Изборите го зголемуваат задолжувањето на Македонија. Според извештајот на Министерството за финансии, во првите месец и половина од оваа година, владата потрошила 141,5 милиони евра повеќе отколку што прибрала од даноци и други давачки. Тоа значи дека само за месец и половина, владата потрошила речиси половина од вкупниот буџетски дефицит предвиден да се направи во целата година.
Според Министерството за финансии, со ваквата реализација се обезбеди нормално функционирање на сите институции корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски.
Пред изборите се исплаќаат субвенции, се плаќа за почеток на градба на нови објекти, се трошат повеќе пари на социјални трансфери, затоа што Изборниот законик забранува, за време на изборната кампања, да се трошат пари, надвор од редовните исплати. Обично, откако ќе завршат изборите, владата го стега ременот и месечните дефицити кога ќе завршат изборите се многу помали.
Опозицијата обвинува дека владата го зголемува трошењето пред избори за да „купува“ гласови, но Министерството за финансии во извештајот нагласува дека „реализацијата на приходите и расходите во Буџетот се одвива согласно претходно планираната динамика и истата непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот“.
Кире Наумов од опозицискиот СДСМ вели дека „купувањето“ на гласачите е единствениот начин на којшто владата може да успее на избори.
„Тоа е доказ дека не е точно дека владата ги добива изборите на тој начин што континуирано работи во целиот свој мандат, туку, исто како и минатата година, и оваа година точно во месеците пред избори се троши половина од буџетскиот дефицит и тоа е единствениот начин како може да успеат во периодот пред март, април, како и минатата година, на некој начин да го корумпираат гласачкото тело“, вели Наумов.
Ако се погледнат буџетите од претходните два изборни циклуси, се забележува дека најголемите дефицити владата ги прави токму пред избори, и дека секои наредни избори се трошат сè повеќе пари што ги нема, односно треба да се обезбедат со задолжување.
Предвремените парламентарни избори во 2011 година се одржаа на 5 јуни. Рекорден дефицит таа година е направен во мај, кога биле потрошени скоро 50 милиони евра повеќе од што биле прибрани во буџетот. Во мај 2011 година, била потрошена една четвртина од буџетскиот дефицит за целата година.
Локалните избори минатата година се одржаа на 24 март и на 7 април. Во првите три месеци од минатата година беше направен буџетски дефицит од 186 милиони евра, односно за една четвртина година беа потрошени две третини од дефицитот од 288 милиони евра предвиден за целата година. На крајот на година, владата мораше да го зголеми дефицитот за 25 милиони евра, па минатата година заврши со буџетска дупка од 313 милиони евра.
Реализацијата на приходите и расходите во Буџетот се одвива согласно претходно планираната динамика и истата непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот.Министерство за финансии.
Според Министерството за финансии, со ваквата реализација се обезбеди нормално функционирање на сите институции корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски.
Пред изборите се исплаќаат субвенции, се плаќа за почеток на градба на нови објекти, се трошат повеќе пари на социјални трансфери, затоа што Изборниот законик забранува, за време на изборната кампања, да се трошат пари, надвор од редовните исплати. Обично, откако ќе завршат изборите, владата го стега ременот и месечните дефицити кога ќе завршат изборите се многу помали.
Тоа е единствениот начин како може да успеат во периодот пред март, април, како и минатата година, на некој начин да го корумпираат гласачкото тело.Кире Наумов, СДСМ.