Владата денеска собира 80 милиони евра од домашниот пазар за утре Министерството за финансии да врати достасан долг во истиот износ. Задолжувањето е опасно, домашното задолжување го истиснува стопанството а нереално е Македонија да го споредува својот долг со оној на поразвиени земји, коментираат упатените.
Професор Зоран Ивановски вели дека најактуелно прашање е до кое ниво земјава може да обезбеди одржливост на долг рок на нивото на долгот.
„Повеќето аналитичари проценуваат дека максимално дозволено би требало да остане меѓу 30 и 35 отсто од БДП-то. Во изминатиот период сведоци сме дека емисиите на нови државни хартии од вредност фактички се користат за исплата на претходно земените долгови на државата, што во јавноста предизвикува сомнеж дали таа предвидена рамка е во опасност да биде надмината“, вели Ивановски.
Ако се оди по проценките на аналитичарите, Македонија веќе е на горната граница по стапката на задолженост. Судејќи по официјални податоци од Министерството за финансии, вкупниот јавен долг заклучно со октомври се искачил на 34,5 проценти од бруто домашниот производ. Во споредба со септември, позадолжени сме за половина процент или за 41 милиони евра. Во оваа проценка не е вклучена денешната емисија на државни записи која веројатно само ќе се накалеми на јавниот долг од 2,73 милијарди евра. Дополнително, за догодина владата предложи рекордно највисок буџет досега и тука останува отворено прашањето дали амбициозните трошоци од народната каса ќе мора да се финансираат со нови долгови. Кога станува збор за задолженоста, од власта често одвраќаат со споредби и тврдења дека Македонија има низок степен на задолженост во споредба со други земји. Треба да се има предвид капацитетот за раздолжување, смета Ивановски.
„Компаративна споредба треба да се прави кога се споредува јаболко со јаболко, а круша со круша, така што не секогаш стапките кои ги имаат околните земји се соодветни за споредба и со нашата економија“, вели Ивановски.
Ако владата се задолжува дома, тоа во основа создава ризик од намалување на капацитетот на домашните банки да го финансираат стопанството. Тешко е да се процени колку пари имаат банките за стопанството, но кредити ни се потребни, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.
„Беспарицата во земјава е евидентна. Компаниите не би се задолжувале кога би имале нормален обрт, не би имало залихи, оти често пати се кредитира за да кредитираме други“, вели Кучи.
Покрај благ пад во странското задолжување, домашниот долг се искачи од 1,087 милијарди евра во септември на 1,136 милијарди евра во октомври. Поточно, зголемувањето е 49 милиони евра.
Компаративна споредба треба да се прави кога се споредува јаболко со јаболко, а круша со круша, така што не секогаш стапките кои ги имаат околните земји се соодветни за споредба и со нашата економија.Зоран Ивановски, универзитетски професор.
Професор Зоран Ивановски вели дека најактуелно прашање е до кое ниво земјава може да обезбеди одржливост на долг рок на нивото на долгот.
„Повеќето аналитичари проценуваат дека максимално дозволено би требало да остане меѓу 30 и 35 отсто од БДП-то. Во изминатиот период сведоци сме дека емисиите на нови државни хартии од вредност фактички се користат за исплата на претходно земените долгови на државата, што во јавноста предизвикува сомнеж дали таа предвидена рамка е во опасност да биде надмината“, вели Ивановски.
Беспарицата во земјава е евидентна. Компаниите не би се задолжувале кога би имале нормален обрт, не би имало залихи, оти често пати се кредитира за да кредитираме други.Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.