Очекувањата дека во вакви политички околности е можно Владата да одлучи да спроведе попис кај експертската јавност се сведени речиси на минимум. Има повеќе причини за ваквото мислење меѓу кои е доведувањето во прашање на реалниот мотив зошто во 2011 година се стопира процедурата за пребројување на населението.
Професор Здравко Савески смета дека вистинската причина не се меѓуетничките тензии, како што и беше претставено на јавноста тогаш, туку големото иселување што би се покажало доколку се спроведеше операцијата. Таа бројка ако се обзнани, вели Савески, ќе значи удар за која било влада и ќе влијае врз нејзиниот легитимитет.
„Скоро сите етнички тензии меѓу Македонците и Албанците можат да се објаснат со неформален, таен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа, пак, кажува дека ако владините партнери се заинтересирани за спроведување на пописот, дека тие можат да го контролираат етничкото незадоволство во своите редови. Значи дефинитивно може да се спроведе попис ако има политичка волја, а нејзе ја нема затоа што податоците ќе покажат застрашувачки бројки околу иселувањето на македонските граѓани“, вели Савески.
И професор Осман Кадриу како клучна за спроведувањето на пописот ја истакнува политичката волја кај власта. Но, тој е пооптимистичен во однос на тоа кога би се одржал пописот.
„Дали оваа година ќе успеат да смогнат сили партиите на власт да се реализира оваа активност не знам, тоа сигурно зависи од агендата, од програмата на владата која ќе треба да се презентира и да се усвои од парламентот, но сметам дека ако не до крајот на оваа година, сигурно на почетокот на наредната година мора да се спроведе оваа активност и за оваа активност се одговорни сите, а на прво место политичките субјекти кои се на власт“, оценува Кадриу.
Во 2011 година пописот почна, па потоа беше прекинат поради несогласувањата меѓу етничките Македонци и Албанците кои беа членови на комисијата, што предизвика партиски и политички препукувања. Најавите тогаш беа дека ќе се одржи за половина или за една година. Но, три години подоцна, Македонија останува без преброено население, со што се оневозможува реален избирачки список и кроење на конкретни политики за образование, здравството, вработувањата, односно за сите сегменти.
Деновиве и дел експертска јавност заедно со невладиниот сектор започна кампања со мотото Попис сега.
Може да се спроведе попис ако има политичка волја, а нејзе ја нема затоа што податоците ќе покажат застрашувачки бројки околу иселувањето на македонските граѓани.Здравко Савески, универзитетски професор.
Професор Здравко Савески смета дека вистинската причина не се меѓуетничките тензии, како што и беше претставено на јавноста тогаш, туку големото иселување што би се покажало доколку се спроведеше операцијата. Таа бројка ако се обзнани, вели Савески, ќе значи удар за која било влада и ќе влијае врз нејзиниот легитимитет.
„Скоро сите етнички тензии меѓу Македонците и Албанците можат да се објаснат со неформален, таен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа, пак, кажува дека ако владините партнери се заинтересирани за спроведување на пописот, дека тие можат да го контролираат етничкото незадоволство во своите редови. Значи дефинитивно може да се спроведе попис ако има политичка волја, а нејзе ја нема затоа што податоците ќе покажат застрашувачки бројки околу иселувањето на македонските граѓани“, вели Савески.
Ако не до крајот на оваа година, сигурно на почетокот на наредната година мора да се спроведе оваа активност и за оваа активност се одговорни сите, а на прво место политичките субјекти кои се на власт.Осман Кадриу, универзитетски професор.