Во наредниот месец нè очекува сончево и топло време со температури до 30 степени. Есенва нè очекува и поскапување на лебот и зголемување на животните трошоци. Но, топло и мачно со испразнет џеб нема да им биде само на граѓаните. Жешка и бурна есен ги очекува и политичарите. По случувањата со анкетната комисија за настаните од 24 декември политичкиот дијалог влезе во конфузна фаза.
Додека портокаловите бараа розови решенија, а сините се надеваа на најцрното сценарио, се отвори ново поле на политички игри. Политичкиот дијалог се издигна на следното ниво, опозициските пратеници се вратија во Собранието, најавија проактивност, жестоката пратеничка реторика повторно стана секојдневие, а владејачката партија ДУИ сè почесто гласно размислува за спорот за името.
Лидерите на поголемите политички партии во земјава одржаа одвоени средби, па сега повеќе нема недостаток на комуникација, но затоа недостасува продуктивност од дијалогот, велат аналитичарите. За нив, ова ќе биде интересна есен, затоа што нерешавањето на прашањата кои создаваат тензии во општеството водат до неколку сценарија од кои едното е заострување на политичката сцена кое ќе доведе до предвремени избори или другата, помалку веројатна можност за есенва, е консултативен референдум за спорот за името.
Од друга страна, клучна улога на политичката сцена есенва ќе одигра и извештајот на Европската комисија, односно новата препорака или недостаток на препорака за одредување на датум за почеток на преговорите со Европската унија.
Според однесувањето на политичката елита, аналитичарот Алберт Муслиу вели дека не гледа дека политичарите се трудат да бидат креативни во изнаоѓање на решенија, туку напротив, тие се креативни само во потрагата по виновникот за случувањата. Тој додава дека Македонија сега се наоѓа во една интересна и конфузна фаза.
„Економските индикатори не се баш сјајни, односите со нашите меѓународни партнери не се баш сјајни. Гледаме една зголемена дипломатска активност и на грчката страна, чија главна цел секако не се преговорите со Македонија за името, тоа секако се рефлектира и на внатрешно-политичката сцена, така што јас не би ја исклучил можноста за жешка есен. Кога велам жешка, не велам за предвремени избори, но секако на зголемена активност и на опозицијата и на владејачките партии“, вели Муслиу.
Политичкиот аналитичар и поранешен кандидат за претседател на опозициската партија СДСМ, Кире Наумов, вели дека владејачката ДУИ навестува дека времето за решавање на спорот за името истекува поради внатрепартискиот притисок. Причината за тоа е ветувањето на ДУИ дека Албанците од Македонија ќе бидат првите на Балканот кои ќе влезат во ЕУ, објаснува Наумов.
„Сведоци сме дека тоа не се случува и мислам дека ДУИ е дојдена до црвената линија, мора да се разреши таа состојба. Едно од решенијата е дека со предвремени избори може да се разреши, владината коалиција да добие некаква друга форма, новата владина коалиција, но мислам дека сосема реална и е можноста од формирање на ново мнозинство во постоечкиот парламентарен состав“, вели Кире Наумов.
Тој смета дека ако ДУИ неколку пати најави дека нови избори нема да донесат промена на власта, тогаш реално може да се размислува дека ќе се формира ново мнозинство од веќе постоечкиот парламентарен состав.
Во изминатиов период ДУИ започна со стегање на обрачот околу спорот за името, а воедно покажа и зголемена дипломатска и медиумска активност. Па тука се наметнува прашањето како сето тоа ќе влијае врз владината коалиција. Наумов вели дека притисокот на ДУИ кон меѓународната сцена можеби е корисен, но тоа нема ништо да смени.
„Јас мислам дека преку тој притисок, реално ДУИ врши поголем притисок на домашната сцена, пред сè на својот партнер, на ВМРО-ДПМНЕ, и врз основа на тоа притисокот што се прави тука е пореално дека може да доведе до побрзо решавање на името“, вели Наумов.
Муслиу смета дека во наредниов период ДУИ од нивната политичка агенда нема да го симне прашањето за решавање на спорот со името, а тоа ќе влијае врз коалициските односи. Тој додава дека најавената активност на опозициската партија СДСМ во подобрување на политичкиот дијалог нема да помогне доколку не наиде на слух од страна на власта.
Во изминатиов период, лидерите на најголемите партии одржаа одвоени средби кои што ја разбрануваа политичката сцена. Зоран Заев му беше на гости на Али Ахмети, Никола Груевски имаше средба во владата со Заев, а неколку месеци порано се сретна и со Мендух Тачи. Но, како што јавува весникот Дневник, Тачи пред две недели ја одбил поканата на Заев за средба. Партиски прегрупирања во следниот период теоретски се можни, вели Муслиу.
„За жал, кај нас како примарна водилка ги гледа своите партиски интереси. Ако тие се совпаднат евентуално и со државните, тогаш и за граѓаните е подобро. Но можни се, штом се можни теоретски, законски, јас не знам зошто практично не би биле можни, затоа ви велам, овој и наредниот месец ќе бидат интересни месеци во смисла на одредување на правецот на движењето на нашата политика“, вели Муслиу.
Тој додава дека предвремени парламентарни избори на есен се нереални, но сè поизвесно е дека тие може да се случат заедно со претседателските на пролет, но тоа зависи од односот на меѓународните партнери и образложението кое политичката елита би го искористила за да го образложи тоа.
Наумов, пак, вели:
„Мислам дека додека ДУИ врз основа на сите нивни досегашни објаснувања дека предвремените избори не носат ништо ново и дека доколку гласаат за предвремени избори тоа значи дека нема да доведе до ништо ново, тука сака да ја конзервира истата ситуација. Колку што се големи шансите за предвремени избори, толку мислам дека се големи шансите дека тие не би се случиле, односно дека може да дојде до прегрупирање, односно ново мнозинство во постоечкиот состав, има шанси ДУИ да се одлучи за такво нешто“, вели Наумов.
Ревизијата на Скопје 2014 ќе ја зголеми тензијата
Од друга страна, во политичката битка масло во огнот долева и проектот Скопје 2014 за кој опозицијата бара од обвинителството да стартува кривичен прогон.
Според познавачите на општествените состојби, проектот придонесува за сè поголеми политички поделби. Аналитичарот Алајдин Демири смета дека покрај контроверзиите кои ги предизвика, една од причините за поделбите е тоа што проектот мина нелегално во Собранието без јавна дебата за неговата најава.
„Скопје 2014 како проект и концептуално беше проект на раздор, проект на инаети и еден проект за кој само ВМРО-ДПМНЕ знаеше што сака. Мислам дека нема да престанат тие препукувања, затоа што и граѓаните и партиите и сите се поделени околу тоа“, вели Демири.
Есенва се очекува и целосна ревизија на проектот, со што дополнително ќе се разгори политичката сцена со обвинувања кои наместо на факти ќе се базираат на партиски ставови, а прашањето ќе биде има или нема криминал во проектот и дали ревизијата е објективна.
Политичката ситуација лоша, економската бетер
Нестабилната политичка ситуација влијае негативно врз економијата. Според последното истражување на Агенцијата за трговија и развој на ОН, Македонија е на дното на листата од земјите во регионов по влез на странски инвестиции. Само што помисливме дека земјава бележи напредок со странските инвестиции со тоа што во првите пет месеци годинава влегле 140 милиони долари, онолку колку што лани имало за цела година, дознавме дека пред нас на листата е Косово со 298 милиони долари, Босна и Херцеговина, како и Црна Гора со инвестиции од по 600 милиони долари, а Албанија со речиси една милијарда додека Хрватска се пофали со влез на странски капитал во вредност од 1,25 милијарди долари. Иако на информативните емисии на телевизија редовно слушаме за најави за инвестиции, за тоа дека над триесет промотори секој ден одат од врата на врата на компаниите низ белиот свет за директно да им објаснат на менаџерите дека земјава е инвестициски рај, а министрите на чело со премиерот неколку пати го обиколија светот, странците повеќе пари вложуваат во нашето соседство отколку во Македонија.
Поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Никола Попоски вели дека не треба да нè зачудува фактот што Македонија е последна во регионот по странски инвестиции, затоа што заедно со Косово и БиХ ги држиме последните места во Европа по многу економски индикатори.
„Како што се нивото на животниот стандард, големината на невработеноста, висината на сиромаштијата итн., ние сме практично заковани на тоа европско дно, и од тој агол логична последица е дека и по странските инвестиции нема да отскокнеме и да бидеме некаде на средината или повисоко. Ние сме една економија која за европски услови е прилично неразвиена, со лоша структура, која не привлекува странски инвестиции, не обезбедува ниту домашни инвестиции и логично е да се наоѓаме таму каде што сме“, вели Поповски.
Тој посочува дека посветеноста на Владата кон странските директни инвестиции на товар на домашните е недоволна, бидејќи се потпира само на пропагандните роуд шоуа и реклами.
„Недоволна е затоа што таа се надева дека со пропагандни роуд шоуа и реклами по Си-Ен-Ен, па дури и во домашните медиуми, ќе ги натера странците да инвестираат. Тие не инвестираат врз основа на реклами, туку врз основа на состојбата во земјата, и тоа не само економската, туку и политичката и перспективата на земјата. Е, тука веќе Македонија стои лошо“, изјави Поповски.
Аналитичарот Висар Адеми вели дека на странските компании им е потребен стабилен систем и институции за да може да инвестираат.
„Треба да има јаки институции, стабилни институции кои нема да се поместат тектонски кога ќе има избори, затоа што секоја сериозна компанија или инвестиција сака да преговара со стабилна институција, а не да се менуваат луѓето како што се политичката структура“, вели Адеми.
И со и без ребаланс - пари нема
Минатата недела вицепремиерот Зоран Ставрески најави дека владата е во финална фаза, пред потпишување договор за инвестирање, со пет странски компании. Премиерот Никола Груевски, неодамна, пак, најави дека до крајот на оваа и во наредната година има можност 15-тина големи компании да инвестираат во Македонија. Груевски изјави дека најавените инвестиции се од различни области, „меѓу кои индустријата на автомобилските делови, информатичките технологии, земјоделството, преработката на земјоделските производи и храна, електроника, градежни материјали и други“.
За најавите за големи инвестиции, професор Сашо Арсов вели дека прво треба да дефинираме што е голема инвестиција за нас, затоа што сведоци сме дека во соседството големите инвестиции од 100 милиони долари на крај и навистина се реализираат, додека во земјава за големи инвестиции се сметаат оние од 2 до 5 милиони евра.
„Постојано гледам дека имаме една мистерија. Цело време се најавуваат големи инвестиции, а никогаш не слушнавме имиња. Ја споменав Србија за пример, тие неколку години зборуваат дека ќе дојде Бенетон и доаѓа, зборуваат дека ќе дојде Етихад во Ер Србија, сега во ЈАТ и доаѓа, како стратешки партнер барем. Ние не слушаме имиња. Постојано се најавува нешто, а не ги гледаме големите инвестиции“, вели Арсов.
На економски план, есенва се очекува и одговор на прашањето дали ќе се прави ребаланс на буџетот, Ставрески најави дека Владата почнала со подготовките за буџетот за следната година, но за ребаланс на актуелниот сè уште нема конечна одлука.
„Веќе ги почнавме подготовките, почнавме со разговори со министерствата, а во исто време ќе се работи и на средорочната рамка, односно на индикативните буџети за 2015 и 2016 година, ќе почекаме да видиме август како ќе помине и тогаш ќе видиме дали има потреба од било какви корекции“, рече министерот Ставрески.
Тој додаде дека најважно е дека во целина реализацијата на Буџетот и на приходите е во рамки на планираното.
За економистите, нема дилема дека има потреба од прекројување на буџетската каса, но прашање е како тоа ќе се направи. Поранешниот пратеник и економист Слободан Најдовски не се согласува со Ставрески дека реализацијата на буџетската каса е во рамки на планираното, затоа што во изминативе години се покажа дека Владата проектира буџет за којшто однапред знае дека нема можност да се реализираат планираните приходи.
„Проектираните приходи не се реализираат, а за сметка на тоа веќе имаме над 80 проценти реализација на проектираниот дефицит за годинава, без разлика што ќе одлучат состојбата со буџетот оваа година не е на завидно ниво, односно е во прилично лоша состојба“, вели Најдовски.
Тој објаснува дека есенва во игра се две сценарија.
„Или како во минатите години владата ќе се одлучи да не направи ребаланс, но воопшто нема да се придржува на законските одредби за реализација на буџетот и свесно ќе го прекрши законот за буџет или ќе направи ребаланс кој според мене во овој момент и да се направи ребаланс сега е доцна за суштински измени во буџетот“, вели Најдовски.
Економистите предупредуваат дека дополнителни проблеми во политиката може да донесе и опцијата „тивко прекројување“ на буџетот со одлука на влада наместо со дебата во Собрание. Според постоечката законска регулатива, Собранието одлучува за прераспределби помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, но Законот за буџет дозволува одредени внатрешни прераспределби на парите со одлука на министерот за финансии или на Влада. Според досегашните политички и економски случувања и во пресрет на европскиот извештај за напредокот на земјава, Македонија ја очекува бурна есен.
Економските индикатори не се баш сјајни, односите со нашите меѓународни партнери не се баш сјајни. Гледаме една зголемена дипломатска активност и на грчката страна, чија главна цел секако не се преговорите со Македонија за името, тоа секако се рефлектира и на внатрешно-политичката сцена, така што јас не би ја исклучил можноста за жешка есен. Кога велам жешка, не велам за предвремени избори, но секако на зголемена активност и на опозицијата и на владејачките партии.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Додека портокаловите бараа розови решенија, а сините се надеваа на најцрното сценарио, се отвори ново поле на политички игри. Политичкиот дијалог се издигна на следното ниво, опозициските пратеници се вратија во Собранието, најавија проактивност, жестоката пратеничка реторика повторно стана секојдневие, а владејачката партија ДУИ сè почесто гласно размислува за спорот за името.
Лидерите на поголемите политички партии во земјава одржаа одвоени средби, па сега повеќе нема недостаток на комуникација, но затоа недостасува продуктивност од дијалогот, велат аналитичарите. За нив, ова ќе биде интересна есен, затоа што нерешавањето на прашањата кои создаваат тензии во општеството водат до неколку сценарија од кои едното е заострување на политичката сцена кое ќе доведе до предвремени избори или другата, помалку веројатна можност за есенва, е консултативен референдум за спорот за името.
Од друга страна, клучна улога на политичката сцена есенва ќе одигра и извештајот на Европската комисија, односно новата препорака или недостаток на препорака за одредување на датум за почеток на преговорите со Европската унија.
Според однесувањето на политичката елита, аналитичарот Алберт Муслиу вели дека не гледа дека политичарите се трудат да бидат креативни во изнаоѓање на решенија, туку напротив, тие се креативни само во потрагата по виновникот за случувањата. Тој додава дека Македонија сега се наоѓа во една интересна и конфузна фаза.
„Економските индикатори не се баш сјајни, односите со нашите меѓународни партнери не се баш сјајни. Гледаме една зголемена дипломатска активност и на грчката страна, чија главна цел секако не се преговорите со Македонија за името, тоа секако се рефлектира и на внатрешно-политичката сцена, така што јас не би ја исклучил можноста за жешка есен. Кога велам жешка, не велам за предвремени избори, но секако на зголемена активност и на опозицијата и на владејачките партии“, вели Муслиу.
Политичкиот аналитичар и поранешен кандидат за претседател на опозициската партија СДСМ, Кире Наумов, вели дека владејачката ДУИ навестува дека времето за решавање на спорот за името истекува поради внатрепартискиот притисок. Причината за тоа е ветувањето на ДУИ дека Албанците од Македонија ќе бидат првите на Балканот кои ќе влезат во ЕУ, објаснува Наумов.
Сведоци сме дека тоа не се случува и мислам дека ДУИ е дојдена до црвената линија, мора да се разреши таа состојба. Едно од решенијата е дека со предвремени избори може да се разреши, владината коалиција да добие некаква друга форма, новата владина коалиција, но мислам дека сосема реална и е можноста од формирање на ново мнозинство во постоечкиот парламентарен состав.Кире Наумов, политички аналитичар.
„Сведоци сме дека тоа не се случува и мислам дека ДУИ е дојдена до црвената линија, мора да се разреши таа состојба. Едно од решенијата е дека со предвремени избори може да се разреши, владината коалиција да добие некаква друга форма, новата владина коалиција, но мислам дека сосема реална и е можноста од формирање на ново мнозинство во постоечкиот парламентарен состав“, вели Кире Наумов.
Тој смета дека ако ДУИ неколку пати најави дека нови избори нема да донесат промена на власта, тогаш реално може да се размислува дека ќе се формира ново мнозинство од веќе постоечкиот парламентарен состав.
Скопје 2014 како проект и концептуално беше проект на раздор, проект на инаети и еден проект за кој само ВМРО-ДПМНЕ знаеше што сака. Мислам дека нема да престанат тие препукувања, затоа што и граѓаните и партиите и сите се поделени околу тоа.Алајдин Демири, универзитетски професор.
Во изминатиов период ДУИ започна со стегање на обрачот околу спорот за името, а воедно покажа и зголемена дипломатска и медиумска активност. Па тука се наметнува прашањето како сето тоа ќе влијае врз владината коалиција. Наумов вели дека притисокот на ДУИ кон меѓународната сцена можеби е корисен, но тоа нема ништо да смени.
„Јас мислам дека преку тој притисок, реално ДУИ врши поголем притисок на домашната сцена, пред сè на својот партнер, на ВМРО-ДПМНЕ, и врз основа на тоа притисокот што се прави тука е пореално дека може да доведе до побрзо решавање на името“, вели Наумов.
Муслиу смета дека во наредниов период ДУИ од нивната политичка агенда нема да го симне прашањето за решавање на спорот со името, а тоа ќе влијае врз коалициските односи. Тој додава дека најавената активност на опозициската партија СДСМ во подобрување на политичкиот дијалог нема да помогне доколку не наиде на слух од страна на власта.
Во изминатиов период, лидерите на најголемите партии одржаа одвоени средби кои што ја разбрануваа политичката сцена. Зоран Заев му беше на гости на Али Ахмети, Никола Груевски имаше средба во владата со Заев, а неколку месеци порано се сретна и со Мендух Тачи. Но, како што јавува весникот Дневник, Тачи пред две недели ја одбил поканата на Заев за средба. Партиски прегрупирања во следниот период теоретски се можни, вели Муслиу.
„За жал, кај нас како примарна водилка ги гледа своите партиски интереси. Ако тие се совпаднат евентуално и со државните, тогаш и за граѓаните е подобро. Но можни се, штом се можни теоретски, законски, јас не знам зошто практично не би биле можни, затоа ви велам, овој и наредниот месец ќе бидат интересни месеци во смисла на одредување на правецот на движењето на нашата политика“, вели Муслиу.
Тој додава дека предвремени парламентарни избори на есен се нереални, но сè поизвесно е дека тие може да се случат заедно со претседателските на пролет, но тоа зависи од односот на меѓународните партнери и образложението кое политичката елита би го искористила за да го образложи тоа.
Наумов, пак, вели:
„Мислам дека додека ДУИ врз основа на сите нивни досегашни објаснувања дека предвремените избори не носат ништо ново и дека доколку гласаат за предвремени избори тоа значи дека нема да доведе до ништо ново, тука сака да ја конзервира истата ситуација. Колку што се големи шансите за предвремени избори, толку мислам дека се големи шансите дека тие не би се случиле, односно дека може да дојде до прегрупирање, односно ново мнозинство во постоечкиот состав, има шанси ДУИ да се одлучи за такво нешто“, вели Наумов.
Ревизијата на Скопје 2014 ќе ја зголеми тензијата
Од друга страна, во политичката битка масло во огнот долева и проектот Скопје 2014 за кој опозицијата бара од обвинителството да стартува кривичен прогон.
Како што се нивото на животниот стандард, големината на невработеноста, висината на сиромаштијата итн., ние сме практично заковани на тоа европско дно, и од тој агол логична последица е дека и по странските инвестиции нема да отскокнеме и да бидеме некаде на средината или повисоко. Ние сме една економија која за европски услови е прилично неразвиена, со лоша структура, која не привлекува странски инвестиции, не обезбедува ниту домашни инвестиции и логично е да се наоѓаме таму каде што сме.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Според познавачите на општествените состојби, проектот придонесува за сè поголеми политички поделби. Аналитичарот Алајдин Демири смета дека покрај контроверзиите кои ги предизвика, една од причините за поделбите е тоа што проектот мина нелегално во Собранието без јавна дебата за неговата најава.
„Скопје 2014 како проект и концептуално беше проект на раздор, проект на инаети и еден проект за кој само ВМРО-ДПМНЕ знаеше што сака. Мислам дека нема да престанат тие препукувања, затоа што и граѓаните и партиите и сите се поделени околу тоа“, вели Демири.
Есенва се очекува и целосна ревизија на проектот, со што дополнително ќе се разгори политичката сцена со обвинувања кои наместо на факти ќе се базираат на партиски ставови, а прашањето ќе биде има или нема криминал во проектот и дали ревизијата е објективна.
Политичката ситуација лоша, економската бетер
Треба да има јаки институции, стабилни институции кои нема да се поместат тектонски кога ќе има избори, затоа што секоја сериозна компанија или инвестиција сака да преговара со стабилна институција, а не да се менуваат луѓето како што се политичката структура.Висар Адеми, политички аналитичар.
Постојано гледам дека имаме една мистерија. Цело време се најавуваат големи инвестиции, а никогаш не слушнавме имиња. Ја споменав Србија за пример, тие неколку години зборуваат дека ќе дојде Бенетон и доаѓа, зборуваат дека ќе дојде Етихад во Ер Србија, сега во ЈАТ и доаѓа, како стратешки партнер барем. Ние не слушаме имиња. Постојано се најавува нешто, а не ги гледаме големите инвестиции.Сашо Арсов, универзитетски професор.
„Како што се нивото на животниот стандард, големината на невработеноста, висината на сиромаштијата итн., ние сме практично заковани на тоа европско дно, и од тој агол логична последица е дека и по странските инвестиции нема да отскокнеме и да бидеме некаде на средината или повисоко. Ние сме една економија која за европски услови е прилично неразвиена, со лоша структура, која не привлекува странски инвестиции, не обезбедува ниту домашни инвестиции и логично е да се наоѓаме таму каде што сме“, вели Поповски.
Тој посочува дека посветеноста на Владата кон странските директни инвестиции на товар на домашните е недоволна, бидејќи се потпира само на пропагандните роуд шоуа и реклами.
„Недоволна е затоа што таа се надева дека со пропагандни роуд шоуа и реклами по Си-Ен-Ен, па дури и во домашните медиуми, ќе ги натера странците да инвестираат. Тие не инвестираат врз основа на реклами, туку врз основа на состојбата во земјата, и тоа не само економската, туку и политичката и перспективата на земјата. Е, тука веќе Македонија стои лошо“, изјави Поповски.
Веќе ги почнавме подготовките, почнавме со разговори со министерствата, а во исто време ќе се работи и на средорочната рамка, односно на индикативните буџети за 2015 и 2016 година, ќе почекаме да видиме август како ќе помине и тогаш ќе видиме дали има потреба од било какви корекции.Зоран Ставрески, министер за финансии.
Аналитичарот Висар Адеми вели дека на странските компании им е потребен стабилен систем и институции за да може да инвестираат.
„Треба да има јаки институции, стабилни институции кои нема да се поместат тектонски кога ќе има избори, затоа што секоја сериозна компанија или инвестиција сака да преговара со стабилна институција, а не да се менуваат луѓето како што се политичката структура“, вели Адеми.
И со и без ребаланс - пари нема
Или како во минатите години владата ќе се одлучи да не направи ребаланс, но воопшто нема да се придржува на законските одредби за реализација на буџетот и свесно ќе го прекрши законот за буџет или ќе направи ребаланс кој според мене во овој момент и да се направи ребаланс сега е доцна за суштински измени во буџетот.Слободан Најдовски, поранешен пратеник.