Приоритет останува ангажманот за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ, изјави министерот за одбрана Талат Џафери по средбата со заменик-помошникот на Секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркас. Посветеноста за членство, земјата го покажува со учество во мисиите предводени од Алијансата и од Унијата, изјави Џафери.
„Разменивме искуства и идеи по однос на подготвеноста за наша соработка тролатерална, во смисла соработка на нашата Армија на Република Македонија со националната Гарда од Вермонт како партнер на нашата Армија и Сенегал кадешто во иднина, во можна мисија би била ангажирана Армијата да допринесе во преносот на стекнатите знаења.“
Високиот функционер на Пентагон и се заблагодари на Македонија за учеството во мисиите на НАТО, како еден постојан и континуиран партнер, во Авганистан и во други операции. Фаркас порача дека и е задоволство да дискутира со властите за натамошната поддршка што може да и ја обезбедат на Макеоднија и за искажаниот интерес околу учеството на земјата во операциите на ЕУ.
„Се разбира се што преземаме и работиме заедно е со цел да се зајкне одбраната на Македонија за земјата да биде подготвена кога ќе дојде време за интеграција во НАТО“.
Предвидено е Фаркас да остсе сретне и со претседателот Ѓорге Иванов.
Разменивме искуства и идеи по однос на подготвеноста за наша соработка со националната Гарда од Вермонт и Сенегал.Талат Џафери, министер за одбрана.