Во последната недела, прашањето кое лебди е како дозволивме да се случи највидливото оштетување на оцените на учениците поради фактори на кои не можат да влијаат. Можеби со екстерното тестирање нанесовме повеќе штета на реалните оцени отколку што успеале да направат корумпирани професори или влијателни родители досега, но тоа изгледа не доволна причина да го поништиме.
И покрај реакциите на самите средношколци, поднесените анализи и препораки, прес-конференции, укажани пропусти, поднесени приговори, медиумски прилози, па на крај и 25.000 потписи, Министерството кажа бескомпромисно дека реакциите се задоцнети. Нема коментар околу тоа дали аргументацијата „доцна е“ важи и за реакцијата на Министерството која речиси два месеци доцни со соодветен одговор.
Времето кое му беше потребно на Министерството да излезе со финална изјава (околу 2 часа), веројатно не е ни доволно за реално читање на анализата која беше доставена и размислување за пропустите. Можеби наместо анализа требаше да се достави тест за проценка на квалитетот на екстерното тестирање. Но веројатно Министерството би избрало различни точни одговори од учениците, родителите и јавноста. Примери каде би имало разидувања, подолу.
Прашање 1: Кога е доцна да се прогласи екстерното тестирање за пробно?
А. Кога за време на спроведувањето учениците ќе забележат проблеми и ќе започнат да реагираат;
Б. Кога за време на и веднаш по спроведувањето, пред да се соопштат оцените, и континуирано потоа ќе се дадат причини за прогласување на тестирањето за пробно;
В. Сè што се случува откако Министерството ќе донесе одлука дека ќе се спроведува тестирање е задоцнето.
Прашање 2. Што е законски спроведено тестирање?
А. Ако тестирањето е опфатено во соодветна законска рамка која ги опфаќа сите релевантни прашања и која се почитува во целост при спроведување;
Б. Ако тестирањето се споменува во законите, но при спроведување видиме дека има недоследности и законот би требало да биде проширен за да се вклучат одредби за незадоволителните оцени или можноста професор да поднесе приговор;
В. Ако тестирањето се споменува во Законот, но при спроведување истиот се прекрши со кратење на рокот за објава на предмети и кратење на рокот за поднесување приговор.
Прашање 3. Што значи изразот „Ниту еден ученик нема да биде оштетен“?
А. Дека тестирањето ќе се спроведе со минимални пречки, за кои ќе има однапред познати решенија и ќе се овозможи фер и квалитетно тестирање на сите ученици, што ќе биде забележано и со мал број приговори од ученици;
Б. Дека техничките проблеми, иако бројни и дури со големи последици (како цели паралелки со негативни оцени), ќе бидат или решени со привремени ад хок решенија или занемарени;
В. Дека ќе се направи баланс меѓу наградените (оние со пробиени тестови) и оштетените (оние кои одговарале прашања без точни одговори, кои не се од предадените лекции или не се отвораат).
Може да се забележи дека на важните прашања за екстерното, од институциите недостасуваат одговори. Аргументите зошто екстерното беше добро спроведено се несоодветни: „Доцна е да се реагира“, „Пропустите се минимални“, „Учениците кои биле оштетени ќе добијат втора шанса“, „Оние кои учествуваа во реформата ја дадоа својата поддршка“.
Ако институциите сакаат да видиме дека екстерното е успешно, треба да се зборува токму за тоа. Но, аргументи во одбрана на скратените рокови, минимизација на оштетените ученици, анализа на техничките пропусти, степенот на загрозување на легитимноста на тестирањето со пробиените тестови – отсуствуваат. Можеби затоа што навистина е тешко да се одбрани ова тестирање, во очи на сите ученици и професори кои ја имаа најлошата учебна година на својот живот.
А замислете, во некој паралелен универзум каде искуствата на оние за кои се работи се важат, ќе прочитавме некоја поинаква изјава, на пример:
„Ние не спроведуваме половични политики! Екстерното тестирање беше поздравено од многумина кои сакаат да помогнат во наоѓање на пропустите и негово подобрување, и благодариме за сите анализи и препораки, како и на медиумите кои помогнаа да ги следиме случувањата во самите училишта. Го прогласуваме екстерното тестирање оваа година за пробно сега, затоа што беше неопходно време да се направи сериозна анализа на имплементацијата.
Министерството ќе работи во текот на годината на усовршување на оваа политика до реално и квалитетно оценување на учениците со екстерно тестирање кое ќе ни помогне да го оценуваме квалитетот на нашето образование и да се пласираме повисоко на светските ранг листи.
На учениците и професорите кои учествуваа оваа година во тестирањето, сакаме да им се заблагодариме на трудот и фидбекот, и да ги известиме дека резултатите од ова екстерно ќе се бројат само во нашите анализи, но не и во ученичките сведителства, затоа што не сакаме никој ученик да биде оштетен!“
Ама не.

Ако институциите сакаат да видиме дека екстерното е успешно, треба да се зборува токму за тоа. Но, аргументи во одбрана на скратените рокови, минимизација на оштетените ученици, анализа на техничките пропусти, степенот на загрозување на легитимноста на тестирањето со пробиените тестови – отсуствуваат.