Гувернерот на Народна банка Димитар Богов најави раст на домашната економија од 3,7 проценти во оваа година. Но, според него, меѓународните случувања, посебно кризата во Украина, може да влијаат врз македонската економија, односно извозот.
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека очекувањата се остварливи, но проблемот е во тоа што тоа е синтетичка бројка и доколку се направи анализа, ќе се види дека растот доаѓа само од неколку сектори.
„Тоа се рударството, извозот на суровини, значи полуфабрикати, Железарницата, но ние ја немаме финалната индустрија, немаме извоз на лесна индустрија, извоз на храна итн. Кога синтетички ги гледаме работите, популистички кажуваме дека еве има пораст на БДП-то, меѓутоа општиот стандард паѓа и малите и средни претпријатија не се во подем, а тоа е базата за развој на една држава“, вели Витанов.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека е чудно што Богов во екот на предизборната кампања излага со такви прогнози.
„Дури и да има цврсти докази за тоа, политички мислам дека политички не е баш време да го соопшти тоа на едно предавање. Значи тој ги менува сите параметри на кои се базира економската политика за 2014 година“, вели Хајредини.
Според Витанов, само неколку луѓе кои придонесуваат за растот се богатат, а останатите осиромашуваат и тоа е реалноста. Тој смета дека владата не дава погрешни податоци, туку манипулира со нив.
„Еве, ќе каже пораст на БДП-то, ама не дава анализи, а веројатно опозицијата не е спремна, нема фокус, не велам дека нема знаење, туку веројатно нема фокус да види каде се триковите на владата“, вели Витанов.
Хајредини смета дека на Владата и е пракса секогаш да манипулира со статистиката.
„Затоа што немаме политичка пракса ако министер или влада прогнозира раст, а тој не се оствари да има некои последици, а стапката на БДП-то има последици затоа што со неа се врзани сите други движења и особено буџетот. Ако се зголеми тој износ, се намалува дефицитот и обратно“, вели Хајредини.
Според експертите, на Македонија и е потребен раст на БДП од 8 до 9 проценти за да се приближи до стандардот на ЕУ.
Дури и да има цврсти докази за тоа, политички мислам дека политички не е баш време да го соопшти тоа на едно предавање.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека очекувањата се остварливи, но проблемот е во тоа што тоа е синтетичка бројка и доколку се направи анализа, ќе се види дека растот доаѓа само од неколку сектори.
Еве, ќе каже пораст на БДП-то, ама не дава анализи, а веројатно опозицијата не е спремна, нема фокус, не велам дека нема знаење, туку веројатно нема фокус да види каде се триковите на владата.Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.