Народната банка очекува непроменети оценки за динамиката на растот на домашната економија, односно 3,7 проценти за оваа и 4,4 проценти за наредната година. Носител на растот на БДП, како што кажа гувернерот Димитар Богов, ќе биде извозот, како и домашната побарувачка. Економистите оценуваат дека за да го почувствуваат граѓаните овој раст во наредните неколку години стапката треба да се зголемува за 1,5 проценти. Тоа значи дека наредната година динамиката на растот на домашната економија треба да изнесува 5 проценти, вели професор Сеадин Џафери.
„За да се почувствува пораст на БДП-то, тогаш би требало последователно едно три години да има еден раст, на пример како што е најавен сега, па наредната година 5 отсто, третата година 7 отсто и тогаш ние би влегле во развој“, вели Џафери.
Носител на растот на БДП, како што напоменува тој, треба да бидат инвестициите, но тој е скептичен дека проекциите за растот на домашната економија се реални.
„Едно се предвидувањата, а друго е реалноста. Ние секогаш имаме позитивни предвидувања во макроекономските политики, но на крај на годината сепак имаме пад. Без инвестиции тешко, тешко дека ќе се доживее такво нешто“, вели Џафери.
Поранешниот гувернер на НБРМ и поранешен министер за финансии, Петар Гошев, коментира дека растот на домашната економија, независно колку изнесува, го чувствуваат само мал круг на луѓе. Потенцијалниот раст на Македонија не е голем. Со прегреана потрошувачка може да се подигне на 5 проценти или 6 проценти, меѓутоа продуктивниот капацитет на економијата е слаб поради ниското техничко технолошко ниво. Но тоа е споредно прашање, оценува Гошев во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
„Може да е и 3 отсто и 4 отсто. Прашањето е каде оди тој раст, дали оди кај шака луѓе, кај еден грст луѓе, дали тој раст го собира 1 процент или 2 проценти од домаќинствата во Македонија или тој раст се разлева кај сите граѓани на Република Македонија. Значи, може и 5 отсто да е, ама ако го собере фамилијата на власт, народот нема да види ништо од тоа“, вели тој.
Гошев дополнува дека доказ дека ни се случува тоа покажува коефициентот на нееднаквост кој драматично се проширил во Македонија. Според тој индикатор, назадуваме на скалата на развиеност за 20 места подолу во овие 10-15 години на транзицијата и оти во меѓувреме повеќе од 400 илјади граѓани се иселиле од државата, вели Гошев.
За да се почувствува пораст на БДП-то, тогаш би требало последователно едно три години да има еден раст, на пример како што е најавен сега, па наредната година 5 отсто, третата година 7 отсто и тогаш ние би влегле во развој.Сеадин Џафери, универзитетески професор.
„За да се почувствува пораст на БДП-то, тогаш би требало последователно едно три години да има еден раст, на пример како што е најавен сега, па наредната година 5 отсто, третата година 7 отсто и тогаш ние би влегле во развој“, вели Џафери.
Носител на растот на БДП, како што напоменува тој, треба да бидат инвестициите, но тој е скептичен дека проекциите за растот на домашната економија се реални.
„Едно се предвидувањата, а друго е реалноста. Ние секогаш имаме позитивни предвидувања во макроекономските политики, но на крај на годината сепак имаме пад. Без инвестиции тешко, тешко дека ќе се доживее такво нешто“, вели Џафери.
Растот може да биде и 5 отсто, ама ако го собере фамилијата на власт, народот нема да види ништо од тоа.Петар Гошев, долгогодишен политичар.