Република Македонија повикува на преземање на сите неопходни мерки за итно смирување на тензиите, како и на потребата од воспоставување политички дијалог за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Украина, а за чие решавање е неопходно инволвирање на сите засегнати страни, се вели во соопштението на македонското Министерство за надворешни работи издадено поради кризата во Украина. Оттаму додаваат дека внимателно ја следат ситуацијата и се во постојан контакт со нашата амбасада во Киев. Од Амбасадата информирале дека македонските граѓани таму засега се безбедни и дека доколку ситуацијата стане алармантна, ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се гарантира нивната сигурност.
Околу 90 проценти од македонскиот извоз, пак, директно или индиректно е поврзан со земјите од Европа, а со оглед на тоа што развојот на нашата економија е зависен и од странски фактори, стопанствениците очекуваат негативни ефекти на кризата во Украина врз македонската економија. Сепак, од Стопанската комора на северозападна Македонија во која членуваат компании кои имаат бизнис соработка со украински фирми и кои извезуваат на украинскиот пазар, велат дека засега ниту една од нив не се пожалила на некаков негативен ефект како резултат на кризата во Украина.
„Досегашните настани не влијаеле до тоа ниво за нашите компании да не може да извезуваат таму, немаме такви поплаки досега“, изјави Арбен Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Сепак, тој додава дека може да се очекува развојот на настаните во Украина да се одрази на билатералните економски односи и оти тоа најмногу ќе зависи од времетраењето на кризата таму.
„Тие влијанија ќе се почувствуваат и во другите земји во зависност од тоа колку ќе трае таквата криза и колку тие настани кои секој ден се непредвидливи ќе се одвиваат во непосакуван правец“, вели Халили.
Дека кризата во Украина може негативно да се одрази на македонската економија потврди и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.
„Ако ескалира до некои поголеми судири, може да доведе до менување на перцепцијата што ја имавме дека европската економија ќе закрепнува, може да влијае и на светската економија и сето тоа секако дека може да влијае и на македонската економија“, рече Богов.
Украина се смета за важен трговски партнер на Македонија. Според податоците за периодот од јануари до септември 2013 година, Украина според прометот на стоки го зазеде 25 место од 180-те трговски партнери на Македонија. За девет месеци од 2013 година, вкупниот обем на трговијата на стоки и услуги меѓу Македонија и Украина се намалил во однос на претходната година за 5 проценти, односно изнесува 32,5 милиони долари. Од нив на извозот отпаѓаат 7,2 милиони долари, а на увоз 25,2 милиони долари.
Тие влијанија ќе се почувствуваат и во другите земји во зависност од тоа колку ќе трае таквата криза и колку тие настани кои секој ден се непредвидливи ќе се одвиваат во непосакуван правец.Арбен Халили, Стопанска комора на северозападна Македонија.
Околу 90 проценти од македонскиот извоз, пак, директно или индиректно е поврзан со земјите од Европа, а со оглед на тоа што развојот на нашата економија е зависен и од странски фактори, стопанствениците очекуваат негативни ефекти на кризата во Украина врз македонската економија. Сепак, од Стопанската комора на северозападна Македонија во која членуваат компании кои имаат бизнис соработка со украински фирми и кои извезуваат на украинскиот пазар, велат дека засега ниту една од нив не се пожалила на некаков негативен ефект како резултат на кризата во Украина.
Ако ескалира до некои поголеми судири, може да доведе до менување на перцепцијата што ја имавме дека европската економија ќе закрепнува, може да влијае и на светската економија и сето тоа секако дека може да влијае и на македонската економија.Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија.