Достапни линкови

Владата и во Собрание не го кажува јавниот долг


Илустрација.
Илустрација.

Опозицијата бара власта да го соопшти нивото на јавниот долг на државата,но на денешната расправа во Собранието не присуствуваше ниту еден претставник од Владата.

Собранието на Република Македонија во продолжението на 82. седница не ја поддржа Информацијата за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратеници од опозициските партии.
почнува да трепка црвеното светло, кога ќе се запали црвеното светло после ќе боли за сите граѓани. Живеете на кредит. Го започнувате она што му се случи на јужниот сосед.
Марјанчо Николов, СДСМ.

Во текот на расправата, опозицијата обвини дека владата ги проби границите на јавниот долг, кои самата си ги постави. Таа се задолжува прекумерно, рече пратеникот Марјанчо Николов на собраниската расправа. Државниот долг не смее да надмине 30 проценти од бруто домашниот производ, а долгот на централната влада изнесува 34 проценти. Податоците од извештајот за 2012 година за управување со јавниот долг покажуваат дека изнесува 45 проценти од БДП на Македонија, вели Николов.

„Ако сите претходни влада од осамостојувањето на Македонија создале долг од 1 милијарда и 386 милиони евра, оваа влада го дуплирала тој долг и достигнал износ од 2,727 милиони евра“, рече од собраниската говорница Николов.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Од опозицијата велат дека Владата подолго време не дава податоци за висината на јавниот долг, туку само за долгот на централна влада, па токму затоа опозицијата бара власта да го соопшти долгот. Но, на расправата не присуствуваше ниту еден претставник од Владата.

Николов вели дека задолжувањето веќе ги преминува дозволените граници.
Имаме подобри перформанси од многу земји во ЕУ кога зборуваме за макроекономијата, за дефицитот, за раст на БДП, за пад на невработеноста. Македонија е ниско задолжена земја.
Владимир Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Зеленото светло е одамна изгаснато, сега свети портокаловото светло, почнува да трепка црвеното светло, кога ќе се запали црвеното светло после ќе боли за сите граѓани. Живеете на кредит. Го започнувате она што му се случи на јужниот сосед“, рече Николов.

Не сме ни блиску до Грција, му реплицираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренев.

„Немој да го спомнувате јужниот сосед, не сме ни блиску до него, бидејќи одамна Република Грција ги изгуби сите атрибути на некаков финансиски стабилен систем“, рече Тренев.

Владимир Ѓорчев од владејачката партија вели дека Македонија е ниско задолжена земја.

„Имаме подобри перформанси од многу земји во ЕУ кога зборуваме за макроекономијата, за дефицитот, за раст на БДП, за пад на невработеноста. Македонија е ниско задолжена земја“, рече Ѓорчев.

Државата е задолжена до плафон, вели пратеникот од СДСМ, Миле Андонов. Тој додава дека власта се задолжува за непродуктивни расходи.

„Буџетскиот дефицит владата го покрива од домашно и странско задолжување. А за што се трошат тие? Педесет отсто за плата на административците, за партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, за тие 80 илјади што ги вработија, а 50 отсто за Скопје 2014, за наместените тендери и за рекламите на телевизија Сител, е таму се трошат“, рече Андонов.

Пратениците од власта ревносно ги бранеа политиките на владата, велат дека владата се задолжувала, ама за потребни проекти во интерес на граѓаните, патишта, училишта, спортски сали, купување вагони. А меѓу другото враќала и долгови направени во времето на СДСМ.

Пратениците од власта велат дека обвинувањата на опозицијата не држат вода и дека сето тоа ќе им се удри од глава на избори. Опозицијата, пак, вели дека мора да се дискутира за задолжувањето, оти во спротивно лошо ни се пишува.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG