Според економските експерти нестабилната политичка ситуација, но и повеќето показатели за ниското ниво на економската развиеност во земјава се клучните фактори зошто Македонија е на последното место по странските инвестиции во 2012 година од земјите во регионот.
Ние сме една економија која за европски услови е прилично неразвиена, со лоша структура која не привлекува странски инвестиции, не обезбедува ниту домашни, па логично е да се наоѓаме таму каде што сме, вели универзитетскиот професор Никола Поповски. За разлика од другите земји кои повеќе се фокусираат на домашните приватни инвестиции, наместо за странските и јавните, македонската Влада го прави спротивното, објаснува Поповски.
„Таа пред сè се потпира на можноста да привлече странски директни инвестиции и да направи некаков пресврт ако е тоа можно со домашните јавни инвестиции, но недостасуваат клучните инвестиции, тоа се приватните инвестиции. Се додека Владата се труди преку второ и третостепените инвестиции да ја развие економијата тоа ќе биде тешко“, вели Поповски.
Потреби се стабилни институции, владеење на правото и почитување на законите за да има фер игра за сите кои сакаат да инвестираат на македонскиот пазар, посочува економскиот аналитичар Висар Адеми, за кого податокот дека Македонија е последна од земјите во регионот по привлекување странски инвестиции не е изненадувачки.
„Овие странски компании кога доаѓаат тука сакаат да имаат плодна земја и добар стадион за фер игра. Ако видат дека Владата преку свои компании тоа го користи, секоја друга компанија нормално дека би сакала да не е дел од таа економија. Мислам дека целата оваа инфраструктура градена за привлекување странски директни инвестиции сепак е параван да се вработат млади луѓе, а не за да донесе суштинска промена за привлекување странски инвестиции“, вели Адеми.
Професор Поповски вели дека посветеноста на Владата кон странските директни инвестиции на товар на домашните е недоволна бидејќи се потпира само на пропагандните роуд шоуа и реклами.
„Недоволна е затоа што таа се надева дека со пропагандни роуд шоуа и реклами по Си-ен-ен па дури и во домашните медиуми ќе ги натера странците да инвестираат. Тие не инвестираат врз основа на реклами, туку врз основа на состојбата во земјата и тоа не само економската туку и политичката и перспективата на земјата. Е, тука веќе Македонија стои лошо“, изјави Попоски.
И Адеми се согласува дека владините кампањи за привлекување на странски инвестиции како и познатите роуд шоуа не се најдобриот начин да се донесат големи инвеститори дома и оти е потребно менување на владината стратегија.
„Не мислам дека со кампањи се носат странски инвестиции. Секоја сериозна влада знае дека привлекувањето странски инвестиции не е реклама на СИ-ЕН ЕН или на БИ-БИ-СИ или на било кој друг странски медиум. За жал во Македонија само сме оставени на празните зборови од рекламите во тие медиуми, мислам дека суштината е дека имаме нестабилни институции, правната држава не функционира или функционира според волјата на партијата на власт и дека државата нема исти правила за сите компании“, изјави Адеми.
Инаку извештајот на Конференцијата на ОН покажува дека Македонија е на последно место по странски директни инвестиции во 2012 година од земјите во регионот. Тука минатата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска. За разлика од лани, годинава ситуацијата е подобра. Податоците на Народната банка покажуваат дека во првите пет месеци од годинава во земјава влегле 105,4 милиони евра, скоро исто колку во целата 2012 година.
Таа пред сè се потпира на можноста да привлече странски директни инвестиции и да направи некаков пресврт ако е тоа можно со домашните јавни инвестиции, но недостасуваат клучните инвестиции, тоа се приватните инвестиции. Се додека Владата се труди преку второ и третостепените инвестиции да ја развие економијата тоа ќе биде тешко.Никола Поповски, универзитетски професор.
Ние сме една економија која за европски услови е прилично неразвиена, со лоша структура која не привлекува странски инвестиции, не обезбедува ниту домашни, па логично е да се наоѓаме таму каде што сме, вели универзитетскиот професор Никола Поповски. За разлика од другите земји кои повеќе се фокусираат на домашните приватни инвестиции, наместо за странските и јавните, македонската Влада го прави спротивното, објаснува Поповски.
„Таа пред сè се потпира на можноста да привлече странски директни инвестиции и да направи некаков пресврт ако е тоа можно со домашните јавни инвестиции, но недостасуваат клучните инвестиции, тоа се приватните инвестиции. Се додека Владата се труди преку второ и третостепените инвестиции да ја развие економијата тоа ќе биде тешко“, вели Поповски.
Овие странски компании кога доаѓаат тука сакаат да имаат плодна земја и добар стадион за фер игра. Ако видат дека Владата преку свои компании тоа го користи, секоја друга компанија нормално дека би сакала да не е дел од таа економија. Мислам дека целата оваа инфраструктура градена за привлекување странски директни инвестиции сепак е параван да се вработат млади луѓе, а не за да донесе суштинска промена за привлекување странски инвестиции.Висар Адеми, економски аналитичар.