Достапни линкови

Герасимовски - Без попис нема фер избори


Macedonia -- parliamentary elections in 2011, where?, 05Jun2011
Macedonia -- parliamentary elections in 2011, where?, 05Jun2011

Затоа што 12 години наназад немаме попис не можеме да знаеме точно колкав е избирачкиот список, а без точен број на избирачи, нема ни фер и демократси избори, вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија.

Господине Герасимовски последниот попис на населението беше спроведен во 2002 година. Како може да се знае точната бројка на населението, ако 12 години во земјата нема попис?

Тоа има силно и јако влијание и врз себе и врз државата од повеќе аспекти. Врз основа на добиените податоци од попис, кои секако треба да бидат релевантни, квалитетни и веродостојни, се прават идните планирања во секоја држава. Нашите податоци од 2002 се веќе застарени и ние не знаме каква е состојбата во државата после 12 години.

До сега сте учествувале на пет пописи што мислите кој е проблемот зошто пописот не се спроведува?

Најголемата вина за сето тоа треба да се бара во организацијата на пописот, односно во владата, во институциите на системот кои учествуваат во подготовка, во организирање и спроведување на самиот попис. Во дел на спроведување на пописот повеќепати се спомнува дека пописот е политизиран. Пописот треба да биде деполитизиран, бидејќи тоа е обврска на државата, кој се спроведува врз основа на препораки на ОН кои ги почитуваат секаде во светот.

Колку е важно попишувањето на населението за прочистување на избирачкиот список?

Ние треба точно да знаеме колку има население во земјата и на која возраст е. Колку од тоа население има државјанство и колку имаат право на глас, односно избирачко право, независно од они кои се до 12 месеци надвор од земјата и они коишто се повеќе години отсутни од земјата и тие се државјани на Република Македонија кои имаат постојно место на живеење на територијата на Македонија. И оттука се јавуваат различни дилеми во прочистување на списокот и неговата валидност и квалитет, односно веродостојност. Затоа што ако го знаеме точниот број на население во земјата и ако знаме колку наши државјани се наоѓаат надвор од земјата, тогаш лесно ќе дојдеме до компарација на бројот на избирачи,односно на избирачкиот список. Не знаејќи ги наназад 12 години состојбите во државата за број на население кое го имаме, не знаејќи точно, заради нефункционирање на институциите на системот, колку државјани на Македонија заминуваат од земјата и одат на привремена работа во странство или оние кои бараат отпус од државјанство, односно трајно иселување од земјата, при немање на целосни такви податоци или необјавување во јавност, дали е тоа така или не е, тогаш се случува дека во тој сооднос не можеме да знаеме точно колкав е избирачкиот список.

Тогаш како може да имаме избори во фер и демократски избори без спроведен попис и невалиден избирачки список?

Не може да се има, затоа што без спроведено попис произлегува дека ќе немаме ни квалитетен избирачки список и ќе имаме проблеми со тој список. Неминовно е земјата што поитно да спроведе попис на население иако владата заговара дека во овој временски период тоа не е можно. Треба да се собере сила и можност, како и експертиза и да се деполититизира процесот за да се спроведе пописот, затоа што меѓународните препораки го дават тоа и тоа мора да се спроведе.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG