Достапни линкови

Ребаланс- мини корекција или големо задолжување?


Средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за труд и социјала Диме Спасов со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски.
Средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за труд и социјала Диме Спасов со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски.

Со предлогот е предвидено да се зголемат приходите и трошењата, при што ќе се зголеми и минусот на државната каса на 312 милиони и 500 илјади евра

Ребалансот на буџетот, за кој се расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието за опозицијата е непотребен, додека за владејачките партии е оправдан. Со предлогот е предвидено да се зголемат приходите и трошењата, при што ќе се зголеми и минусот на државната каса на 312 милиони и 500 илјади евра. Според министерството за финансии, ребаланост на буџетот претставува минимална корекција со цел да се обезбедат дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и опремување на лабаратории во високо образовни научни установи.
Тоа фактички значи дека владата ќе троши повеќе пари отколку што реално македонската економија, стопанството и граѓаните можат да создадат и да го наполнат буџетот.
Марјанчо Николов, СДСМ.

Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов вели дека ребалансот на буџетот е уште едно продолжение на лошите политики на владата, бидејќи со него се продлабочува дефицитот на 3,9 отсто од БДП.

„Тоа фактички значи дека владата ќе троши повеќе пари отколку што реално македонската економија, стопанството и граѓаните можат да создадат и да го наполнат буџетот. Владата креира висок буџетски дефицит со којшто само го зголемува долгот на Република Македонија и на граѓаните, а од друга страна нема резултати коишто значат подобра економија и повисок животен стандард.“

Пратеникот на ДУИ Недиум Рамизи вели дека го поддржуваат ребалансот на буџетот.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Се прави една мала корекција во буџетот, корекција која оди на подобрување на социјалниот аспект, значи средствата кои се даваат на расходна страна за да може на крајот од годинава без проблем да се исплатат и пензии и сите оние социјални додатоци, примања коишто ги земаат лицата кои се засегнати со такви примања.“
Значи средствата кои се даваат на расходна страна за да може на крајот од годинава без проблем да се исплатат и пензии и сите оние социјални додатоци.
Недиум Рамизи, ДУИ.

Според Николов не држи наводното оправдување на владата за новите задолжувања.

„Владата не мора да го зголемува буџетскиот дефицит, туку едноставно со прегрупирање на средствата и со минимално штедење можеше овие пари да се најдат и во постојниот буџет и на тој начин да не се задолжуваше уште повеќе Република Македонија.“

Според ребалансот помалку пари ќе добие министерството за одбрана и за надворешни работи за разлика од другите министерства на кои ќе им биде зголемен буџетот или нема да претрпи промени.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG