Достапни линкови

Карневал во Струмица на улица


Маската Црвенкапа на Струмичкиот карневал.
Маската Црвенкапа на Струмичкиот карневал.

За првпат во својата повеќевековна историја, Карневалот, наместо во вторник, се одржa во сабота. Ваквата одлука, организаторите ја донеле поради почитување на велигденскиот пост, но и поради тоа што за време на викендот може да присуствуваат повеќе гости.

Повеќе од три илјади учесници од земјава и од странство во саботата продефилираа по улиците во градот под Царевите кули како дел од познатиот Струмички карневал.
Оваа маска преставува домазет. Домазет во куќата секогаш е потценет од фамилијата, ама добива многу. А, што добива? „Ем газ, ем мираз“, наследува од жената.
Цветко Багашовски, учесник на маскенбалот.
По тричасовното дефиле кое го следеа и претставници на Светската асоцијација на карневалски градови, забавата под маски во струмичките кафулиња и дискотеки продолжи до доцна во ноќта.

За првпат во својата повеќевековна историја, Карневалот, наместо во вторник, се одржа во сабота. Ваквата одлука, организаторите ја донеле поради почитување на велигденскиот пост, но и поради тоа што за време на викендот може да присуствуваат повеќе гости.

Мечкари, Василичари, пирати, морнари, Американци, Адам и Ева и што ли уште не, продефилираа по преполните струмички улици. На маските нејмногу им се радуваа децата, но и возрасните не беа рамнодушни.

„Супер се, супер се, многу ми се допаѓа“, изјави анкетирна граѓанин.

„Најмногу ми се допадна пиратите“, вели едно дете.

Интересно беше да се чуе објаснувањето за една од маските – маж јавнат од жена.

„Оваа маска преставува домазет. Домазет во куќата секогаш е потценет од фамилијата, ама добива многу. А, што добива? „Ем газ, ем мираз“ наследува од жената“, вели Цветко Багашовски од Струмица.
Струмички карневал 2012
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:24 0:00
Директен линк
Задоволни од атмосферата на карневалот беа и гостите-карневалџии од другите градови.
Сега засега сум само со една дама од харемот, но вечерта допрва почнува, па не се знае како ќе заврши. Знам дека адет, традиција е султанот да фрли марамче на најубавата дама по негов вкус и јас имам намера таа султанска традиција да ја испочитувам до крај. Се надевам сопругата ќе даде согласност и нема да замери на испочитувањето на турските традиции.
Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

„Ова е убавина, првпат доаѓам овде. Ние сме орашачки џамалари, со наши обичаи, традиција, значи ги претставуваме обичаите од кумановскиот крај. Мислам дека ова треба да трае уште три дена, сите се весели, има многу луѓе од Србија, Украина, Белорусија, разменивме мислења, телефони. Убавина е, кој не дошол, ќе се кае“, вели Крсте Милошовски, претставник на групна маска од кумановското село Орашец.

Гостите од бугарскиот град Батановци во општина Перник се претставија со групна василичарска маска.

„Ние се маскираме за Василица и ги бркаме злите духови. Тогаш правиме свадба, имаме невеста, младоженец, поп, а ѕвончарите ги бркаат злите духови, за здравје, за бериќет, да е богата годината, да роди, здравје да има“, вели Захари Костадинов, кој беше маскиран во поп.

Една од маските која привлече најмногу внимание беше таа на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кој беше маскиран во величествениот султан Сулејман од истоимената серија, додека неговата сопруга беше маскирана во една од сопругите на султанот.

„Сега засега сум само со една дама од харемот, но вечерта допрва почнува, па не се знае како ќе заврши. Знам дека адет, традиција е султанот да фрли марамче на најубавата дама по негов вкус и јас имам намера таа султанска традиција да ја испочитувам до крај. Се надевам сопругата ќе даде согласност и нема да замери на испочитувањето на турските традиции.“

Претседателот на Организациониот одбор на карневалот Александар Цицимов не го криеше задоволството.

„Струмичани и овојпат покажаа дека се шампиони во маскирањето и дека не случајно е она што го рековме препознатлив бренд на Македонија и еден од подобрите карневали во Европа.“

Наградите за најуспешните маски, организаторите ќе ги доделат во вторник, кога наградените под своите маски ќе прошетаат по струмичкото корзо. На карневалските групи „Ѕвезден град“ и „Мулен руж”, претседателот на Европската асоцијација на карневалски градови Фердинанд Ван Де Кнут им додели медал во знак на повеќегодишното учество на Струмичкиот карневал.

Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери. Традиционално се одржува на почетокот на големиот Велигденски пост. Во вторник вечерта е традиционалната карневалска вечер , кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG