Достапни линкови

Протестите не го одложија екстерното тестирање


И покрај протестите и противењата, денеска низ училиштата во земјава се спроведува екстерното тестирање.

За учениците екстерното тестирање e проект со многу пропусти, за надлежните одлична подготовка за државната матура и шанса учениците да добијат дополнително мерило за стекнатото знаење. Двете страни со сосема различни ставови за проектот кој се најавуваше четири години наназад и кој како што информираат е воспоставен според европските стандарди.
Нема рангирања на училиштата, не можат да дадат еден тест со иста јачина на сите средни училишта кога ние сме свесни дека постојат гимназии кои се појаки и гимназии кои се послаби.
Јована Крстевска, ученик.

Средношколката Јована Крстевска вели дека за ова тестирање не биле консултирани професорите и родителите, а се сомнева дека оценката која се добива со решавање на тест во кој има прашања кои се одговараат со заокружување нема да биде реална.

„Потребно е годишната оценка да биде изведена од целокупниот труд на ученикот во текот на целата учебна година. Потоа проблем е што нема рангирања на училиштата, не можат да дадат еден тест со иста јачина на сите средни училишта кога ние сме свесни дека постојат гимназии кои се појаки и гимназии кои се послаби.“

И Ивана Трајковска е една од учениците кои треба да полагаат екстерно. Таа уверува дека учениците немаат доволно време за подготовка на ова тестирање оти се оптоварени со многу предмети и многу часови поминати во училишните клупи.
„Во сите други земји учениците немаат по 14 предмети и немаат по 8 часа дневно.“
Скопје - Протести против екстерното тестирање
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Како што гледаме се тргнува од тоа дека оценувањето не чини и дека екстернот о би требало да биде ревизија на тоа оценување и тука е клучниот проблем што се случи. Инаку самото екстерно оценување нема никаков проблем.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.
Но и покрај протестите на илијадници основци и средношколци ширум Македонија, надлежните институции останаа на ставот дека тестирањето ќе се спроведе и дека ќе донесе јасни индикатори за добрите и лошите страни на македонскиот образовен систем.
Илустрација.
Илустрација.

Министерот за образование Панче Кралев вели дека екстерното тестирање е одлична подготовка за полагање државна матура, а на протестите гледа како на нормална реакција од една новина која со себе носи одреден страв.

„Во рамки на подзаконските акти кои се донесени од страна на Министерството јасно стои дека доколку се одлучи еден ученик неоправдано да отсуствува од полагањето на екстерното тестирање дека тој нема да добие свидетелство.“

Поранешниот министер за образование и актуелен професор Ненад Новковски вели дека проблемот со реализацијата за ектерното оценување до крај доаѓа од погрешното толкување што му се придава во наши услови. Во европските земји нема такви предрасуди и затоа таму проектот се спроведува без проблеми и слични реакции, вели Новковски.

„Како што гледаме се тргнува од тоа дека оценувањето не чини и дека екстернот о би требало да биде ревизија на тоа оценување и тука е клучниот проблем што се случи. Инаку самото екстерно оценување нема никаков проблем.“

Во меѓувреме, екстерното оценување не почна навреме во двете кичевски гимназии Дрица и Мирко Милески. Учениците велат дека немале доволно време да се подготват, а за одредени предмети немале ниту учебници. Директорите на двете средни училишта уверуваат дека изутрината имале проблеми со серверот и оти прокетот ќе биде реализиран.

Инаку оценките од екстерното се внесуваат во свидетелство за учениците да бидат засегнати од тестирањето. Долгорочно, целта на екстерното е учениците да добиваат оценки реални на нивното знаење, а наставниците да бидат заштитени од притисоци на родители да поправаат оценки. Наставниците кај кои ќе има отстапувања меѓу оценката што ја дале и онаа од тестот ќе бидат советувани, а тие со големи отстапувања ќе добијат помала плата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG