Падот на бруто домашниот производ во првите два квартали годинава ја официјализираше рецесијата и фрли сенка на владините најави за економски раст на годишно ниво од над 4 проценти. Уште пред објавувањето на официјалните податоци од Државниот завод за статистика, дел од бизнисмените велеа дека земјава веќе е во рецесија, додавајќи дека треба само некој да објави.
Стопанствениците се согласни дека рецесијата негативно ќе се одрази врз економската активност во Македонија. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека стопанството ќе трпи последици.
„Да не речам катастрофални последици, бидејќи се очекува понатамошно намалување на индустриското производство, се очекува отпуштање од работа на поголем број работници, како што е најавено и во градежниот сектор.“
Излезот, според Гуштеров, е во порационална владина политика и кратење на ирационалните трошоци. Во врска со тврдењата дека Македонија е во рецесија поради Европа, тој посочува дека дел од европските земји полесно ќе се извлечат од криза, додека други веќе се опоравуваат.
„Македонија е ориентирана кон ЕУ, секако ако во ЕУ има намален раст и повлекувањето на стоки од Македонија ќе биде во застој и тоа ќе го удри нашето стопанство онаму каде што најмногу ќе почувствува. Ние треба нашето индустриско производство да го насочиме да не зависи од еден пазар, во случајов ЕУ, туку се повеќе и повеќе треба да се ориентираме и кон американскиот пазар и кон далечниот Исток.“
Градежништвото најмногу на удар
Бизнисменот Зоре Темелковски се согласува дека градежништвото најмногу ќе ги почувствува ефектите од рецесијата.
„Имам сознанија дека во моментот во Македонија има вишок на станови и тоа на околу 5.000, а тоа значи дека повлекува голема хипотекарна задолженост кај банките, а тоа веќе се вклопува во едно равенство економско на светската хипотекарна криза. Тоа може да биде една голема наша несмасност, што не ја предвидовме и сами влеговме во хипотекарна криза.“
Неколку пати посочив дека рецесијата доаѓа, вели Темелковски.
„Ние сега се наоѓаме на дното и треба да почнеме да се качуваме нагоре, а за да се качуваме нагоре треба нов производ, нова визија, нови пазари.“
Од Стопанската комора на Македонија предлагаат државата со обврзници да го гарантира враќањето на Данокот на додадена вредност преку комерцијалните банки. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека организацијата има подготвено и прашања за чие решение ќе се разговара со владата.
„Се разговара за некои мерки, што вие во јавноста ги имате веќе слушнато, меѓутоа тие се анализираат, се споредуваат со други земји итн. Се работи за иницијативата за преземање на обврските по основ на враќање на ДДВ-то од страна на банките, за издавањето на некаква обврзница што ќе го ублажи тој проблем.“
Земјоделството ќе куртули благодарение на субвенциите
Претставниците на бизнис заедницата велат дека рецесијата нема значајно да го потресе земјоделството, туку градежништвото.
„Само земјоделството ќе биде одминато од таа рецесија, се другото е сврзано“, изјави Зоре Темелковски.
Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци вели дека секако ќе има проблеми, но се надева на владина помош за земјоделците.
„Идната година и наредните 2-3 години, според се она што е договорено со Владата, треба ние да добиеме уште 300 милиони евра за на има на субвенции и средства за развој на селските средини, така да се надеваме дека нема да бидеме до толку засегнати од рецесијата.“
Негативни ефекти би можеле да се почувствуваат во производството, вели Тантаров.
„На неколку култури, затоа што знаеме дека ќе нема пласман. Најмногу би го погодило лозарството, понатаму овчарството со извозот на јагне, јагнешко месо, оризот, тутунот и ред друго култури за кои досега имавме добри пазари во Европа и надвор од Европа.“
СДСМ - Земјата влегува во рецесија секогаш кога ВМРО–ДПМНЕ е на власт
Владата веќе најави дополнителни мерки за стопанството, тврдејќи дека рецесијата била очекувана. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека најважно е да се подобри ликвидноста на стопанството, да се заштитат работниците и личните примања на граѓаните.
„Владата навреме презеде мерки, со кои интервениравме во неколку области, пред се со ребалансот кој што го направивме во мај и јуни, го прилагодивме буџетот на ситуацијата што ја имавме во реалниот сектор од економијата во првите 5-6 месеци и притоа ги задржавме капиталните инвестиции на високо ниво со цел преку нив да влијаеме во насока на поддршка во стопанството.“
Опозицијата процени дека земјава влегува во рецесија секогаш кога ВМРО–ДПМНЕ е на власт.
„И Европската унија и еврозоната не се во рецесија, бидејќи немаат две последователни тримесечја со економски пад. Тие имаат пад само во второто тримесечје од годинава и падот им е многу помал од македонскиот. Падот на еврозоната е речиси два пати, а падот на Европската унија е три пати помал од падот на македонската економија“, изјави потпретседателот на опозициската СДСМ Зоран Јовановски.
Во контекст на ликвидноста на македонското стопанство, вреди да се спомене дека расте бројот на фирми со блокирани сметки. Народната банка проценува дека над 30 илјади фирми во земјава се со блокирани сметки, што според процените во медиумите, претставува половина од стопанските субјекти во Македонија. За потсетување, зголемувањето на ликвидноста на компаниите претставува еден од начините за справување со рецесијата.
На граѓаните не им е битно дали рецесијата е „наша“ или „увезена“
Во јавноста се создава дебата околу тоа дали Македонија ја „увезе“ рецесијата од Европската унија или падот на стопанската активност се случи поради неликвидноста на македонските компании? Дел од аналитичарите се согласуваат дека и двата фактори имале свое влијание. Сепак, се поставува прашањето колку тоа им е битно на граѓаните. Васко Лазаревски од „Аман“, организацијата која ги иницира протестите против поскапувањата, вели дека за граѓаните не е битно од каде е рецесијата.
„Единствено што граѓаните ги засега и интересира е тоа што се помалку има слободни работни места, што се помалку има пари во џебовите на граѓаните со кои би можеле да ги платат сметките и да преживеат од месец до месец, така да воопшто не мислам дека е битно дали е увезена или си е наша.“
Од друга страна, граѓаните се помалку покажуваат волја да кажат нешто околу сево ова, вели Лазаревски.
„Најтешка работа која ќе ја зафати Македонија освен рецесијата е и апатијата кај народот, кој не гледа никаде излез од оваа состојба. Ако владејачките структури не гледаат дека некој се противи на нивното владеење, тие ќе продолжат со истиот начин на функционирање, што значи дека се помалку ќе обрнуваат внимание на социјалните проблеми, а кога веќе еднаш не ќе можат да се справат со социјалните проблеми, ни ги наметнуваат националните проблеми и националистичките решенија на тие проблеми.“
Се поставува прашањето дали прогласената рецесија ќе се претвори во оправдување за отпуштање на работници? Одговара синдикалниот експерт Драге Јовановски.
„Апсолутно и ќе го искористат тоа. Меѓутоа ако погледнете во нивните салда и буџети и во нивната добивка, ќе видите дека добивката се зголемува, а работниците се отпуштаат. Кога нема регулатива од страна на државата, најмала плата во сегашни услови да биде 400 евра, а 8.000 денари тоа е катастрофално утврдена најниска плата.“
Во ваква ситуација нема солидни механизми со кои ќе се заштитат работниците, вели Јовановски.
„Од аспект на синдикатот очигледно е дека не се преземаат конкретни мерки и активности во поглед на штрајкови, на заштита, протести, но вистински, не симулирани. Знаете овие денови протестираат да речам многу без врска здруженија и кога ќе ги прашате што барате, тие не знаат што бараат. Но да се протестира за работи кои биле пред 20 години, 100 години. Сега замислете јас да протестирам против Даме Груев или Питу Гули зошто во 1903 не направиле држава.“
Вреди да се спомене дека на протестите против актуелните поскапувања, посебно на енергенсите, се јавија и контра протести и тоа против некогашната приватизација.
Рецесијата долева масло на оганот што го разгоре политичката криза
Официјалниот податок кој покажа дека македонската економија западна во рецесија се објави во услови на заострена политичка реторика и политичка криза во владејачката криза. Од тука се поставуваат неколку прашања, примарно за способноста на власта да се справи со падот на Бруто домашниот производ. На оваа тема разговаравме со политикологот Соња Стојадиновиќ.
РСЕ: Во услови на политичка криза со каква се соочува владејачката коалиција, дали власта може да за се справи со рецесијата?
Ако се земе предвид дека сме во очи локални избори и дека за жал македонскиот народ има кратко памтење, треба да се потсетиме дека секогаш на година дена пред избори без разлика дали се локални или парламентарни ги имаме истите политички манипулации на создавање на вештачка политичка криза и вештачки политики тензии само за да се потсети гласачкото тело за кого треба да гласа и да се подигнат на некој начин „акциите“ на владејачката партија за да остане таа на власт. Оваа рецесија во која сега западнавме, што јас би ја нарекла авто-рецесија , бидејќи сами си ја создадовме, мислам дека владејачката партија не може да се справи и дека е само еден следен политички проблем и таа го создава за тој следниот кој ќе дојде на власт.
РСЕ: Споменавте авто-рецесија. Дали ако ова е создадено од незнаење или од неспособност или доколку е создадено поради лошо менаџирање, кои се ризиците по рејтингот на една политичка партија , како и по економијата?
Јас мислам дека оваа е создадено и намерно и поради лошо менаџирање, бидејќи во последните 2 години можевме да видиме дека на секои 4 месеци имавме ребаланс на буџетот, којшто предвидуваше некој утопистички раст на економијата, а економијата од друга страна немаше инвестиции од самиот буџет, од самата власт. И сега ние живееме на некој начин не кредит, парите што ги трошиме ги немаме, ги земаме на кредит,како прво, а второ имаме огромен прилив од дијаспората. Значи тоа се пари кои не ги создаваме ние и не ги создава македонската економија, туку се пари дојдени од надвор. Ако не можеме сами да ја зајакнеме економијата, тогаш тоа е буквално пукање во нога.
РСЕ: Дали би било погрешно да се заклучи дека сега народот ја плаќа скапата популистичка кампања на власта?
Не е погрешно и тоа сега допрва почнува да ја плаќа, а ќе ја плаќа и понатаму.
Вреди да се спомене дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе, за време на посетата на Македонија, потсети на важноста на добрите економски политики.
„Ова е прашање број еден за граѓаните на Вашата земја, независно од етничката припадност. Подобрувањата на образованието, обуките, бизнис средината и економските политики се витални.“
Инаку, според официјални проценки во второто тримесечје од годинава е забележан најголем пад во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија и тоа од 6.9 отсто. Падот во градежништвото се проценува на 5.1 проценти според податоците на Државниот завод за статистика. Рецесијата подразбира две последователни тримесечија на негативен раст на Бртуто домашниот производ. Во второто тримесечие годинава стапката на раст на Бруто домашниот производ изнесува -0,9 проценти, што следи по негативната стапка од 1,4 отсто во првиот квартал.
Македонија е ориентирана кон ЕУ, секако ако во ЕУ има намален раст и повлекувањето на стоки од Македонија ќе биде во застој и тоа ќе го удри нашето стопанство онаму каде што најмногу ќе почувствува. Ние треба нашето индустриско производство да го насочиме да не зависи од еден пазар, во случајов ЕУ, туку се повеќе и повеќе треба да се ориентираме и кон американскиот пазар и кон далечниот Исток.Ристо Гуштеров, бизнисмен.
Стопанствениците се согласни дека рецесијата негативно ќе се одрази врз економската активност во Македонија. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека стопанството ќе трпи последици.
„Да не речам катастрофални последици, бидејќи се очекува понатамошно намалување на индустриското производство, се очекува отпуштање од работа на поголем број работници, како што е најавено и во градежниот сектор.“
Излезот, според Гуштеров, е во порационална владина политика и кратење на ирационалните трошоци. Во врска со тврдењата дека Македонија е во рецесија поради Европа, тој посочува дека дел од европските земји полесно ќе се извлечат од криза, додека други веќе се опоравуваат.
Имам сознанија дека во моментот во Македонија има вишок на станови и тоа на околу 5000, а тоа значи дека повлекува голема хипотекарна задолженост кај банките, а тоа веќе се вклопува во едно равенство економско на светската хипотекарна криза. Тоа може да биде една голема наша несмасност, што не ја предвидовме и сами влеговме во хипотекарна криза.Зоре Темелковски, бизнисмен.
„Македонија е ориентирана кон ЕУ, секако ако во ЕУ има намален раст и повлекувањето на стоки од Македонија ќе биде во застој и тоа ќе го удри нашето стопанство онаму каде што најмногу ќе почувствува. Ние треба нашето индустриско производство да го насочиме да не зависи од еден пазар, во случајов ЕУ, туку се повеќе и повеќе треба да се ориентираме и кон американскиот пазар и кон далечниот Исток.“
Градежништвото најмногу на удар
Бизнисменот Зоре Темелковски се согласува дека градежништвото најмногу ќе ги почувствува ефектите од рецесијата.
„Имам сознанија дека во моментот во Македонија има вишок на станови и тоа на околу 5.000, а тоа значи дека повлекува голема хипотекарна задолженост кај банките, а тоа веќе се вклопува во едно равенство економско на светската хипотекарна криза. Тоа може да биде една голема наша несмасност, што не ја предвидовме и сами влеговме во хипотекарна криза.“
Неколку пати посочив дека рецесијата доаѓа, вели Темелковски.
„Ние сега се наоѓаме на дното и треба да почнеме да се качуваме нагоре, а за да се качуваме нагоре треба нов производ, нова визија, нови пазари.“
Се разговара за некои мерки, што вие во јавноста ги имате веќе слушнато, меѓутоа тие се анализираат, се споредуваат со други земји итн. Се работи за иницијативата за преземање на обврските по основ на враќање на ДДВ-то од страна на банките, за издавањето на некаква обврзница што ќе го ублажи тој проблем.Бранко Азески, Стопанската комора на Македонија.
Од Стопанската комора на Македонија предлагаат државата со обврзници да го гарантира враќањето на Данокот на додадена вредност преку комерцијалните банки. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека организацијата има подготвено и прашања за чие решение ќе се разговара со владата.
„Се разговара за некои мерки, што вие во јавноста ги имате веќе слушнато, меѓутоа тие се анализираат, се споредуваат со други земји итн. Се работи за иницијативата за преземање на обврските по основ на враќање на ДДВ-то од страна на банките, за издавањето на некаква обврзница што ќе го ублажи тој проблем.“
Земјоделството ќе куртули благодарение на субвенциите
Идната година и наредните 2-3 години, според се она што е договорено со Владата, треба ние да добиеме уште 300 милиони евра за на има на субвенции и средства за развој на селските средини, така да се надеваме дека нема да бидеме до толку засегнати од рецесијата.Вељо Тантаров, Сојузот на земјоделци.
Претставниците на бизнис заедницата велат дека рецесијата нема значајно да го потресе земјоделството, туку градежништвото.
„Само земјоделството ќе биде одминато од таа рецесија, се другото е сврзано“, изјави Зоре Темелковски.
Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци вели дека секако ќе има проблеми, но се надева на владина помош за земјоделците.
„Идната година и наредните 2-3 години, според се она што е договорено со Владата, треба ние да добиеме уште 300 милиони евра за на има на субвенции и средства за развој на селските средини, така да се надеваме дека нема да бидеме до толку засегнати од рецесијата.“
Негативни ефекти би можеле да се почувствуваат во производството, вели Тантаров.
Владата навреме презеде мерки, со кои интервениравме во неколку области, пред се со ребалансот кој што го направивме во мај и јуни, го прилагодивме буџетот на ситуацијата што ја имавме во реалниот сектор од економијата во првите 5-6 месеци и притоа ги задржавме капиталните инвестиции на високо ниво со цел преку нив да влијаеме во насока на поддршка во стопанството.Зоран Ставрески, Министер за финансии.
„На неколку култури, затоа што знаеме дека ќе нема пласман. Најмногу би го погодило лозарството, понатаму овчарството со извозот на јагне, јагнешко месо, оризот, тутунот и ред друго култури за кои досега имавме добри пазари во Европа и надвор од Европа.“
СДСМ - Земјата влегува во рецесија секогаш кога ВМРО–ДПМНЕ е на власт
Владата веќе најави дополнителни мерки за стопанството, тврдејќи дека рецесијата била очекувана. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека најважно е да се подобри ликвидноста на стопанството, да се заштитат работниците и личните примања на граѓаните.
„Владата навреме презеде мерки, со кои интервениравме во неколку области, пред се со ребалансот кој што го направивме во мај и јуни, го прилагодивме буџетот на ситуацијата што ја имавме во реалниот сектор од економијата во првите 5-6 месеци и притоа ги задржавме капиталните инвестиции на високо ниво со цел преку нив да влијаеме во насока на поддршка во стопанството.“
Опозицијата процени дека земјава влегува во рецесија секогаш кога ВМРО–ДПМНЕ е на власт.
И Европската унија и еврозоната не се во рецесија, бидејќи немаат две последователни тримесечја со економски пад. Тие имаат пад само во второто тримесечје од годинава и падот им е многу помал од македонскиот. Падот на еврозоната е речиси два пати, а падот на Европската унија е три пати помал од падот на македонската економија.Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
„И Европската унија и еврозоната не се во рецесија, бидејќи немаат две последователни тримесечја со економски пад. Тие имаат пад само во второто тримесечје од годинава и падот им е многу помал од македонскиот. Падот на еврозоната е речиси два пати, а падот на Европската унија е три пати помал од падот на македонската економија“, изјави потпретседателот на опозициската СДСМ Зоран Јовановски.
Во контекст на ликвидноста на македонското стопанство, вреди да се спомене дека расте бројот на фирми со блокирани сметки. Народната банка проценува дека над 30 илјади фирми во земјава се со блокирани сметки, што според процените во медиумите, претставува половина од стопанските субјекти во Македонија. За потсетување, зголемувањето на ликвидноста на компаниите претставува еден од начините за справување со рецесијата.
На граѓаните не им е битно дали рецесијата е „наша“ или „увезена“
Најтешка работа која ќе ја зафати Македонија освен рецесијата е и апатијата кај народот, кој не гледа никаде излез од оваа состојба. Ако владејачките структури не гледаат дека некој се противи на нивното владеење, тие ќе продолжат со истиот начин на функционирање, што значи дека се помалку ќе обрнуваат внимание на социјалните проблеми, а кога веќе еднаш не ќе можат да се справат со социјалните проблеми, ни ги наметнуваат националните проблеми и националистичките решенија на тие проблеми.Васко Лазаревски, „Аман“.
Во јавноста се создава дебата околу тоа дали Македонија ја „увезе“ рецесијата од Европската унија или падот на стопанската активност се случи поради неликвидноста на македонските компании? Дел од аналитичарите се согласуваат дека и двата фактори имале свое влијание. Сепак, се поставува прашањето колку тоа им е битно на граѓаните. Васко Лазаревски од „Аман“, организацијата која ги иницира протестите против поскапувањата, вели дека за граѓаните не е битно од каде е рецесијата.
„Единствено што граѓаните ги засега и интересира е тоа што се помалку има слободни работни места, што се помалку има пари во џебовите на граѓаните со кои би можеле да ги платат сметките и да преживеат од месец до месец, така да воопшто не мислам дека е битно дали е увезена или си е наша.“
Од друга страна, граѓаните се помалку покажуваат волја да кажат нешто околу сево ова, вели Лазаревски.
„Најтешка работа која ќе ја зафати Македонија освен рецесијата е и апатијата кај народот, кој не гледа никаде излез од оваа состојба. Ако владејачките структури не гледаат дека некој се противи на нивното владеење, тие ќе продолжат со истиот начин на функционирање, што значи дека се помалку ќе обрнуваат внимание на социјалните проблеми, а кога веќе еднаш не ќе можат да се справат со социјалните проблеми, ни ги наметнуваат националните проблеми и националистичките решенија на тие проблеми.“
Од аспект на синдикатот очигледно е дека не се преземаат конкретни мерки и активности во поглед на штрајкови, на заштита, протести, но вистински, не симулирани. Знаете овие денови протестираат да речам многу без врска здруженија и кога ќе ги прашате што барате, тие не знаат што бараат. Но да се протестира за работи кои биле пред 20 години, 100 години. Сега замислете јас да протестирам против Даме Груев или Питу Гули зошто во 1903 не направиле држава.Драге Јовановски, експерт по трудово право.
„Апсолутно и ќе го искористат тоа. Меѓутоа ако погледнете во нивните салда и буџети и во нивната добивка, ќе видите дека добивката се зголемува, а работниците се отпуштаат. Кога нема регулатива од страна на државата, најмала плата во сегашни услови да биде 400 евра, а 8.000 денари тоа е катастрофално утврдена најниска плата.“
Во ваква ситуација нема солидни механизми со кои ќе се заштитат работниците, вели Јовановски.
„Од аспект на синдикатот очигледно е дека не се преземаат конкретни мерки и активности во поглед на штрајкови, на заштита, протести, но вистински, не симулирани. Знаете овие денови протестираат да речам многу без врска здруженија и кога ќе ги прашате што барате, тие не знаат што бараат. Но да се протестира за работи кои биле пред 20 години, 100 години. Сега замислете јас да протестирам против Даме Груев или Питу Гули зошто во 1903 не направиле држава.“
Вреди да се спомене дека на протестите против актуелните поскапувања, посебно на енергенсите, се јавија и контра протести и тоа против некогашната приватизација.
Ако се земе предвид дека сме во очи локални избори и дека за жал македонскиот народ има кратко памтење, треба да се потсетиме дека секогаш на година дена пред избори без разлика дали се локални или парламентарни ги имаме истите политички манипулации на создавање на вештачка политичка криза и вештачки политики тензии само за да се потсети гласачкото тело за кого треба да гласа и да се подигнат на некој начин „акциите “ на владејачката партија за да остане таа на власт.Соња Стојадиновиќ., политиколог.