусти за време на тестирањето се прекршувањето на законските рокови за објавување на предметите за полагање, потоа непредвидувањето на негативна оценка (единица) па останува нејасно што ќе се случува со тие ученици кои што условно кажано ќе „ паднат “ на тестирањето и не се предвидени заштитни мерки во случај на течнички пропусти.

Во однос на техничките пропусти, проект координаторот на МОФ Антонио Даниловски вели дека биле забележани ситуации во кои исти прашања се повторувале, забележан е несразменост со материјалот којшто учениците го изучуваат како и технички проблеми со компјутерите кои ќе им донесат помалку бодови на учениците.
Антониот Даниловски, МОФ.
Антониот Даниловски, МОФ.

„Како на пример во тестот за ликовно на некои од прашањата имало слики кои не им се отварале на учениците, а одговорот на прашањето е важен за оценката на ученикот, бидејќи поради тоа тие би требало да изгубат бодови не по своја вина, пота имало прашања кои не се на македонски јазик. Ние кога дискутуравме за ова со ученици наидовме на еден проблем, учениците ни кажаа дека на некои од тестовите, имало прашања кои биле на српски јазик и многу од учениците не ги одговориле тие прашања.“

Министерот за образование Спиро Ристовски им порача на учениците кои полагаа екстерно тестирање за забелешките од тестовите да испратат известување до Државниот испитен центар.

„Можеби станува збор за погрешно пренесување на дел од наставната програма, можеби некои наставници надвор од наставната програма одлучиле да прескокнат некои содржински делови од определе учебник. Ние сме подготвени да ги разгледаме забелешките, да се соочиме со тие прашања кои за нив создавале дилеми меѓутоа јас сега не би сакал да квалификувам“, рече министерот.

Од друга страна, ваквото тестирање, пак, предизвикува фаворизирање на средните оценки, вели Костуранова.

„Каде што професорите од страв да не се случи таква девизијација или да не бидат казнети, варираат околу средната оценка (тројка) за да има помали девијации во случај на екстерното тестирање, што ќе доведе до некакво оштетување на самите ученици затоа што професорите внимавале или биле построги кон давањето на многу високи оценки или обратно за ниски оценки, наоѓајќи ги средните како некаково прибежиште.“

МОФ препорачува да се ревидираат целите на екстреното тестирање затоа што само проверка на објективноста на наставниците не е решение на проблемот, особено не кога тоа резултира со уплашении збунети натсавници и ученици.

Потребно е преку тестирањето да се увиди на што треба да се работи во иднина за да се поодбри квалитетот на наставата и знањеата кои ги добиваат учениците. Костуранова вели дека оваа реформа сама по себе не е лоша и може навистина да влијае на пообрување на квалитетот на образование ако навистина се прилагоди на образовните потреби.

МОФ апелира до министерството за образование, бирото за развој на образованието и државниот испитен центар да ги разгледаат недостатоците кои произлегле од тестирањето, ова да го прогласат како пилот, а вистински да го лансираат од следната година со што дотогаш има доволно време да се извршат корекции.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG