Над 3.000 маскирани луѓе во саботата продефилираа по струмичките улици. На годинашниот Струмички карневал, покрај 2.500 домашни учесници, настапија и 26 групи со околу 650 учесници од странство, претежно од соседството.
Според проценките на организаторите, во саботата во Струмица, и покрај студеното време, имало околу 30.000 гости кои го проследија карневалот, а потоа до доцна во ноќта се забавуваа во струмичките кафулиња и дискотеки.
По традиција и годинава во друштвото на големата трибина на плоштадот Гоце Делчев во Струмица беше и претседателот на асоцијацијата на Европските карневалски градови Хенри Ван Дер Крон, кој на гостите од соседна Албанија им подари златен медал за маската „Влез во Европа“. Златни медали добија и Ристо Багашевски за неговиот 20 настап на Струмичкиот карневал и карневалските групи „Ѕвезден град“ и „Мулен руж“.
Повторно доминираа карневалските групи од над 50 маскирани лица во разни бои со костими и маски претежно со современа тематика.
Ристо Костадинов од Струмица, кој е долгогодишен учесник на карневалот, вели дека од година в година има сè поубави маски. Тој, како сопруг на професорка во струмичката гимназија Јане Сандански, учествува во групната маска „Боите на среќата“ на учениците од ова училиште.
„Ова училиште традиционално настапува со најголем број учесници, 130 учесници – професори и ученици“, вели Костадинов.
Неговиот сограѓанин Глигор Гарванлиев од маската „Сладоледи“ вели дека за карневалот се подготвувале повеќе од еден месец.
„Конкуренцијата е секојпат таа, маските од година в година се многу поквалитетни и сега не можеш да излезеш со една обична и едноставна маска. Значи, мора да вложиш доста средства за маската да биде многу поубава, бидејќи маските на Струмичкиот карневал, како поминуваат годините сè повеќе се побогати и пораскошни.“
Александар Новоселски од групната маска „Огнени игуани“ вели дека костимите за 12-те учесници ги правеле околу два месеци и ги чинеле околу 1.500 евра.
„Мислам дека има сериозна конкуренција, и меѓу нашите и меѓу странците.“
Верица Крстева од маската Газели од Радовиш не го крие задоволството од карневалот.
„Веќе трета година учествуваме. Конкуренција има секоја година, ама оваа година е подобра.“
Првпат во карневалското жири има и 10 претставници од учесниците. Оценките на сите членови од жирито јавно ќе бидат отворени, а најдобрите наградите ќе ги добијат по карневалската поворка во вторникот.
Струмичкиот карневал почна во петокот вечерта со маскенбалот во хотелот Сириус. Учесниците за принц и принцеза на карневалот ги избраа Дени Делев и Верица Милушева кои заедно со кралот, актерот Ване Крстев, ја предводеа интернационалната карневалска поворка.
Струмичкиот карневал е вековна традиција во градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери - празник на армасаните, односно на верените девојки. Традиционално, во вторник вечерта маскирани лица заедно со армасникот одат во домот на армасаната девојка, која треба да открие кое е нејзиното момче.
Конкуренцијата е секојпат таа, маските од година в година се многу поквалитетни и сега не можеш да излезеш со една обична и едноставна маска. Значи, мора да вложиш доста средства за маската да биде многу поубава, бидејќи маските на Струмичкиот карневал, како поминуваат годините сè повеќе се побогати и пораскошни.Глигор Гарванлиев, учесник на Струмичкиот карневал.
Според проценките на организаторите, во саботата во Струмица, и покрај студеното време, имало околу 30.000 гости кои го проследија карневалот, а потоа до доцна во ноќта се забавуваа во струмичките кафулиња и дискотеки.
По традиција и годинава во друштвото на големата трибина на плоштадот Гоце Делчев во Струмица беше и претседателот на асоцијацијата на Европските карневалски градови Хенри Ван Дер Крон, кој на гостите од соседна Албанија им подари златен медал за маската „Влез во Европа“. Златни медали добија и Ристо Багашевски за неговиот 20 настап на Струмичкиот карневал и карневалските групи „Ѕвезден град“ и „Мулен руж“.
Повторно доминираа карневалските групи од над 50 маскирани лица во разни бои со костими и маски претежно со современа тематика.
Мислам дека има сериозна конкуренција, и меѓу нашите и меѓу странците.Александар Новоселски, учесник на Струмичкиот карневал.