Достапни линкови

Ребалансот на буџетот неизбежен


Собраниска комисија за финансирање и буџет. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Собраниска комисија за финансирање и буџет. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Владата ако не сака не мора да прави ребелан, но ќе биде приморана, оти до сега проектираните приходи не се реализираат, коментираат од опозицијата и експертите.

Владата ќе биде приморана да направи ребаланс на буџетот во септември, доколку продолжи со реализацијата на приходите како во изминатите седум месеци од годината, велат од опозицијата и експертите. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека во зависност од тоа како ќе помине август ќе видат дали ќе има корекции на буџетот. Но, според него, реализацијата на буџетот и на приходите е во рамки на планираното.
Уште на самиот почеток на летото ребалансот беше реална опција. Владата тогаш рече-не, а сега наводно прашање е како ќе бидат остварувањата во август. Јас мислам дека тоа е најава дека владата се премислува да прави ребаланс, односно се премислува како да признае дека тоа е потребно, а дека треба, знае, подобро од опозицијата и сите.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов вели дека владата ако не сака не мора да направи ребаланс на буџетот, но прашање е тогаш дали ќе може да ја оствари зацртаната политика.

„Уште на самиот почеток на летото ребалансот беше реална опција. Владата тогаш рече-не, а сега наводно прашање е како ќе бидат остварувањата во август. Јас мислам дека тоа е најава дека владата се премислува да прави ребаланс, односно се премислува како да признае дека тоа е потребно, а дека треба, знае, подобро од опозицијата и сите.“

Според економскиот аналитичар Слободан Најдовски изјавата на Ставрески е контрадикторна и владата секогаш проектира буџет за кој однапред се знае дека нема да може да ги реализира проектираните приходи.
Очигледно е во првите седум месеци според извештаите на самото министерство дека проектираните приходи не се реализираат, а за сметка на тоа веќе има над 80 проценти реализација на проектираниот дефицит за годинава. Значи без разлика што ќе одлучат состојбата со буџетот за оваа година не е на завидно ниво, односно е во лоша состојба.
Слободан Најдовски, економски аналитичар.

„Очигледно е во првите седум месеци според извештаите на самото министерство дека проектираните приходи не се реализираат, а за сметка на тоа веќе има над 80 проценти реализација на проектираниот дефицит за годинава. Значи без разлика што ќе одлучат состојбата со буџетот за оваа година не е на завидно ниво, односно е во лоша состојба.“

Според Узунов не е проблемот во тоа какви ќе бидат резултатите во август, бидејќи во овој месец има прилив од странство.

„Тоа ја покренува малку економијата. Во летниот период секогаш третиот квартал е поуспешен од останатите поради дознаките од странство. Прашање е што ќе правиме од септември натаму?“

Најдовски вели дека владата со ребалансот само ќе направи прилагодување на постоечката состојба на буџетот.

„Значи и да направи ребаланс сега е доцна за суштински измени во буџетот, но на тоа ќе бидат приморени доколку се продолжи реализацијата на приходите како во првите седум месеци од годинава.“

Според податоците на Министерството за финансии во првата половина од годинава државата направила дефицит од 225 милиони евра, што е над 78 отсто од предвидениот од 288 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG