Достапни линкови

Паника од екстерното тестирање


Како и за многу други работи, сегашнава државна администрација главно се занимава со оценување на работи кои не можат да бидат оценети, коментира поранешниот министер за образование Ненад Новковски.

Едно е да го оценувате ученикот континуирано во текот на годината, односно за секоја тема одделно, а друго е на крај да го оценувате за сите работи нaеднaш. Ова е коментарот на повеќето професори и наставници по најавите дека од 27 мај до 10 јуни учениците во средните и основните училишта ќе треба да кажат се што научиле во текот на годината. Според промените што ќе ги донесе екстерното тестирање, ако оценката на тестот се разликува за една или повеќе оценки од онаа што ја напишал наставникот, тогаш во сведителството на ученикот ќе му стои средната оценка.
Како и за многу други работи сегашнава државна администрација главно се занимава со оценување на работи кои не можат да бидат оценети, значи дали луѓето правилно постапуваат и тн. Оценувањето на квалитетот на наставата е сосема поинаква работа.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

Професор Ненад Новковски, кој е и поранешен министер за образование, нагласува дека не може никогаш да се добие иста оценка за тие два различни начини на оценување и затоа тие никако не смее директно да се споредуваат, а не пак од нив да се изведуваат заклучоци за квалитетот на наставникот.

„Едно е кога ученикот раскажува за тоа што го учел од таа тема претходните часови, а друго е за целото знаење, и тие две оценки се сосема различни, можат силно да варираат независно од квалитетот на наставата.“

Учениците не се единствените што се вознемирени од промените што ќе ги донесе екстерното тестирање. Наставниците за кои ќе се утврди дека премногу попуштале или дека ги наградувале учениците најправо ќе добијат стручна помош од Бирото за развој на образованието,
Ако е целта со екстерното да се вреднуваат трајните вредноси, тогаш пак прашање е зошто децата пак одат континуирано на настава зошто постојано ги бараме нивните активности, домашни работи, нивниот ангажман?
Неименувана наставничка во скопско училиште.
како и казна од плата. Потоа ќе следува отказ.

„Апсолутно тоа не се однесува на некакво реално давање на оценки, ниту пак има смисла да се зборува за такви теми. Како и за многу други работи сегашнава државна администрација главно се занимава со оценување на работи кои не можат да бидат оценети, значи дали луѓето правилно постапуваат и тн. Оценувањето на квалитетот на наставата е сосема поинаква работа“, коментира Новковски.

Според најавите, десетина дена пред тестирањето кое ќе се изведе по електронски пат на учениците ќе им биде соопштена комбинацијата од два предмети за која ќе полагаат. Во јавноста веќе има информации дека причината поради која уште не се открива кои два предмети ученикот ќе ги полага е да не се направи контраефект односно ученикот да се фокусира само на нив занемарувајќи ги другите предмети. Замислата е да се добие комплементарна оценка, но наставниците реагираат дека тоа може да претставува само дополнување на оценката.

„Ако е целта со екстерното да се вреднуваат трајните вредноси, тогаш пак прашање е зошто децата пак одат континуирано на настава зошто постојано ги бараме нивните активности, домашни работи, нивниот ангажман? Ние имаме нивоа до кај е постигнато или не постигнато“, изјави наставничка од едно скопско училиште.

Од тестирањето ќе бидат поштедени единствено матурантите, поради испитот за државна матура. За да се провери техничката исправност на компјутерите последните месеци во неколку училишта во секој град се спроведуваше пилот тестирање.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG